Најскромниот трофеен фудбалер кој нема социјални мрежи

Поради тешка повреда на коленото, Шпанецот Родри веројатно веќе нема да заигра сезонава. Тоа е загуба не само за тимот и тренерот Пеп Гвардиола и навивачите, туку и за сите оние кои го ценат фантастичниот фудбалер без кого беа незамисливи успесите на Сити и на Шпанија.

Фото: epaimages

Во јули 2019-та Манчестер Сити платил 70 милиони евра за да го купи Родри од Атлетико Мадрид. После неколку дена Манчестер Сити пред сезоната ја победил Јокохама Маринос 3:1, а Пеп Гвардиола изјавил:

„Родри беше неверојатен! Ние знаевме и така, но сега можам да потврдам: имаме неверојатен последен играч од среден ред за следните десет години. Или за минимум години колку што ќе има договор со Манчестер Сити“.

И Пеп Гвардиола беше апсолутно во право.

Родри долго време беше еден од најголемите кандидати за „Златна топка“ за најдобар играч на светот во 2024-та. Тој со прекрасен гол му донесе шампионски пехар на Манчестер Сити во Лига на шампиони, а година дена подоцна освои и Европско првенство со Шпанија.

Родри е суперѕвезда но нималку не сака слава и избегнува таква слика за него.

НЕМА ПРОФИЛИ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Ако пробате да го најдете Родри на твитер или инстаграм, ќе ви се појават само некои навивачки профили. Пред еден месец Родри гостувал на БиБиСи во подкастот кој го води Џо Харт:

„Таа одлука (да не користи социјални мрежи) ја донесов многу, многу одамна. Често децата се повторуваа еден по друг. Памтам сите почнаа да се регистрираат на тие платформи, а јас им кажав: „Не, мене не ми треба. Имам другари. Не сакам да седам на социјални мрежи, сакам да шетам во парк, да се дружам на село. Се сеќавам како си размислував: 

„Не сакам да барам другари на интернет. Веднаш кажав ’не!’ и се држев принципиелно до крајот. Така што оваа одлука не ја донесов пред три години. Лесно ми беше да немам друштвени мрежи затоа што никој немаше чувство дека ми се потребни. Проблемот е во тоа што јавноста има мислење: ’Ти треба за тоа и тоа и тоа’. А после гледаш и си мислиш: ’Оу мене навистина ли ми треба тоа? Не. Затоа си ја почитувам својата одлука. Ми се допаѓа животот таков каков што е. Прав.

Претходно со тебе (Џо Харт) никогаш не сум се сретнал. А сега убаво го проаѓаме времето и тоа се случува во реален живот. Ти мене не ми пиша соопштение или нешто такво. Односот лице во лице е прав. Искрено се ми е добро. Моето опкружување е здраво и за тоа соум многу среќен.

Сфаќам дека друштвените мрежи имаат и плусеви. Не велам дека се ужасни но имам само едно прашање: ’Дали ви се реално нужни?’ Ако да, тогаш користете ги“.

НЕ ТРЧА ЗА ИНДИВИДУАЛНИ НАГРАДИ

Кога Шпанија славеше голема победа на Европското со навивачите во Мадрид, целиот настан го водел капитенот Алваро Мората.

„Треба да се убеди Родри да отвори инстаграм. Тогаш ќе видиме дали ќе освои голема индивидуална награда, затоа што ја заслужува. Игрите и карактерот на Родри не однесоа до победа на Европско“!

Минатата година Манчестер Сити освои тројна круна - триплета, а Родри беше избран на 5-то место на светот од сите селектори, тренери и капитени.

„Не бев зачуден. Тоа е нормално. Многу добро сфаќам како се построени индивидуалните награди. Тие се засновани на маркетинг, пари и реклами. Шпанските фудбалери од среден ред порано не го добиваа тоа што го заслужуваа. Сфаќате за што зборувам? За мене многу поголемо значење има екипното достигнување“, рекол Родри за The Mirror и додал:

„Велам дека јас ќе се натпреварувам со Винисиус кого многу го почитувам. Сметам дека е одличен играч. Самиот факт што и за мене зборуваат така е причина да се гордеам со работата. Се зависи од тоа што луѓето ценат (при гласањето). Многу играчи ја заслужуваат оваа награда. Замислете како ми е мене кога излегувам на улица а луѓето велат: ’Ти ќе освоиш Златна топка, ти заслужуваш’. Тоа за мене е веќе победа. Не сум ни сонувал за тоа“.

НЕМА ТЕТОВАЖИ

Родри штотуку преминал во Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола веќе бил воодушевен од него.

„Нема тетоважи и обетки. Неговата фризура... Он изгледа како прав играч за врска! Таков и треба да биде секој играч на неговата позиција - тој постојано треба да мисли на екипата“, рекол Пеп.

Во јуни 2019-та Родри дал интервју за шпански ABC. Едно од прашањата било и за тетоважи. „Никогаш не сум ги сакал. Ги сметам за урочливи“, се насмеал врвниот фудбалер кој веќе има многу пехари во својата колекција.

НЕ ТРОШИ ПАРИ НА РАСКОШ

На 20 години Родри положил за кола и размислувал да купи кола - со цел да оди кај семејството во Мадрид од Кастиља. Во тоа време имал Опел Корса која што ја купил од огласи. „Играчите трошат огромни пари на возила. Зошто? Имаат иста цел: да ве довезат од точка А во точка Б“.

Кола не сменил ниту кога стигнал во прв тим на Виљареал, ни после скапоцениот трансфер во Атлетико Мадрид. Дури и тогаш живеел во изнајмен стан со другар цимер. По трансферот во Манчестер Сити тој си дозволил луксузен Мерцедес.

Исто е и со облеката. Родри воопшто не купува скапа гардероба и соиграчите од Сити го мајтапеле поради тоа. „Тоа е просто неверојатно. Ќе видат некој билборд и мислат дека веднаш треба да го имитираат. Тоа не ми е нормално. Грилиш и Аке ќе дојдат и ќе почнат да ми држат лекции... Но јас повеќе го сакам стилот на Џон Стоунс“. 

Со мене постојано се зафркаваат. Ќе дојдат и ќе почнат: ’Каде си ги купил овие работи? А ова? Стојам и си мислам: ’Просто оставете ме на мира. Јас сум многу обичен. Понекогаш на момците им е тешко да го сфатат тоа“.

Во 2019-та Родри во едно друго интервју зборувал за раскошот: „Треба да се биде паметен. Сите тие работи не носат среќа. Радост и задоволство ми носат други нешта: добро опкружување и задоволство од работата. Не одбивам прилика животот да го направам поудобен, но лускузните работи не се она што ми го исполнува животот од ден на ден. Не стремам кон нив“.

Имал и уште една мисла на оваа тема:

„Фудбалерите имаат многу висок квалитет на живот, но покрај нив се оние за кои секој ден е борба. И ние се бориме, но тоа го правиме знаејќи дека ќе живееме добро. Ваквиот начин гледање на нештата помага. Кога имам проблем го гледам низ оваа леќа да видам дали е вистински“, вели Родри.

ПОСТОЈАНО И ПОСТОЈАНО УЧИ

Родри рано сфатил дека во фудбалот нема гаранции: на 17 години го отпуштиле од школата на Атлетико Мадрид поради недоволен раст и сила (чудно затоа што тој стигнал до 183 сантиметри). Си нашол нов тим: Виљареал Б. Но засекогаш запамтил: во фудбалот се ретко се менува.

Покрај тоа во близина секогаш бил татко му кој на времето исто бил фудбалер кој поради повреда на грбот не одиграл повеќе од втора лига Сегунда.

„Тој постојано велеше дека фудбалот е лотарија и дека нема гаранции дека ќе имате среќа во него. Одлучив да стекнам добро образование во случај работите да не тргнат како треба“.

Дури и додека играл за младинците на Виљареал, тој не го напуштил универзитетот, студирал факултет за деловна админстрација.

„Студентската атмосфера многу помага. Таму сфатив дека фудбалот не е сè во животот. Ми се допаѓаше да си го исполнам животот не само со фудбал, туку и да си ја знам својата професија“.

Откако дипломирал, Родри сакал да запише и магистерски студии на Економски факултет но не успеал поради наглиот, брз развој на неговата кариера. Напредувал со светлосна брзина. Но не сопрел тука, туку учел англиски и веќе пред да отиде во Сити така што селидбата во Манчестер му дошла лесна и бил во состојба совршено да збори.

„Во мојот случај фудбалот не беше главна варијанта. На 16 завршив школо и татко ми ми викаше: ’Сега факултет’. Кога почнав да заработувам од фудбал, можев да го баталам студирањето. Но универзитетот го завршив. Горд сум на тоа.

Не можете да се концентрирате само на фудбал. Секогаш им зборувам на децата никогаш да не престанат да учат. Тоа ќе им помогне да се развиваат без оглед на тоа што работат. Велат: ’Да, секако, но за ова треба толку и толку да се работи...’. Сфаќам, но ако јас сум можел, тогаш може и секој друг’.

МНОГУ Е ПРИВРЗАН СО ДРУГАРИТЕ И СЕМЕЈСТВОТО

На презентација во Атлетико Мадрид Родри викнал 40 луѓе (пријатели и роднини) за да видат како првпат ќе го облече црвено-белиот дрес. Баба му не можела да ги воздржи солзите.

На факултет Родри се запознал со идната сопруга Лаура која таму студирала медицина. Таа има инстаграм но има затворен профил само за најблиските. Прво и сметала славата на Родри а потоа станала негов најголем навивач. „Кога давам гол, секогаш ми текнува на видеото како Лаура слави дома. Секогаш го гледам во соблекувална“.

Стабилниот однос вели е многу важен за него.

„Јас сум обичен дечко, ништо повеќе. Мене ми е важно да сум цврсто на земја. Секогаш сум бил обичен. Тоа е мојата способност на живеење. Таков и сакам да останам“.

 

24 септември 2024 - 14:31