Легендарната 55-ка, висок 218 см, беше дел од најсилното кошаркарско друштво во периодот 1991-2009 и играше за Денвер Нагетс, Атланта Хокс, Филаделфија, Њу Џерси Нетс, Њујорк Никс и Хјустон Рокетс.
Атланта и Денвер го повлекоа дресот со број 55 во негова чест.
Четири пати беше избран за дефанзивец на годината во НБА (1995, 1997, 1998 и 2001) и има осум учества на Ол стар игрите. Нема освоено НБА титула.
Ќе остане запаметен како специјалист за блокади. Втор е во историјата со вкупно 3.289 и само Хаким Олајџувон има повеќе од него.
На видеата ќе погледнете како доминираше под кошевите и лепеше кого стигне, меѓу нив и Коби Брајант, Шон Кемп, Скоти Пипен. После блокада обично им гестикулираше „не“ со прстот, во стил врз мене нема забивање.
Роден е во Конго, 1966-та. Имаше 9 браќа и сестри и зборуваше англиски, француски, шпански, португалски и пет централно африкански јазици, вклучувајќи ги Лингала и Тшилуба.
Еднаш во пренос на Ол стар на А1 телевизија, Љубомир Николовски му го кажа цело име кое гласи вака: Дикембе Мутомбо Мполондо Мукамба Жан-Жак Вамутомбо.
Remembering Dikembe Mutombo (1966-2024) pic.twitter.com/4z9ItuSNfn
— NBA (@NBA) October 1, 2024