Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Ѓоковиќ стана и напушти интервју со БиБиСи

Во рамки на медиумските обврски на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ денес зборувал во студиото на БиБиСи. Откако јасно и прецизно го образложил моментот по крајот од мечот со Холгер Руне кога на дел од публиката која не покажала нималку почит кон него иронично ѝ посака добра ноќ, сега се напна и со водителот.

Бизарна повреда на Мората, редар го покоси при прославата

Убавата голема прослава на Шпанија поради триумфот над Франција во полуфиналето ја упропасти една малерозна епизода. Додека Шпанците славеа пред трибината со нивните навивачи, еден гледач упаднал во терен да се слика со играчите. Сите присутни редари тргнале по него а еден човек од приватното обезбедување на шпанската репрезентација додека трчаше се лизна и го удри Алваро Мората. Капитенот на Шпанија со гримаси кривеше додека го напушташе теренот и сега под знак прашање е неговиот настап во големото финале.

Доминантната Шпанија е прв финалист на Евро 2024!

Со прекрасен фудбал, типичен за светска велесила каква што е Шпанија, „црвената фурија“ после Хрватска, Италија и Германија, вечерва ја урна и Франција. Бледиот Мбапе не покажа ништо цело Европско, а Шпанците заслужено одат во големото финале, петто за нив на Европско во историјата.

Јамал дал ист гол и лани против Франција на младинско Европско У-17

Во полуфинале на младинско Европско У-17 за играчи до 17 години, тогаш 15-годишниот бисер на Барселона Ламин Јамал постигнал идентичен еврогол против Франција У-17 исто во полуфинале на Европско како и сега на сениорското.

Неверојатниот гол на тинејџерот Ламин Јамал

Шпанија и Франција одиграа фантастичен прв дел од првото полуфинале на Евро 2024. Французите поведоа рано, во 9' минута преку корпулентниот центарфор на ПСЖ Коло Муани. Шпанија брзо се консолидираше, се опорави и направи целосен пресврт со два луди гола. Прво на чудесниот Ламин Јамал кој со 16 години и 362 дена стана најмладиот стрелец во историјата на Европските првенства, а после преку Дани Олмо го затвори првиот дел со водство 2-1.

Насловните денес на ударните шпански и француски медиуми

Вечерва од 21 се игра големиот спектакл, полуфиналето на Еуро2024 меѓу Шпанија и Франција, две фудбалски велесили. По тој повод најчитаните спортски медиуми во овие две земји, Л’Екип и Марка имаат интересни насловни страни.

Фабијан Руиз - Нетипичниот херој на Евро 2024 чија мајка работела како чистачка во Бетис само за него

Шпанија дефинитивно игра најубав фудбал на целото Европско првенство 2024. Не само поради брзите и полетни крила Нико Вилијамс и Ламин Јамал, туку и поради тоа што во средина на теренот царуваат Родри и Фабијан Руиз. Првиот го знаеме од Манчестер Сити, а вториот блесна во полн сјај на Еуро2024 со 2 гола и 2 асистенции.

Интересен поткаст со бугарската легенда Стефка Костадинова

Стефка Костадинова е славна бугарска атлетичарка која во 1996-та година освои златен медал во скок во вис на Олимписките Игри во Атланта (САД). Костадинова е двократен светски шампион и петкратен светски шампион во сала. 59-годишната Бугарка е во редот на најголемите тамошни легенди како Христо Стоичков, Георги Аспарухов, Красимир Балаков и др. Таа цели 37 години го држеше светскиот апсолутен рекорд во скок во вис со 2.09 сантиметри. Во неделата го урна младата Украинка Јарослава Махучих која скокна 2.10 и стана нова светска рекордерка.

А знаеш да ја вртиш на прст, Леброн?

Кошаркарската репрезентација на САД во никогаш посилен состав ќе оди на Олимписки Игри. Летово во Париз доаѓа тешка ескадрила која би требала да се прошета ко на екскурзија до златото. Ќе ви наброиме само некои од нив: Стеф Кари, Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Кевин Дурент, Ентони Едвардс, Жоел Ембид, Девин Букер, Кавај Ленард, Џејсон Тејтум. Самиот крем-де-ла-крем на НБА. А и добро се забавуваат на тренинзи.

Хрватски репрезентативци од НБА се степале во Атина

Вечерта после поразот од Грција во финалето на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписки Игри во Париз летово, двајцата најдобри хрватски кошаркари, НБА играчите Ивица Зубац (ЛА Клиперс) и Дарио Шариќ (Денвер Нагетс) учествувале во голема тепачка во ноќен клуб во Атина. Хрватските медиуми пренесуваат дека Шариќ во еден момент бил на земја.

Најоткачената прослава на Копа Америка ја има татко му на Луис Диаз

Колумбија пукна петарда против Панама 5:0, а во полуфинале за противник го има Уругвај. Меѓу стрелците беше и Луис Диаз. Некој успеал на време да ја сними реакцијата на татко му после голот.

Меси извини, ние сме за Колумбија

Како и Еуро 2024, така и Копа Америка 2024 стигна до самата завршница. Ќе се играат полуфинални средби и во Европа и во САД. Таму преку океанот ќе играат Аргентина - Канада и Уругвај - Колумбија. Токму Колумбијците се селекција со четврта најголема поддршка на целиот турнир во САД. Досега оваа селекција на три меча од групната фаза (против Парагвај, Костарика и Бразил) ја гледале дури 165.446 навивачи на Колумбија. Меѓу нив и една шармантна млада дама.

Патувањата на Франција и Шпанија на Европските првенства

Вечерва со почеток од 21 часот на Алијанс арената во Минхен ќе се појават два фудбалски тешкаши. Франција тежи две европски титули (1984 и 2000), Шпанија три (1964, 2008 и 2012). Две селекции за кои само трофејот важи за успех. Кај Французите уште е прв стрелец Автогол, а Шпанците најмногу покажаа на ова ЕП.

Сликички од сите 7 големи турнири на Алесандро Дел Пјеро

Дел Пјеро за репрезентацијата на Италија одигра 91 натпревар на кој постигна 27 гола. Дебитираше на 25 март 1995-та година во натпревар од квалификациите за Еуро 1996 против Естонија, а последен пат официјално го носеше дресот на Италија на 10 септември 2008-ма против Грузија во квалификации за Светско првенство 2010. Последен голем турнир за големиот Алекс беше Еуро 2008 но тој сакаше да оди и на Мундијалот во Јужна Африка каде селекторот Марчело Липи не го повика.

И на свадба со капчето а?

Ако на Гугл пребарате фотографии од Џузепе Јакини, тренер на многу италијански екипи како Фиорентина, Парма, Емполи, Палермо, Сампдорија, а моментално стратег на Бари, сите слики ќе ви ги даде со капче. Кај син му на свадба во црква пак е со капче.

Бурното лето на Роберто Баџо, по грабежот доби поддршка од големи легенди

Малку во втор па дури и трет план летово помина веста дека Роберто Баџо бил нападнат брутално од неколку лица во својата вила во местото Алтавила Вичентина, бил ограбен и претепан со видни повреди на себе. Таа вест ја шокираше Италија и фудбалскиот свет. Баџо сега се појавил на хуманитарниот натпревар Операција Носталгија (Operazione Nostalgia) на која играле многу поранешни фудбалски легенди.

Кои се најдобри стрелци во историјата на Шпанија?

Алваро Мората досега на Еуро 2024 има 1 гол и тоа во убедливиот триумф против Хрватска. Играше на сите 5 натпревари. Со овој погодок стигна до 36 гола за репрезентацијата со што се искачи на високото 4-то место. Прв и натаму е неприкосновениот голгетер Давид Виља, а втор Раул Гонзалес. Мората до крајов на Европското би можел да го стигне Фернандо Торес кој е трет.

На Новак му дојде преку дур

За нецели два часа, Ѓоковиќ го збриша Холгер Руне со 3:0 и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Во говорот им се заблагодари од срце на сите навивачи кои покажуваа почит, а потоа фино ги подбра хејтерите. Мој мој па преку мој.

Епа како да ја изведам кога не се трга?

Стандардни се овие сцени во фудбалот кога тој што води задржува време покрај корнер знаменцето во 90+. Ајде тоа отсекогаш било и ќе биде, ама овој со кошаркарскиот фластер на аут линија очигледно стана напорен. Се работи за меч од МЛС меѓу Спортинг Канзас Сити и Далас.

Унаи Симон - еден од јунаците на Шпанија која тргна по пехарот

Шпанија се спрема за нов, голем, тежок предизвик. После битката со домаќинот Германија која ја совлада 1-2 по продолженија, сега ги чека Франција во полуфинале. Шпанците ќе играат со преполовен состав без дури тројца најстандардни првотимци.

Статистиката на Роналдо во нокаут фаза на СП и ЕП

Кристијано Роналдо држи многу рекорди, ама има и статистички параметри во кои е многу слаб. Како на ова Европско, така и на претходни големи натпреварувања за репрезентација.

Емоциите на 90 години за родната Шпанија

Меле ли меле, дофрла и пцуе, затоа што во прашање е неговата земја од која емигрирал на 16 години во Аргентина, против домаќинот Германија. Како мало дете ќе викне на крај, па уште и ќе запее. Цар.

Нејмар во диско дознава за Бразил и плаче

Бразил ги разочара своите навивачи на Копа Америка и загуби од Уругвај во четвртфинале на пенали. Се појави снимка од Нејмар како дознава за елиминацијата на мобилен. Другарите го тешат.