Сите голови со глава на Меси во кариерата - 27 на број

Во Интер Мајами очекувано проработе стариот добар тандем Меси-Суарез, двајцата верни семејни пријатели кои уште од времето на Барселона ги малтретираа голманите. Сега во дресот на американскиот тим како ветерани ги учат другите фудбал. Во 3. коло од американскиот МЛС, Интер Мајами со 5-0 го совлада Орландо. Меси даде два гола и стигна до бројката од 500 голови во првенствен лигашки фудбал.

Лионел Меси има 500 гола во првенствата: 474 во Ла Лига, 22 во француска Лига 1 и 4 во МЛС. На клупско ниво во сите натпреварувања постигнал 718 погодоци а вкупно во цела кариера 824. 27 му се со глава.

Меси и Суарез како двојни стрелци

 

3 март 2024 - 09:14