Арсенал на овој натпревар играше цел втор дел со играч помалку поради црвениот картон кој го доби Леандро Тросар во 45+8’ минута од првиот дел.
И нормално и сосема очекувано е при водство од 1-2 против страшниот Сити на гости со играч помалку да се браниш грчевито.
Но педантната Opta која грижливо води статистика, објави текст за задржување на времето на дуелите во Прмеиер лига. Се испоставило дека Артета решил да ги користи методите на времешниот Жозе Мурињо.
Арсенал најчесто од сите во Премиер лига задржува време. Нивните паузи за време на прекини/фаули траат во просек по 44 секунди што е најмногу од сите други во англиското првенство.
За разлика од минатата сезона Арсенал за цели 2,6 секунди во просек повеќе задржува време со разни трикови.
Одличниот голман Давид Раја кој брани и за Шпанија, потрошил цели 9 минути на арчење играчко време по шутевите кон неговиот гол на натпреварот против Сити. На секој шут кон неговиот гол кога тој интервенирал, при гол-аут тој потрошил во просек по 45,3 секунди во задржување време додека „топџиите“ имале активен резултат.