Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Фоден, Белингем и Саутгејт играат без да тапне

Фил има 23 години, Џуд 20, а нивниот селектор 53. Кој би рекол? Па како да тренираат тројца репрезентативци на Англија. Плус шланг е човекот.

Се тресеше салата во Автокоманда, Радовиш со гол од слободен удар влезе во Супер лига

Во баражот за опстанок, односно пласман во ракометната Супер лига се случи драма во стилот на Шведска - Франција на последното ЕП. На мечот меѓу Радовиш - Еуфорам Пелистер 2 при резултат 26:26 остана уште слободен удар по кој сите очекуваа да има пенали. Но Здравко Постолов не мислеше така и ја крена цела сала на нозе.

Ново дефанзивно шоу на Бостон предводено од страшната рампа на Дерик Вајт

Деветте блокади на првиот натпревар во финалната серија не беа случајност. Бостон Селтик игра сериозна одбрана сезонава која ја демонстрираше и во втората пресметка против Далас. Имаме нова компилација, но најпрвин обрнете внимание на каков начин Дерик Вајт ги спречи гостите да се доближат на -3 на 50 секунди до крај.

Трипл дабл на Дончиќ, но Бостон е посилен од Лука

Бостон Селтик повторно покажаа дека се подготвени да стигнат до рекордната 18-та НБА титула и тоа го демонстрираа после феноменална партија на Лука Дончиќ. Ги чека тест во Тексас.

Карлос Алкараз е шампион на Ролан Гарос

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз триумфираше во големото финале на Ролан Гарос откако после голем пресврт го совлада Александар Зверев со 3:2 во сетови.

Голманиште број 1 во Македонија

Спиете ли мирно Џиџи Буфон, Франческо Толдо, Џанлука Паљука, Оливер Кан, Мануел Ноер и Столе Димитриевски?

Срдечна средба на Ибра и Пикси

„Да не ти треба играч?“ му се понуди Златан на Стојковиќ после пријателската која Србија ја доби на гости против Шведска со 0:3. Му посака среќа на Европското и му порача дека важно е да има дисциплина во тимот, а овој се сложи со него и рече дека е добро што нема повредени. Инаку шведската легенда додаде дека ако го ставеле, ќе можел да одигра 20 минути.

Шведска му се поклони на Златан Ибрахимовиќ

Една година откако и стави крај на играчката кариера во Милан, Ибракадабра и официјално беше испратен и во репрезентативна пензија со шоу организирано во својата земја.

Никогаш не се радувај пред време

Во самиот финиш на трката во брзо одење на 20 километри на Европско првенство во Рим, Шпанката Лаура Гарсија-Каро самоуверено пред самиот крај крена раце во вис и со шпанско знаме во рацете почна да слави бронза. Ама во последен момент Украинката Људмила Ољановска ја претрка и и го зеде медалот од рака.

Мурињо со прашања до Чет Џи-пи-ти

Фенербахче многу добро знае каков шоумен донесе. Тренер со кој е доста забавно и надвор од тие 90 минути фудбал. Клубот веќе почна да снима штосни видеа со него.

На јако видео налетавме

Автобуска прослава после Бари 1991. Роби ѕенѕа во позадина, а Дејо и Миха урлаат на микрофон. Бесценети моменти.

31 година од смртта на Дражен Петровиќ

На денешен ден 7-ми јуни 1993-та година во сообраќајка загина легендарниот Дражен Петровиќ.

Фудбалскиот летен празник со преноси на МТВ

17. издание на Европските првенства кое ќе ни го разубави летото и ќе ни ја зголеми желбата за пиво, ќе се одржи со 24 земји учеснички, во 10 германски градови,  во периодот 14 јуни - 14 јули и со преноси на МТВ. Загревајте се за спектакл.

Лукоил по шести пат до престижниот трофеј во Бизнис Лигата на Македонија

Борбата за златниот медал се одлучуваше во нафташкото дерби помеѓу екипите на Макпетрол и Лукоил. Хет-трик на Петар Лефков.

Кои се најскапо а кои најслабо платени селектори на Европското?

Селекторите на Хрватска и Србија заработуваат повеќе годишно од селекторите на Данска, Шпанија, Унгарија и многу други. Вили Сањол направи чудо со Грузија но остана на дно по заработки од селекторите на Евро 2024.

Ал Ахли, тимот кој знае само да победува и брои 151 трофеј во 117 години

За да нема забуни, уште на старт да расчистиме. Не е ова Ал Ахил од Саудиска Арабија каде игра Џани Алиоски, туку Ал Ахил од Египет. Освои Лига на шампиони во Африка, по 20-ти пат во историјата.

А видиш толпа сине, бегај

Мексико. Прослава на трофеј на навивачи на Америка, клуб од Мексико Сити. Полициски службеник на свое работно место, на должност.

Египетско додавање на денот

Во квалификациите за Светско првенство 2026, Египет со 2-1 ја победил Буркина Фасо. Египќаните уште до 6-та минута воделе со 2-0 а имале и други шанси за поубедлив триумф. Особено после оваа акција со невозможен пас.

Ново од Запрешиќ Бојс

Бендот кој се прослави со сјајни навивачки песни пред секое Светско и Европско првенство на кое игра Хрватска, сега пред Евро 2024 се огласија со ново дело. Сите песни им се одлични и креваат еуфорија пред големите турнири.

На баци нога кај Тони

Да, до толку вреди Тони Крос, архитектот во играта на Реал Мадрид во изминативе 10 години. Нозете му ги бацуваа Рудигер и Винисиус, ама буквално.

Чекај да видиш што за нив значи Европско - па генијално видео

Англичаните гаат посебен култ кон Европските првенства. За нив тие се месец дена право уживање, драма, ролеркостер. Во Германија доаѓаат како еден од главните фаворити за титулата. Во силен состав. А ФА пушти промотивно видео за избраните кои ќе патуваат на Евро 2024. Симболично со алузија на сечие име и презиме од нив. Врв!

Џејлен Браун со најјакиот потег на мечот

Со 22 поени, 6 скока и 2 асистенции, Џејлен Браун е најдобар поединец во првата пресметка од финалната серија која Бостон ја отвори со 1:0. Но и најтрактивен. Ги крена сите на нозе со забивањево.

И најголемиот дојде да го гледа финалето Бостон - Далас

Пеп Гвардиола веќе неколку дена е во САД каде искористил прилика да го гледа и првиот меч од финалето на НБА меѓу Бостон Селтикс и Далас Маверикс. Луѓето од Бостон на чело со тренерот Џо Маѕула добиле интересни совети од Пеп во однос на фудбалот кои можат да се применат и во кошарката.