Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Ново промо видео од Адидас за Џуд и Англија

Англија својот прв натпревар на Европското го игра во недела од 21:00 против Србија. Англичаните веќе ги дрма јака грозница за Еуро 2024, а ги распали и Адидас со ново промотивно видео посветено на репрезентацијата со акцент на Џуд Белингем и фамозната песна на Битлси Хеј Џуд.

Шкотите влегоа во Минхен

Се очекува околу 100.000 Шкотланѓани да бидат присутни на Европското првенство. Првата ударна ескадрила веќе пристигна во Минхен и веќе се налева со тони баварско пиво. Еуро 2024 почнува вечерва на „Алијанц Арена“ со мечот Германија - Шкотска.

Алијанц Арена е чудо од стадион - може да се види дури и од Австрија

Дури и 19 години по свеченото отворање прекрасниот стадион во Минхен останува еден од највпечатливите стадиони на светот. Негова главна особеност е светлосниот систем кој ретко каде може да се сретне.

Електро шок и притвор за упад на бејзбол во САД

За време на меч од бејзбол лигата на САД меѓу Синсинати Редс и Кливленд Гардијанс некој млад гледач упаднал на терен и трчал додека еден полицаец не го сопрел. Навивачот кој носел на себе ретро дрес од Синсинати Редс со број 5 на Џони Бенч, не застанал на повиците на полицаецот па дури и направил салто во еден момент. Полицаецот според правилникот го совладал со електро шок а младиот Вилијам Хендон (19) денес бил изведен пред судија и се гони за загрозување на јавен ред и мир.

Станковиќ: Во Скопје беше 1:1, а во Загреб господинот со лева нога нè погоди мене и Пеѓа во грб за пласман на ЕП 2000

„Самото пристигнување во Загреб, затворањето во хотел и сè она што се случуваше околу нас, не беше нормално. Миха со стариот пријател Штимац разговараа за војната грб со грб, бидејќи во хотелот имаше луѓе од различни бранши и секаков вид на полиција. На загревањето на Максимир, наместо да бидеш полесен со секој чекор, стануваш потежок во нозете. Никогаш не сум го доживеал тоа како тогаш“.

Кои лиги имаат најмногу играчи на Еуро 2024?

Интересна листа која ќе ве изненади. Пример дури 14 фудбалери на Европсково играат за клубови од Саудиска Арабија а 12 во грчката Супер лига иако Грција не се пласираше. 13 се од втората италијанска лига Серија Б. Чудно и интересно во исто време. Очекувано, Премиер лига апсолутно прва по број на фудбалери пратени на Еуро 2024.

Хрватите потсетија на „Sometimes maybe good, sometimes maybe shit“

Хрватските медиуми брујат за бомбастичната вест дека Џенаро Гатузо е нов тренер на Хајдук. Потсетуваат на разни негови епизоди и од играчката и од тренерската кариера и пишуваат дека е познат по својот борбен и агресивен пристап. Во 2014-та беше тренер на Крит. Не се заборава овој негов прес.

Винс Картер од скопските маала

Се сеќавате ли на Борјан Китановски, кој на само 15 години ја заби дрско и атрактивно на јуниорски натпревар меѓу МЗТ Скопје и Струмица? Нецели две години подоцна, имаме нов драгоцен материјал од него, овој пат од маалски Ол стар на кој жирито му дели 10-ки, а публиката се држи за глава. Браво дете.

Водич за Европско првенство 2024 - запознавање со Група Д

Групата Д сосема сигурно ќе донесе некои интересни дуели со оглед на тоа што во неа се светскиот шампион од 2018 и светски вицешампион од 2022 Франција како и Холандија.

За оние кои би оделе со кола на Европско првенство во Германија

Главниот уредник на спортската редакција на РТС Александар Стојановиќ решил со кола да тргне од Белград кон Германија од каде ќе ги пренесува натпреварите на српската селекција. Попатно снима сè и кажува колку чини од патарини преку бензин, храна и слично до Минхен.

Џејлен Браун со ново атрактивно забивање

Го имаше потегот на вториот натпревар од финалната серија, го има потегот и на третиот. И забивањето на Данте Егзум не е воопшто лошо.

Бостон е пресилен за Далас, ги победија и на нивен терен

Далас Маверикс и Лука Дончиќ најверојатно ќе се простат од титулата оваа сезона. Бостон Селтикс им направија брејк и водат 3:0.

Шмекерски гол на Пулишиќ со Бразил

На пријателска средба пред стартот на Копа Америка, САД и Бразил одиграа нерешено 1:1 во Орландо на Флорида. Бразилците отворија преку Родриго во 17’ минута а САД израмни на 1-1 со мајсторски погодок на Кристијан Пулишиќ од Милан во 26’ минута.

Кинеската амбасада во Шпанија со остар протест до Реал Мадрид

На едно од бројните видеа снимани од навивачи на Реал Мадрид после финалето на Лига на шампиони, пејат и скандираат навредливи расистички песни за Кинезите пред камера на која зборува кинески репортер за финалето на ЛШ.

Шест натпревари на ЕП кои не се за пропуштање

Ќе има многу јаки битки на ова Европско првенство. УЕФА веќе издвои шест кои ги смета за најпривлечни. Да ги ѕирнеме.

Рафа Надал е тенисер или фудбалер?

Не да игра фудбал, туку дроби и со дриблинзи и голови. Прсто неверојатно колку е јак. Па уште и Икер Касиљас е на гол. Браво мајсторе.

Се фати Шкот да игра со домаќините од Баварија

Репрезентацијата на Шкотска во петок од 21:00 ќе има тешка задача на отворање на Европско првенство против домаќинот Германија на „Алијанц Арена“. Баварците убаво ги пречекале Шкотланѓаните со еден народен традицонален танц а капитенот на Астон Вила Џон МекГин решил да им се придружи.

Еуфорија за Столе, медиумите го нападнаа, Валенсија го претстави со штосно видео

По долга, 12 годишна кариера во Шпанија, најдобриот македонски голман и официјално се круниса со голем трансфер, во најголем клуб од сите досегашни. Новинари го бркаа за изјава уште на аеродром.

Водич за Европско првенство 2024 - запознавање со група Ц

Групата Ц е онаа во која како и во група Б секој секого може да победи. Англија е изразит фаворит кој како актуелен вицешампион и фаворит број 1 за освојување на Европското не би требала да има турбуленции со ривалите во група. Но...

Интересна мапа со потеклото на сите играчи од Евро 2024

Тројца учесници на Европското првенство се родени во Македонија. Двајца во Куманово (Насер Алији од романскиот клуб Волунтари и Таулант Сефери центарфор од клуб од ОАЕ) и еден од Скопје (центарфорот Јасир Асани). Има интересни места, пример браќата Милинковиќ-Савиќ се родени во Шпанија но во различни градови. Меињан и Пепе се родени во Јужна Америка.

Најголемата надеж на Шпанија ќе пишува домашна на Европско првенство

Шпанија на Евро 2024 најмногу очекува од шеснаесет годишниот бисер на Барселона Ламин Јамал кој треба да ја води „Црвената фурија“. Сезонава одигра 50 натпревари во сите турнири за Барселона и на рана возраст веќе е голема ѕвезда. Раскажал дека во Германија оди со домашни задачи.

Кратко, ама скапо видео од Сомбор

После напорната сезона во НБА, редот го запази и оваа година. Прво на аукција за коњи, па на рафтинг на Тара и потоа се знае.

Вода стои, Роналдо не стои

На 18 јуни на дуелот меѓу Португалија и Чешка, Кристијано Роналдо ќе стане прв фудбалер во историјата со шест учества на Европските првенства. За Германија се загреа со два комада, од кои едниот мајсторски.