Offside

Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен одигра 1-1 на реваншот со Баерн во Минхен, ја одбрани победата од првиот дуел во Париз и се пласираше во големото финале на Лига на шампиони каде ги чека Арсенал.

Нејмар се израдува на првиот гол во Саудиска Арабија

Бразилската ѕвезда стрелаше на петтиот негов настап за Ал Хилал против иранскиот клуб Насаџи во азиската ЛШ. Славеа 3:0, резултатот го отвори Митровиќ, а предноста ја зголеми Нејмар кој одлично ја заврши полуконтрата.

Сите утки на Лаутаро Мартинез против Бенфика

Аргентинецот е таков тип на играч што или ќе даде четири гола на гостински терен како минатата недела против Салернитана во Серија А, ама знае и да се изнапромаши до крајност, како на Светско 2022 и во дресот на Интер. Синоќа против Бенфика нераѕурите корнеа живци со него. Младиот 22-годишен украински голман Анатолиј Трубин му одбрани буквално сè што шутна.

Херојска одбрана на Улрајх во Копенхаген во 95-та минута

Многу трилер завршници имаше ноќеска во Лига на шампиони, како и многу изненадувачки резултати. Копенхаген на пример водеше 1:0 над Баерн Минхен, кој потоа се врати и го сврте мечот. Ама погледнете што се случувало во 95-та минута. Кнедли им застанале на германските навивачи.

А го видовте ли корнерот на Брага од кој падна еврогол?

Најголемото изненадување во 2. коло од ЛШ го приреди Брага кој го освои Берлин после негатива од 2:0. Погледнете ги каков паметен корнер изведоа Португалците и изгледајте го видеото до крај за да видите каде заврши ударот од камерата која снима зад гол. Ова мора да го вежбале на тренинг. 

Страшен проектил на Валверде кој го замолкна Неапол

Елиф Елмас влезе во 70-та минута, но не успеа да му помогне на Наполи против моќниот Реал Мадрид кој ја доби големата и жестока битка со 2:3. Ноќ на изненадувања во 2. коло од ЛШ. Галатасарај славеше на Олд Трафорд, Ленс против Арсенал, а Брага направи голем пресврт во Берлин и успеа да го добие Унион со гол во 94-та минута после негатива од 2:0.

Кевин Принц Боатенг за големината на Роналдо и Меси

„Гледајте го Меси, тој е капитен кој не зборува и не треба да зборува, бидејќи тоа го прави на терен. Може да постигнува голови каде што сака, исто како Роналдо. Кај сакаат може да играат“.

Чудна одлука на тренерот на Милан пред Дортмунд

Фудбалерите на Милан утре вечер играат дерби меч против Борусија на гости во Дортмунд во 2. коло од Лига на шампиони. Тренерот Стефано Пиоли решил денес пред крајот на тренингот да пушти на звучници навивање на навивачите на Борусија, со цел екипата да се адаптира на громогласната атмосфера. Ко да е Милан селски клуб па не видел таков амбиент.

Убава најава на Холанѓаните за мечот ПСВ - Севиља

ПСВ Ајндховен после извесно време се врати на голема врата и игра во Лига на шампиони. Некогашниот европски шампион повторно е на мапата со најголемите европски клубови. Заслужено. Имаат одличен млад тим (најмлад во цела ЛШ), прекрасен стадион и громогласни навивачи. Вечерва во 2. коло ја чекаат Севиља.

Тенисер во бес удри судија со топче

Во последната рунда од квалификациите за Мастерсот во Шангај, на мечот меѓу Австралиецот Марк Полманс и Италијанецот Стефано Политано, првиов при резултат 7-6, 6-6 (6-6) во тај-брејк со сета сила го удри судијата со топчето после загубен поен. Дисквалификуван е и исфрлен од турнирот.

ФК Вардар се врати дома

После неколку годишна, нелогична и несфатлива неможност да бидат таму, Вардарци се вратија во својата тренинг база.

Баерн вечерва игра за нов рекорд

Баварскиот титан вечерва од 21 часот игра на гости кај Копенхаген во 2. коло од групна фаза во Лига на шампиони. Баерн Минхен во 1. коло го совлада Ман. Јунајтед со 4-3 и ја продолжи непобедливата серија од 35 меча по ред во Лига на шампиони! Имаат 32 победи и 3 нерешени средби.

Никола, фати ли топка летово?

По три месечен безпоштедно забавен летен распуст со многу провод и релаксирање со коњите, МВП-то се врати во Денвер за да се спрема за новата НБА сезона која стартува на 24 октомври. Вели дека летово неколку пати фатил баскет, а Мареј и тоа го демантира.

Европска демократија на стадионот на Левски Софија

За време на дерби средбата од бугарската прва лига меѓу Левски Софија и Лудогорец која заврши со победа на гостите 0-1, хулигани од главниот град на Бугарија протерале од трибините две црномурни момчиња со навреди „мангали бегајте од тука, не сте добројдени“. 

А сте виделе фудбалска томахавка?

Во 15. коло од колубмиската прва лига Примера А, Депортес Толима го забележал и четвртиот триумф по ред. Победиле против Бојака Чико 2-0 а првиот гол на дуелот е томахавката од насловот. Ја испалил Жуниор Ернандез Ангуло.

Интер Мајами во страшна контра, Меси затвори очи

Без Лео Меси, Интер Мајами е никој и ништо. Додека тој е повреден, не можат да победат и на последниот меч одиграа 1:1 против Њујорк Сити. Погледнете ги слепциве што контра напад изведоа.

Саудиски клуб не излезе на терен во Иран поради биста на генерал Касем

Натпреварот од 2. коло на азиската Лига на шампиони меѓу ирански Сепахан и саудиски Ал Итихад за кого играат Карим Бензема и Нголо Канте бил откажан поради тоа што гостите не сакале да излезат на терен додека не се отстрани бистата на ирански генерал.

Судиите во Премиер со нова брука

Во последниот меч од 7. коло Челси го совлада Фулам на гости и конечно после којзнае колку време врза две победи по онаа со Брајтон во Купот. Сините славеа со головите на Албанецот Армандо Броја и Михаило Мудрик во само 1 минута, но мечот остана во сенка на нов судиски превид. Овојпат кога Карлос Винисиус намерно и силно го удри Тиаго Силва. Помина без картон а не беше прегледан ниту ВАР.

Швеѓаните знаат ептен да изненадат со кореографии

Изумот е на навивачите на Ѓургарден, познати меѓу нивните ривали како мајмуни. Симболиката на Кинг Конг кој гмечи стаорец е демек Ѓургарден го дроби АИК, кои пак себе си се нарекуваат глодари, но ривалите ги нарекуваат стаорци.

Деби гол на Роналдо во азиската Лига на шампиони

Ал Наср како фаворит над првакот на Таџикистан, Истиклол славеше со 3:1 во ЛШ и тоа изненадувачки откако гостите поведоа во 44-та минута. Со израмнувањето на Роналдо и двата гола на Талиска, Ал Наср стигна до 3:1 во рок од 11 минути.

Имало сè и сешто, ама маскота да вадат од терен?

Во француска Лига 1 Рен на 7 меча има чуден учинок: 2 победи и дури 5 нерешени без ниеден пораз. Шести се на табела со 11 освоени бода. Во неделата го совладаа Нант со 3-1 со два гола од пенал. По крајот на мечот во еден момент медицински служби морале да ја вадат гостинската маскота „канаринец“ на носилки зошто домашната маскота ја повредила во еден дуел.

Револуционерна голманска машина за тренинг

Не им е лесно на голманите кога ќе излезат еден на еден на тренинг со вакви модерни направи. Шутираат подобро од играчи.

Реал Мадрид има нова ѕвезда - со 16 години дебитираше против Барса

Реал Мадрид ја совлада Барселона 86:79 во првото „Ел класико“ на сезоната, а најголемо откритие кај домашните беше младиот 16-годишен Исмаила Диање кој стана најмлад дебитант во историјата на Ел класико дуелите.

Конечно некој имитатор да го скине добро Новак

Обично Ѓоковиќ сака да имитира, ама се најде некој да го имитира него и тоа одлично. Се работи за британскиот комичар Џош Бери, кој му ги скина бојата на гласот, смеењето и гримасите. Многу добар, а тоа го призна и Новак.