Кортео од Фиренца на гостување со над 1.000 моторџии
Емполи - Фиорентина важи за дерби во Италија бидејќи се наоѓаат во ист регион, а тоа е Тоскана. Градовите се оддалечени 32 км, одлична можност за едно поинакво гостинско патување. Во Емполи отпатуваа 4.000 навивачи на Фиорентина, од нив преку 1.000 на мотори. Прв пат се организираа на ваков начин во 1986-та, вториот пат во 1998-ма. Ова им е трет пат.