Offside

Ракометарите на Охрид го остварија најголемиот успех во клупската историја откако се пласираа во големото финале на Европскиот Куп. На реваншот одигран во преполната сала „Билјанини извори“, Охриѓани го совладаа словенечки Целје на пенали 4-3 откако во основниот дел резултатот беше 25-24.

Кога на Ивано Балиќ му дојде преку такво

На ЕП 2012 шампион стана Данска, втора заврши Србија, трета Хрватска, четврта Шпанија, петта Македонија. Како добро звучи тоа а? Хрватите загубија во втората групна фаза од Шпанија, на која потоа и се реваншираа во мечот за трето место, но легендарниот Ивано Балиќ до толку им беше бесен на судиите, што се појави пред камера со следнава изјава:

Каде е и што прави легендарниот пикер на Конго на кој килажата му остана мистерија?

Се сеќавате ли на Тјери Готије Мвумби од Светското во Египет кој го доби прекарот „ракометниот Шек“? Епа уште се рова на терен и изгледа се здебелил.

Расел Вестбрук без една патика ги понижи Лејкерс

Лос Анџелес Клиперс уште еднаш го совладаа градскиот ривал ЛА Лејкерс, овојпат 127:116 во меч кој го пропушти Леброн Џејмс поради болки во левиот скочен зглоб. Натпреварот го одбележа Расел Вестбрук.

Џејмс Милнер го надмина Рајан Гигс на вечната листа

Некогашниот англиски репрезентативец, 38-годишниот Џејмс Милнер уште игра на највисоко ниво, во Премиер лига, за одличниот Брајтон. На мечот во понеделникот вечер против Вулверхемптон, Милнер се искачи на високото второ место на вечната листа во Премиер лига.

Мане еднаш во сто пати промашува ваква шанса

Сенегал ја победи Гвинеја со 2-0 и убедливо со три победи и 9 бода оди во осминафинале на Купот на Африкански нации. Капитенот и лидер на репрезентацијата Садио Мане промаши нешто што скоро никогаш не го промашува.

Стеф Кари и Драјмонд Грин за својот Деки

Повеќекратниот шампион Голден Стејт Вориорс се спрема психички и физички за првиот натпревар после речиси повеќе од една недела пауза поради смртта на нивниот помошен тренер Дејан Милојевиќ. Пропуштија два натпревари а тренирале само од понеделникот. Никому не му е до баскет.

118-ти трипл-дабл за Јокиќ, шампионот ја совлада Индијана

Денвер Нагетс ја совлада Индијана на гости со 114:109, а нова фантастична партија пружи двократниот МВП освојувач Никола Јокиќ.

Килијан не се презивал Мбапе, а ниту Ембапе, сам ќе ви објасни

Француската мега ѕвезда, која на само 19 години стана светски првак, им направи проблем на сите новинари кои ќе сакаат да бидат прецизни во теркот, „Се пишува, како што се изговара во родната земја“.

Инвазија на Кинези во хотелот каде спиеше Роналдо

Ал Наср отпатува на турнеја во Кина каде требаше да одигра неколку пријателски натпревари, ама ја одложи поради повреда на Кристијано Роналдо. Кога разбраа неговите фанови, упаднаа во хотелот каде престојуваше нивниот идол, а тој им се извини на прес.

Финалето на ЕП 1968 меѓу Италија со Џиџи Рива и Југославија со Драган Ѓаиќ кое се играше два пати

И покрај тоа што клупската кариера ја мина во Каљари, Џиџи Рива важеше за големо и многу почитувано фудбалско име, како и еден од најдобрите италијански напаѓачи во историјата. Не за џабе цели 23 години не беше чепнат од позицијата тим менаџер на Италија.

Ново контроверзно видео на кралевите, овој пат од Винисиус

Не стивнуваат реакциите од хаотичното судење на мечот меѓу Реал и Алмерија кој домаќините го добија 3:2 после негатива од 0:2. Се појави нов клип кој предизвика многу коментари и на кој се гледа како Винисиус игра валкано со лакт. Од ВАР сигнализирале прекршок, но откако главниот судија побарал да провери, судиите во ВАР собата замолкнале.

Стив Кер за испраќањето на Милојевиќ од навивачите на Партизан

Еден од најголемите НБА великани, Стив Кер кој како играч има 5 шампионски титули а како тренер 4, изјавил дека цела екипа на Голден Стејт го следела последниот поздрав на навивачите, играчите и управата на Партизан во Белград на мечот со Мега.

Ѓоковиќ му објасни на Кирјос како да освои Гренд слем и ја изнасмеа публиката

Ник Кирјос не настапува на Австралија опен поради повреда и ангажиран е во Еуроспорт како стручен коментатор. По денешното прво четвртфинале, имаше кусо интервју со Ѓоковиќ на кое падна јак муабет кој оди вака:

Мангупскиот волеј на Ѓоковиќ и бакнежот до Кирјос

Новак Ѓоковиќ го совлада Тејлор Фриц со 3:1 (7:6, 4:6, 6:2 и 6:3) и го завери 11-то полуфинале на Австралија опен, каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Синер и Рубљов. Мечот беше изедначен само во првите два сета во кои Србинот не искористи многу брејк топки, но потоа го крена нивото на игра и не му даде никакви шанси на Американецот.

Ѓоковиќ до својот тим: „Гледајте малку“

Десеткратниот освојувач на Австралија Опен утрово игра во четвртфинале против Американецот Фриц. Новак води 2-1 во сетови но во првиот сет висеше на конец и играше тај-брејк. Пред крајот на овој сет на една пауза им мавташе и викаше на тренерите и физиотерапевтите кои не го ни погледнале.

Како на времето со Пандев, така и сега со Симеоне, Мацари ги бојкотираше наградите

Интер е освојувач на пехарот во италијанскиот Суперкуп одигран во Ријад, Саудиска Арабија откако синоќа со гол во 90+1’ минута од судиското продолжение на Лаутаро Мартинез стигна до заслужен триумф над Наполи.

Каква ноќ за Ембид - рекордни 70 поени!

Камерунецот од Филаделфија ’76 одигра неверојатна средба во „Велс Фарго“ центарот и со 70 постигнати поени беше најзаслужен за триумфот на неговата екипа над Сан Антонио Спарс.

Емоции до небо во Белград, Партизан и Мега се простија од Дејан Милојевиќ

Кошаркарите на Партизан и Мега се сретнаа во 17-то коло од АБА лигата, натпревар кој мина целосно во знакот на прерано починатиот кошаркарски стратег за кој тагува цела Србија и пошироко.

Најјакиот мајтап на своја сметка го направи Французинот кој беше здробен од Ѓоковиќ

Адријан Манарино успеа да му земе само три гема на најдобриот во свет и тоа дури во третиот сет. Првите два ги загуби 6:0 и 6:0. Во чест на дебаклот, кога седна на клупа после негативата од 2:0, гестикулираше со рацете две нули и се утепа од смеење. Не веруваме дека ваква комедија извел некој друг тенисер како царов.

А фелшот на Жоао Феликс во 90-та минута?

На многу натпревари викендов паднаа многу голови. Меѓу мајсториите кои можеа да се видат, она што не се пропушта е потегот на Жоао Феликс со кој Барселона поведе на гостувањето против Бетис на 2:3. Префинет мајсторлук и елеганција има во ваквите погодоци.

Неочекуван протест на сред меч на Австралија опен

Карлос Алкараз и Александар Ѕверев се последните два патника во четвртфиналето на Гренд слемот во Мелбурн. Германецот се изнамачи во пет сета, а во еден момент мечот беше во прекин.

Милиметарски точен - најубавиот потег на Австралија Опен

Русинот Карен Хачанов изгуби со 3-0 во сетови од подобриот Јаник Синер но го имаше поенот на целиот турнир, ако не и на годината. Лоб каков што не се гледа често.

Секој башка будала

Во турскиот фудбал нема мирен викенд. Или има некоја тепачка и прекин или има чудни судиски одлуки или нешто трето. Сега после мечот од втората лига на Турција меѓу Генчлербирлиги и Сакарјаспор кој домаќините го добиле 3:1, гостинскиот фудбалер Мурат Џем Акпинар решил на судијата Јасин Авџи да му се направи паметен па заслужено си доби втор жолт и црвен картон.

Најчудниот гол месецов падна во Шпанија

Осасуна го совлада Хетафе 3:2 со голот на Хесус Аресо во 80’ минута од мечот. Чудна траекторија фати топката па не ја бранеа ни двајца голмани.