Леао со болки во пределот на гениталиите

Со двата гола на нивните главни играчи Ромелу Лукаку и Хвича Кваратцхелија, Наполи со 0-2 го победи Милан на гости и ја продолжи кризата на росонерите кои сега се на осмо место во Серија А со три порази и гол разлика 16:11. Тренерот Фонсека го остави Рафаел Леао на клупата за резерви со што уште еднаш потврди дека не е задоволен од залагањето на Португалецот. А и кога го стави во игра овој не се трудеше премногу и делуваше апатично на теренот. Наводно Барселона сака да го искористи овој конфликт и да го доведе Леао во своите редови, пишува шпански АС.

Влезе во игра во 62’ минута и се влечкаше по теренот додека губеа:

 

30 октомври 2024 - 15:08