Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Бостон е нов шампион на НБА - рекордна 18-та титула за Селтикс!

Во петтиот натпревар од големото НБА финале, Бостон Селтикс пред своите навивачи во „ТД Гарден Арена“ го совладаа Далас Маверикс 106:88 и со вкупни 4:1 во серијата стигнаа до шампионска титула. Прва уште од 2008-ма година.

Романец го даде најубавиот гол досега на Еуро2024

Во соседското дерби меѓу Украина и Романија, Романците први стигнаа до водство. По една грешка на украинските фудбалери капитенот Николае Станчу постигна страшен гол од далечина за делириум на трибините кај што се романските навивачи.

Буцкото од Унгарија, најјакиот лик на Еуро2024

Резервниот центарфор на Унгарија Мартин Адам го привлече вниманието врз себе кога влезе од клупата на мечот со Швајцарија (1:3) на отворање на нивната група.

Словенечкиот коментатор полуде за голот на Јанжа

Бод голем ко Триглав! се насловите во словенечките медиуми денес откако Словенија успеа да извади 1-1 против Данска во 1. коло од групата Ц. Словенците први примија гол ама во вториот дел израмнија преку левиот бек Јанжа за голема радост на терен и на трибини.

Што ги обединува хрватските и албанските навивачи?

Во последно време секоја средба меѓу хрватски и албански навивачи има за цел само едно: да се навредуваат Србите и Србија. Така било и при една средба во германски Дортмунд.

Јунакот на Словенија: „Само замижив и распалив, не видов кај оди топката“

Словенците слободно може да се каже дека не само што и парираа на силната Данска, туку во одредени моменти и ја надиграа. Данците поведоа први преку Кристијан Ериксен во 17’ минута а Словенија после неколку шанси израмни во 77’ минута. Стрелец на голот беше 30-годишниот лев бек Ерик Јанжа кој постигна ефектен погодок за голем бод за Словенците.

Франција врие за изборите, Мбапе и Турам отворено бараа против кого да се гласа

Додека на прес-конференциите на другите репрезентации се зборува воглавно за тактика и формации, кај Французите нема ден а да не се дискутира за политика. Повод за тоа се претстојните избори во Франција на 30-ти јуни и 7-ми јули.

Овациите и песната Хеј Џуд за Белингем

Најголемата ѕвезда на англиската репрезентација Џуд Белингем одигра добар натпревар на отворањето против Србија. Беше стрелец на единствениот гол на мечот и заслужено го избраа за играч на мечот. Во еден момент имаше и мала закачка со Филип Костиќ а англиските навивачи го испратија со песната Хеј Џуд од Битлси.

Германците имаат интересен нов метод на тренинг

Во досегашниот тек од првенството Германија покажа најмногу, постигна 5 гола против Шкотска и во добро расположение ги чека следните дуели. Во меѓувреме нашле нов начин како да се забавуваат во базата.

Џуд Белингем прогласен за играч на мечот поради голот

Англичаните со триумф го почнаа Европското првенство, но играта не им ветува многу. Славеа 1-0 против Србија а англиските медиуми го критикуваат селекторот за слабо водење на екипата. Единствени пофални оценки доби стрелецот на голот Џуд Белингем кој на крај доби признание за играч на мечот.

Каков фудбал, Јокиќ на концерт во Сомбор

По крајот на напорната сезона во НБА а во пресрет на Летните олимписки игри, старите другари Никола Јокиќ и Бобан Марјановиќ решиле да се спојат на концерт на пејачката Ана Бекута во Сомбор.

Чудно однесување на селекторот на Холандија Роналд Куман

Холандија и Полска го продолжија ефикасното Европско првенство. Полјаците први поведоа преку Адам Букса во 16' минута а Холандија направи пресврт и славеше 1-2 со головите на Коди Гакпо во 29' и Вегхорст во 83-та минута. Туку што правеше Роналд Куман на клупата за резерви?

Тепачка меѓу српски и англиски навивачи во Гелзенкирхен

И покрај тоа што германската полиција во соработка со колегите од другите земји преземаа сè што можат да не дојде до судир, па дури и забраниле точење алкохол во многу локали во Гелзенкирхен каде играат Англија и Србија, сепак избил инцидент.

Нов опасен случај на Европско - полицијата пукаше во напаѓач на холандските навивачи

Пред само неколку дена европската јавност беше шокирана откако некој лудак со потекло од Авганистан влегол со нож и направил 'ршум во соседниот двор каде се гледало Европско во фудбал. Полицијата него го усмртила на лице место. Денес додека траела убавата парада на холандските навивачи, нов лудак со мачета се залетувал накај Холанѓаните па полицијата го испукала со неколку истрели.

Кај Холанѓаните е журката на Еуро2024

Холандското портокалово море како што го завикаа германските медиуми, во Хамбург е милина на колото. Да ти е ќејф да ги гледаш како се журкаат, на свој техно стил, и младо и старо и машко и женско. Браво лалиња!

Најочајниот хрватски навивач

Шпанија уште во прво полувреме ѝ одржа лекција на Хрватска и водеше со 3-0, резултат со кој на крај и заврши мечот. Коцкестите го одиграа можеби најслабиот меч на големите турнири во последните дваесетина години а тоа ги погоди нивните навивачи.

Најбрзиот гол во историјата на Европските првенства е дело на Бајрами

По убедливиот триумф на Шпанија над Хрватска, во последниот термин играа Италија и Албанија. Албанците поведоа во 22' секунда со гол кој влегува во Гинисова книга на рекорди како најбрзи во историјата на европските првенства.

Нашето фонди подобро од вашиот гулаш

Швајцарија по примерот на Германија, на првиот меч на Европското го растури својот ривал. Германците славеа 5-1 против Шкотска, а Швајцарците 3-1 против Унгарија. Славеа и на терен и на трибини.

Магија на Меси и Ди Марија, Аргентина е спремна за Копа Америка

Во сенка на Европското првенство, во САД се спрема ново издание на Копа Америка која се игра од 20-ти јуни до 14-ти јули и на кое титулата ќе ја брани актуелниот светски шампион Аргентина. Гаучосите на пријателски меч синоќа против Гватемала славеа 4-1 иако први примија гол. Меси и Ди Марија влегоа од клупата и заедно со Лаутаро Мартинез беа творци на успехот. Лео постигна два гола а имаше и една систенција.

Упад на терен за Роналдо, прекинат тренингот на Португалија

Фудбалските федерации мошне вешто го користат големиот интерес на навивачите за големите ѕвезди па така наплаќаат и влезници по скапи цени од 200 до 800 евра за присуство на тренинг на репрезентациите. Денес тренингот на Португалија го следеле речиси 8.000 луѓе а еден млад дечко го прекинал кога тргнал да го гушне Роналдо.

Отворено Еуро 2024 - домаќинот Германија ја растури Шкотска

Седумнаесеттото Европско фудбалско првенство вечерва беше и официјално отворено. На „Алијанц Арена“ во Минхен по пригодна кореографија, Германците ја пречекаа Шкотска и покажаа зошто важат за еден од фаворитите за шампионска титула. Убедливи 5-1.

Германски репортер стварно сакал да види што има под шкотски килт

Народната шкотска носија позната како килт општо е познато дека се носи без долен веш. Илјадниците шкотски навивачи кои допатуваа во Минхен на отворање на Еуро2024 го окупирале градот и го чекаат мечот со Германија вечерва на „Алијанц Арена“. Еден новинар решил да провери дали муабетите за килт се верни.

Водич за Европско првенство 2024 - Група Е

Групата Е е уникатна по тоа што во неа играат дури три земји соседи една со друга. Има еден изразит фаворит но историјата на Европски првенства покажува дека не секогаш фаворитите излегуваат како победници во група.

Учениците на Барса од школо на Европско и Олимписки Игри

Барселона со Чави полека се врати кон своите извори, во Ла Масија, школата од каде излегоа најголемите бисери на клубот. Од таму неодамна во прв тим стигнаа и Ламин Јамал, во моментов најталентираниот млад фудбалер на светот и стоперот Пау Кубарси. Двајцата буквално од школски клупи одат да играат на највисоко ниво летово.