Лидерот на Челси и англиски репрезентативец Кол Палмер во триумфот на Челси 4-2 против Брајтон постигна дури 4 гола за само дваесет минути.
Кол кој е дете на Манчестер Сити од каде за преку 47 милиони фунти дојде во Челси, канонадата ја започна во 21' минута. Потоа во 28-ма минута од пенал го даде својот втор погодок. Само три минути потоа, во 31-ва минута постигна чудесија од гол од слободен удар, можеби најубав сезонава во Премиер лига.
Покерот го комплетираше во 41-ва минута по одличен пас на Џејдон Санчо. Четири гола за 20 минути!
ПРВ ПОКЕР ЗА ПРВО ПОЛУВРЕМЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПРЕМИЕР ЛИГА!
Кол Палмер влезе во вечноста а наскоро сигурно и во Гинисовата книга на рекорди како прв играч во историјата на Премиер лига кој постигнал дури четири погодоци во прв дел од еден натпревар.
Левоногиот генијален фудбалер даде три гола за 9 минути и 46 секунди што е шест најбрз хет-трик во историјата на Премиер лига.
Палмер притоа застана рамо до рамо со легенди на Челси како Дидие Дрогба, Франк Лампард и Џими Флојд Хазелбанк со најголем број на хет-трик учиноци: има 3 пати по хет-трик на 39 меча.
4 - Cole Palmer is the first player in Premier League history to score four goals before half-time in a single match. Cold. #CHEBHA pic.twitter.com/7dNiM1Ndd7
— OptaJoe (@OptaJoe) September 28, 2024
Во моментов Палмер има 6 гола и 4 асистенции за Челси во Премиер лига. Лидер на листата на стрелци е Ерлинг Халанд со 10 гола.
Како што обично бива, Кол Палмер си ја зеде топката со која постигнал хет-трик за себе, за спомен од овој неверојатен натпревар кој ќе се раскажува.