Дарко Миличиќ (39) е една од полудите глави кои играле во НБА. На Драфтот во 2003-та беше избран на неверојатно високо второ место, зад Леброн Џејмс, а пред едни Кармело Ентони, Крис Бош, Двејн Вејд, Кендрик Перкинс и други.
Се памтат неколку негови анегдоти и смешни изјави од тоа време, како на пример онаа кога рече: „Многу сум носталгичен за дома и ми фали се, ама се смирувам кога ќе ја видам банкарската сметка“.
Играше секаде по малку за: Детроит Пистонс, Орландо Меџик, Мемфис Гризлис, Њујорк Никс, Минесота Тимбервулвс и Бостон Селтикс. Во 2004-та стана НБА шампион со Детроит Пистонс и може да се пофали со шампионски прстен.
Еднаш уште на почеток на НБА кариерата влегол во дуел со далеку поискусниот и посилен Дикембе Мутомбо кој му се внел во лице.
„Таман првпат добив шанса, а види го овој индијанец. Немој брату да те сложам овде, ќе добијам суспензија, нема да играм веќе никогаш во живот. Кај ме најде сега мене кралу, оној лудак ме пушти да играм, јас среќен, го залепив Трејси (легендарниот МекГрејди), го залепив и него (Мутомбо), дадов некој шут, некое лудило и овој тргнува на мене! А ништо не можеш да го разбереш на тој африканско-англиски“, се присети Миличиќ пред некое време на инцидентот со славниот Мутомбо.