Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Хит со најубавите голови на Евро 2024

Даниеле Леле Адани има 50 години. Тој е поранешен фудбалерк кој играше стопер во Модена, Бреша, Фиорентина, Интер, Асколи и Емполи. Сега веќе неколку години е стручен аналитичар на италијанските спортски канали и е омилен мајтап муабет на италијанските твитерџии.

Столе: „Од дете го сакав Кањизарес од Валенсија“

Македонскиот репрезентативен голман имаше и официјално претставување во славната Валенсија. На „Местаља“ Столе ќе се бори за место покрај стативите со еден од најдобрите голмани на Евро 2024, Грузиецот Георги Мамардашвили кој до крај на преодниот рок би можел да замине во побогат клуб и да му ја остави „единицата“ на Димитриевски.

Шпанците 23 години немаат изгубено финале

Шпанија одигра најубав фудбал на Европското 2024, стигна до финалето и таму според многумина е фаворит за пехарот во дуелот со Англија. Шпанската репрезентација и шпанските клубови од 2001-ва година не изгубиле ниту едно финале на Лига на шампиони, Светско и Европско првенство и Лига Европа.

Дрска одбрана на Брестовац со една рака

Младата ракометна репрезентација на Македонија освои важен бод против Хрватска на ЕП за играчи до 20 години, откако успеа да се врати по 7 гола негатива. ЕХФ имаше што да издвои од нашиот табор, а тоа е одличната интервенција на Давид Брестовац.

Новак со сјајно интервју и врвни фотографии на Вог

Светскиот ас за првпат се појави на насловната страна на светски познатиот и престижен магазин за мода и стил Вог со натпис „Најголемиот на сите времиња“. Новак Ѓоковиќ како права модна ѕвезда во неколку разни стилови покажал дека го бива и за позирање.

Дали сте го виделе холандскиот гигенпресинг од 1974-та?

Холандија на Јохан Кројф играла прекрасен фудбал и остана запаметена во историјата како генерација која освои бројни трофеи. Во еден период освојува второ место на Светско првенство 1974-та со една чудна и необична тактика која денес би била лесно решлива. Позната е како гигенпресинг или контра пресинг.

Најмудриот кошаркар на сезоната

Со еден смислен потег исфрли цела противничка екипа од игра и комотно поентираше како ништо да не било.

Татко му на Луис Диаз ќе го јаде дома

Прво трчаше на трибина како избезумен кога син му даде гол против Панама во четврфинале, но потоа Колумбија го елиминираше и Уругвај, победа вредна финале во Копа Америка. Па ред е да ја видиме и најновата негова прослава.

Да ти нафрлам сакав, ама и вака не е лошо

Галатасарај одигра пријателска против ЛАСК од Австрија, а двата гола за турскиот тим ги даде Метехан Балтачи. Кутар Батшуаји се исполизга и се здрви во статива, само за да стаса една негова нафрлена топка, а не требало.

Топот од Морнар

Купишта натпревари се играа синоќа во квалификациите за Конференциската лига. Тиквеш им создаде незаборавна вечер на кавадарчани, ама и во Морнар од Црна Гора не беше лошо. Го совладаа Динамо Тбилиси со 2:1. Марко Џуришиќ ја има убавицата на колото. Од кај го извади шутов?

Тиквеш на Градски направи празник за очи со три мајсторски голови за 9 минути

Кавадарчани имаа деби настап на европската сцена како никој. Во првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Конференциската лига го совладаа исландскиот претставник Брејдаблик со 3:2 и тоа после негатива од 0:2 на 16 минути до крајот. 74-та минута Кристијан Стојкоски, 80-та минута Мартин Стојанов, 83-та Лео Гера. Головите кој од кој поубав.

Браво деца, така се пее химна

Младинската ракометна репрезентација на Македонија ја победи Црна Гора во првото коло на ЕП за ракометари до 20 години. Потоа со неверојатна серија им анулираа -7 на Хрватите и стигнаа до голем бод со што останаа во игра за прво место. Третиот меч го играат во сабота против Австрија. Уште од млади химната ја пејат достојно и емотивно.

Школите на Баскијците дадоа најмногу таленти за Шпанија на Еуро2024

Репрезентацијата на Шпанија игра прекрасен фудбал на Европското првенство каде се пласираше во финалето. Овој голем успех би бил невозможен без академијата на Атлетик Билбао која дава дури пет фудбалери во репрезентација од кои тројца клучни играчи за Шпанците.

Жените кои 24 години најверно ја бодрат Шпанија

Од 2000-та до 2024-та група од шест шпански жени ја бодрат својата фудбалска репрезентација на сите големи натпреварувања, Европски и Светски првенства. И сега се во Германија каде „Црвената фурија“ ќе игра во финалето на Еуро2024.

Џандаров има ли памет?

Одвратни сцени ни доаѓаат од Бразил, а за да бидете поштедени од глетките, не мора да го гледате второто видео до крај. Полицаец мртов ладен со сачмарка од близу го погоди голманот на Гремио Анаполис, Рамон Соуза. Малоумниот и кукавички потег го изведува со гумен куршум, ама сепак нејќете да му ја видите ногата.

Крај на една славна ера во Рим, заминува кралот на головите Чиро Имобиле

Привршува Европското, се наближуваат клупските натпреварувања на кои им претходи жешко лето со трансфери. Во Рим е веќе бурно. По заминувањата на Фелипе Андерсон и Луис Алберто, збогум на навивачите на Лацио ќе им каже и легендарниот Имобиле. Прв стрелец на клубот во кој експлодираше со 207 погодоци и стана Златна копачка.

Конечно! Кривични пријави за тие што упаѓаат на терен

Конечно се вразумија УЕФА и луѓето од германската полиција, па три лица кои упаднале на терен после полуфиналето меѓу Франција и Шпанија ќе добијат соодветни кривични пријави и имаат забрана за влез. Ова доаѓа откако едно лице од приватното обезбедување на шпанската репрезентација во обид да фати еден натрапник што влета во терен, се лизна и случајно го удри Алваро Мората кој избегна потешка повреда.

Луди сцени по голот на Англичаните во последен момент

Милиони навивачи на Англија синоќа минаа од агонија до екстаза, како и на целото Европско. Нивната селекција не игра ништо од очекувањата цел турнир но на италијански начин стигна до големото финале каде ќе води битка со Шпанија. Губеше Англија 0-1 па направи целосен пресврт и победи со гол на Оли Воткинс во судиско продолжение.

МВП-то на финалето во НБА мисли дека Најк бира играчи за репрезентација

Кошаркарската репрезентација на САД доаѓа на Олимписките Игри летово во Париз во можеби најсилен состав во историјата. Селекторот Стив Кер ги одбра најголемите суперѕвезди но не го повика МВП-то на големото финале на НБА и новиот шампион со Бостон Селтикс Џајлен Браун.

Реакција на публиката за Ѓоковиќ за време на интервјуто на Музети

Формирани се полуфиналните двојки на Вимблдон: Медведев - Алкараз, Ѓоковиќ - Музети. Во тешка битка која се играше во 5 сета, Италијанецот Лоренцо Музети го елиминираше Тејлор Фриц, а потоа додека зборуваше за легендата, се јави дел од неблагодарната публика.

Беше ли Холандија оштетена од контроверзниот судија обвинет за валкани игри?

Холандската фудбалска бајка на Европското 2024 заврши во полуфиналето после болниот пораз 2:1 од Англија со гол примен во последните секунди од основното време. Холанѓаните се бесни и лути на главниот судија на мечот Германецот Феликс Цвајер.

Дарвин Нуњез од Ливерпул во хаотична тепачка на Копа Америка

Колумбија ќе игра во финале на Копа Америка првпат после цели 23 години откако синоќа во големото дерби во полуфиналето го совлада Уругвај 1-0 и тоа со играч помалку дури од 42’ минута во првиот дел. После мечот на трибините каде стоеле заедно измешани и едните и другите навивачи, настанал хаос. Се вмешал и Дарвин Нуњез кој откако ситуацијата се потсмири пак го разгорел огнот. Наводно и уште непотврдено, семејството му било загрозено во целата гужва.