Еве на што личел теренот на стадионот во кој биле поплавени и канцеларии и други простории:
Се разбира дека на ваквиот терен на Вимблдон немало услови за ништо а камоли за фудбал па натпреварот бил одложен. Њукасл испаднал многу фер во целата приказна и не го оставил ривалот од четврта лига на цедило.
Со дозвола од англиската Фудбалска асоцијација се договориле натпреварот сепак да се одигра но на стадионот на Њукасл „Сент Џејмс Парк“ чиј капацитет е 51.700.
Решиле од натпреварот кој на 1-ви септември (во средата вечер) се одигра во Њукасл и кој домашните го добија 1-0, 45% од целокупната собрана сума на продадени билети да му ја донираат на Вимблдон со цел да го опорави теренот.
Скај Спортс притоа соопшти дека Њукасл Јунајтед исто му донирал и 15.000 фунти за помош на стадионот и дека се надеваат дека ќе соберат доволно средства од продадените влезници.
Вимблдон е клуб основан и организиран од навивачи, така што зад нив нема сериозна компанија или странски инвеститори.
Како што и доликува на приказнава, Њукасл со 1:0 го победил далеку послабиот ривал кој игра во четврта лига и не го понижил. Навивачите на Вимблдон преку разни акции веќе собале 96.000 фунти а извесен Грем Стејси кој ја отворил акцијата и фондот за донации рекол дека се надева дека ќе стигнат до 150.000 фунти за целосна санација на теренот и поставување нов тревник.