Рекорд на кариерата на Јокиќ, Денвер поразен

Кошаркарите на Денвер Нагетс го претрпеа и вториот пораз од стартот на новата сезона во НБА. Синоќа со 109:104 ги совлада Лос Анџелес Клиперс во меч во кој одново доминираше Никола Јокиќ без поддршка од своите соиграчи.

Никола Јокиќ постигна 41 поен со седум тројки што му е нов рекорд во неговата НБА кариера по бројот на погодени шутеви зад линијата 7,24.

Јокиќ на крајот имаше шанса и да му донесе победа на Денвер но на 20 секунди пред крај промаши едно од две слободни фрлања а потоа проба и за три поени за продолженија во последните секунди од натпреварот. Покрај него Мареј уфрли 22 поени а другите беа мизерни особено новајлијата Расел Вестбрук со 0-8 од игра, Портер имаше 4-13 а Гордон 3 од 10 погодени шута од игра.

Кај победникот, Пауел блесна со 37 постигнати поени, Харден имаше огромен учинок со 23 поени и 16 асистенции а Ивица Зубац забележа 24 поени и 15 скока.

Standings provided by Sofascore

 

27 октомври 2024 - 07:48