Реал Мадрид на мечот со Алавес поведе уште во 55-та секунда кога Лукас Васкез ја затресе мрежата на гостите. Тоа беше најбрз гол на Реал уште од февруари 2018-та. Интересно и тогаш Васкез дал брз гол, против Сосиедад во 49-та секунда од почетокот.
Во 40-та минута Реал зголеми на 2-0 кога Мбапе го постигна својот петти гол откако дојде на „Сантијаго Бернабеу“. На паузата Французинот од Алавес Абдел Абкар му го побарал дресот на Мбапе и го добил како вечен спомен од големиот капитен на француската репрезентација.
Во вториот дел Реал Мадрид зголеми на 3-0 преку Родриго во 48-ма минута. Алавес до крајот успеа да намали на 3-2 но не направи подвиг.
Оваа победа на „кралевите“ значи дека точно 1 година немаат пораз во Ла Лига. Од последниот нивен пораз поминале 39 натпревари: имаат 28 победи и 11 нерешени средби, со 0 порази. Подолга серија имаше само неверојатната Барселона на Меси од 2017-та до 2018-та кога на 43 натпревари никој не можеше да ги совлада.
Карло Анчелоти го прослави јубилејниот 300. меч ((216 победи, 45 нерешени, 39 порази) како тренер на Реал Мадрид и се искачи на високото второ место на вечната листа. Повеќе од него, 605 има само Мигел Муњоз. И двајцата се најголеми тренерски легенди на Реал Мадрид со по 14 трофеи!
Реал сега го чека тешка серија и гостување кај Атлетико Мадрид каде изгубија убедливо последен пат 3:1 и токму тој им беше последен пораз пред серијата. После Атлетико Мадрид одат кај Лил во Лига на шампиони (таму игра брат му на Мбапе), а понатаму Виљареал (дома), Селта (гости), Дортмунд (дома). На 26-ти октомври ги чека големото дерби против Барселона дома на „Сантијаго Бернабеу“.