Интер со триумф над градскиот ривал го освои скудетото

Интер е шампион на Италија за сезоната 2023/2024 - нераѕурите ја потврдија титулата во дербито против Милан (1:2) и на пет кола пред крајот се нови прваци во Серија А.

Интер после 33 кола освои 86 бода и математички никој не може да го стигне до крајот. Милан има 69 бода на второ место па дури и да победи на сите пет натпревари до крајот, а Интер евентуално не освои ни бод, приказната е готова.

Нераѕурите го повторија рекордот во Серија А со најрано освено скудето: на пет кола пред крајот. Во сезоната 2006/2007 исто вака убедливо Интер го освои шампионскиот пехар, а тој подвиг го повтори Јувентус после 12 години и минатата сезона Наполи на Лучано Спалети.

Статистичката компанија Opta ште во март месец ја пресметала веројатноста на скудетото за Интер на 100%, на 10 кола пред крајот.

До рекордот на Јувентус од 102 бода во сезоната 2013/2014 кога Јувентус растураше ширум Италија Интер сепак нема да стигне дури и со сите триумфи до крајот - би имал 101 бод максимално.

Во 2006/2007 со Роберто Манчини Интер ја освои титулата со 97 бода до крајот. Интер го надмина и градскиот ривал Милан по број на скудета: нераѕурите сега имаат 20, Милан 19, а Јувентус и натаму неприкосновено прв со дури 36 титули. 9 има Џенова, а по 7 Торино, Болоња и Про Верчели.

По три скудета во Италија имаат уште и Рома и Наполи, Лацио и Фиорентина имаат по две титули, а Каљари, Сампдорија, Казале, Новезе и Верона по еден. 

ДО СКУДЕТО СО ПОБЕДА НАД МИЛАН

Интер до 20-та шампионска титула стигна по голем триумф над градскиот ривал Милан 1:2. Росонерите номинално беа домаќини на дербито кое во 18’ минута го отвори Франческо Ачерби со гол со глава по корнер и додавање од Бенжамин Павар.

Со тој резултат играчите заминаа на пауза, а на стартот на вториот дел во 49’ минута Маркус Турам зголеми на 0-2 за Интер по одлична соло акција.

Во 80’ минута Фикајо Томори намали на 1-2 и Милан проба до крајот да израмни но Интер го одбрани водството и заслужено ја освои шампионската титула.

Пред самиот крај на мечот исклучени беа Тео Ернандез и Дензел Дамфрис кои грубо се грабнаа еден за друг и си поделија по некој удар во лице.

Соиграчите едвај ги разделија, а во самиот финиш и Давиде Калабрија капитенот на Милан доби црвен затоа што со рака по лице го удри Давиде Фратези.

23 април 2024 - 08:34