Дрес на Леброн Џејмс од средно продаден за 1,3 милиони долари

Еден стар дрес кој повеќекратниот НБА шампион и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња ги носел додека уште бил во средно школо, е продаден на аукција за неверојатна сума од 1,3 милиони долари.

Станува збор за дрес од средното училиште „Сент Винсен - Сент Мери“ кој е продаден по трет пат, на петта аукција досега.

Култниот дрес со кого Леброн Џејмс се сликаше и за насловната страна на Спорт Илустрејтед под наслов „Избраниот“ во 2002-ра година.

Претходно, овој дрес бил продаван во 219-та за 184.000 долари и во 2021-ва за 512.000 долари. Сега одел на аукција во аукциската куќа „Џулиенс Аукшнс“ во Беверли Хилс. Човекот што ја купил не е именуван, а ја купил во саботата на наддавање при аукција.

Леброн е фотографиран во овој дрес како 17-годишно момче на 3-ти февруари 2002-ра година, а на тој меч постигнал дури 32 поени со што уште еднаш ставил потврда на нагаѓањата дека е предвиден за прв пик на скорешните драфтови тогаш.

„Кралот Џејмс“ имал блескава средношколска кариера. Во 2003-та година беше избран од Кливленд Кавалирс, клубот од неговиот роден град.

Од тогаш досега, лидерот на ЛА Лејкерс освои 4 шампионски титули, во 2012 и 2013 со Мајами Хит, во 2016-та со Кливленд Кавалирс после неверојатен пресврт со страшниот Голден Стејт Вориорс како и во 2020-та со ЛА Лејкерс за време на пандемијата, во големиот балон во Орландо.

Леброн во сите 4 финалиња за шампионска титула е прогласуван за МВП.

Во 2023-та година стан најдобар стрелец во историјата на НБА откако го надмина легендарниот Карим Абдул-Џабар. Со репрезентацијата на САД освои злато на Светско првенство 2008, 2012 и 2024.

Леброн Џејмс од 2005-та е редовен учесник на сите Ол-Стар натпревари. Сега ќе ја игра 22-та сезона по ред во НБА, седма по ред за него во Лејкерс. Ќе игра во ист тим со син му Брони кој потпиша договор со франшизата и со тоа станаа првите татко и син кои ќе играат во иста екипа во НБА.

1 октомври 2024 - 12:49