Он кога удира добро е, а другите се расисти кога го вреѓаат

Реал Мадрид со 3-2 го совлада Алавес, освои три бода и сега со 17 поени ја продолжи трката по Барселона која е прва со 18 бода но и натпревар помалку. Стрелци беа Лукас Васкез, Мбапе и Родриго за 3-0 а гостите во само 1 минута намалија на 3-2 од 85-та до 86-та минута. Винисиус Жуниор уште еднаш покажа колку пргав знае да биде кон противничките фудбалери.

Забележете како намерно го гази противникот на земја:

Мали, бери памет

25 септември 2024 - 08:42