Има право да се начука, освои Џиро д’Италија и Тур де Франс

Историјата за словенечниот велосипедизам и спорт воопшто беше прославена достојно во центарот на Љубљана. На бината се појави херојот Тадеј Погачар кој стана прв велосипедист во 21 век, кој во иста година успеал да ги освои двете најголеми трки, Џиро д’Италија и Тур де Дранс. Ама пивнал. Епа ќе пивне. Заслужил дечкото.

25 годишниот Погачар кој е трикратен победник на Тур де Франс (2020, 2021, 2024) стана прв велосипедист после 1998-ма година кој ги освои двете најголеми и најславни светски трки. И тоа освои 12 етапи на двете трки. Во вкупниот поредок, Тадеј Погачар го заврши годинашниот Тур де Франс со повеќе од 6 минути предност пред Јонас Вингегард од Данска. Доминација и супериорност каква што не се памети. 

25 јули 2024 - 14:44