Таг: дикембе мутомбо

Топ 10 блокади од кариерата на Мутомбо

НБА уште го ликува Дикембе Мутомбо кој почина на 30 септември на 58 годишна возраст. Она во што беше најдобар легендарниот центар од Конго, висок 218 см, го спакува во компилација, која е ултра тешко да се направи со оглед на тоа што човекот поедели 3.289 банани. Ќе видите како ги лепи Грент Хил, Шон Кемп, Патрик Јуинг, Коби Брајант, па дури и Мајкл Џордан. Ваквите клипови се задолжителна кошаркарска литература.

Кога Мутомбо го предизвика Џордан

Имаме епски разговор од НБА, снимен во очи на Ол старот 1997. Дикембе Мутомбо на Мајкл Џордан му вели дека никогаш ја нема забиено преку него и дека нема ниту да ја забие, а во разговорот им се уфрлува и Патрик Јуинг. Да видиме што се случило подоцна.

Кога Мутомбо тероризираше противник со три блокади по ред

9 април 1997 година,  Кларенс Ведерспун се обидува три пати по ред да ја забие преку Дикембе Мутомбо и не е свесен дека тоа се обидува да го прави преку кошаркарски гигант кој му рече „не“ со прстот.

Најдоброто од Мутомбо, царот под кошевите со 3.289 блокади

Дикембе Мутомбо важи за еден од најдоминантните центри во историјата на НБА лигата и тоа во време на конкуренција составена од имиња како Шек, Олајџувон, Патрик Јуинг, Алонсо Морнинг, Дејвид Робинсон. На сите им викаше „НЕ“ со прстот под кош.

Мутомбо, ова е за тебе

Кога Мајкл Џордан имаше нешто да му каже и да му покаже на Дикембе Мутомбо. Кој не спиел за НБА во 90-те, сигурно ќе се сети на легендарниов момент.

Колку банани лепеше Мутомбо за 10 секунди?

Сите го знаеме како Дикембе Мутомбо, а Љубомир Николовски во еден пренос го кажа цело него име кое гласи вака: Дикембе Мутомбо Мполондо Мукамба Жан-Жак Вамутомбо. 218 см високиот легендаре центар од Конго е еден од најдобрите блокери и дефанзивни играчи на сите времиња.