Спектакуларното 4 часовно отворање на најголемиот спортски настан на планетата се одржува на отворено во главниот француски град.
Популарната парада „Нација на чамци“ се случува на реката Сена и за прв пат во историјата церемонијата од отворањето не се случува на стадион.
Македонското знаме гордо се вееше, а го носеа Дарио Ивановски и Мила Рељиќ кои се меѓу шестмината македонски спортисти.
Другите четвоцира се Пливачот Никола Ѓуретановиќ, борачот Владимир Егоров, таеквондистката Милијана Рељиќ и џудистот Еди Шерифовски.
На Олимпијадата во Париз, најбројни се Американците со 592 спортисти, потоа домаќинот Франција со 573, Австралија има 460, Германија 428, Јапонија со 403, Кина со 388...