Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Беше ли Холандија оштетена од контроверзниот судија обвинет за валкани игри?

Холандската фудбалска бајка на Европското 2024 заврши во полуфиналето после болниот пораз 2:1 од Англија со гол примен во последните секунди од основното време. Холанѓаните се бесни и лути на главниот судија на мечот Германецот Феликс Цвајер.

Дарвин Нуњез од Ливерпул во хаотична тепачка на Копа Америка

Колумбија ќе игра во финале на Копа Америка првпат после цели 23 години откако синоќа во големото дерби во полуфиналето го совлада Уругвај 1-0 и тоа со играч помалку дури од 42’ минута во првиот дел. После мечот на трибините каде стоеле заедно измешани и едните и другите навивачи, настанал хаос. Се вмешал и Дарвин Нуњез кој откако ситуацијата се потсмири пак го разгорел огнот. Наводно и уште непотврдено, семејството му било загрозено во целата гужва.

Драматичен финиш и во Копа Америка, Колумбија оди во финале

Имаме уште големо финале за гледање на 14 јули после она меѓу Шпанија и Англија. Колумбија го совлада Уругвај и за трофејот во Копа Америка ќе се бори против Аргентина.

Што не кажеме нешто лошо за овие навивачи

Баталете ги барабите што го демолираа кафиќот и пазете ја журкава пред вчерашното полуфинале меѓу Холандија и Англија. Ја прават голема група на холандски навивачи и им влегуваат на пар Англичани со безвременскиот хит на Битлси „Hey Jude". Ама не на суво, туку со цел дувачки оркестар. Каква весела банда е ова. Денот ни го направија. И докторката и сестрата излегоа на балкон.

Најглупите тепачки се случуваат на вакви првенства

Летаа флаши, коњопои, телевизори, а контактот меѓу навивачите скоро и да го нема. Персоналот се обиде на смири, па дури и еден од келнерите почна да мава, а потоа го нападнаа неколку Холанѓани, скроз бавни од што беа пијани. Со еден збор сè се ова бараби. Што ви е крив кафиќот? Договорете си ферка на некоја пољана со голи раце.

Џандаров плукнат Саутгејт

Колку знае колку му е глупо.

Воткинс херој, ја носи Англија во финале со гол во 90-та минута

Шпанија - Англија на 14 јули во 21:00 часот во Берлин е мега пресметката вредна титула на ЕП 2024. Англичаните конечно заиграа натпревар на ниво, посебно во првиот дел и со пресврт ја совладаа Холандија. Ја реши џокерот Оли Воткинс кој влезе во 81-ва минута место Кејн за конечни 2:1 по оние 1:1 во воведните 45 минути.

Думфрис ја извади од гол линија, па погоди статива

Содржајни први 45 минути во второто полуфинале на ЕП. По еден гол во двете мрежи, но и три 100% шанси во рок од 10 минути кои за влакно не беа реализирани. Думфрис спаси чист гол, па ја погоди пречката со глава. Англичаните одговорија преку Филип Фоден кој ја погоди стативата.

Чави Симонс со голчиште ја искина мрежата на Англија

Е вакви натпревари сакаме. Се преслика вчерашното прво полувреме меѓу Шпанија и Франција. Повторно гледаме отворен и атрактивен фудбал со шанси и голови и конечно фудбал заигра Англија која во воведните 45 минути имаше 8 удари од кои 3 во рамки на гол, како и 65% поседн на топка. 7-ма минута прекрасен гол на младиот Симонс, 11 минути подоцна пенал за Кејн.

Холандска инвазија на Дортмунд

Околу 80.000 Холанѓани се очекува денес да бидат во Дортмунд по повод полуфиналето на Еуро2024 со Англија вечерва од 21:00. Холандија ги имаше најсимпатичните навивачи на Европското кои се журкаа и не мислеа на инциденти и испади. Вечерва против себе ќе имаат англиска армија која исто врши опсада на Дортмунд со илјадници тони пива.

Џон Мекинро во одбрана на Ѓоковиќ: „Имавте две светски класи, тој дојде и им упадна на забавата“

Во вимблдонското студио на БиБиСи, домаќинката Клер Балдинг разговарала со стручниот коментатор и тениска легенда Џон Мекинро. Меѓудругото дискутирале и зошто дел од публиката е во конфликт со Новак Ѓоковиќ а и тој со нив.

Сите победници на Копа Америка низ годините - кој е најтрофеен?

Светскиот шампион Аргентина ни дава уште луксуз да поуживаме уште во мајсториите на Лионел Меси. Гаучосите стигнаа до ново финале на Копа Америка каде ќе се обидат да го одбранат пехарот освоен во 2021-ва во Бразил. На тој пат ќе го имаат подобриот од второто полуфинале меѓу Колумбија и Уругвај.

Чудна коинциденција во финалињата на Европските првенства

Ако верувате во ваква традиција или што да е, трк до кладилница да ја уплатите сингл Холандија.

А Јамал би го земал во А тим?

16 годишната сензација на Барселона и селекцијата на Шпанија им се најде на Србите за да го реметат Пикси, што не го повикал младиот Александар Павловиќ кој дебитираше за Баерн Минхен на 18 години.

Зошто го свиркаа Кукуреља на секој контакт со топка?

Од 70 и нешто илјади гледачи синоќа на полуфиналето Шпанија - Франција на „Алијанц Арена“ во Минхен, голем дел го исвиркуваа шпанскиот лев бек Кукуреља буквално при секој допир со топката.

Кои сè рекорди ги урна малиот Ламин Јамал?

Најголемата сензација на Европското првенство, малиот Ламин Јамал кој има 16 години и за некој ден ќе наполни 17, против Франција во полуфинале постигна луд гол од далечина за израмнување и помогна Шпанија да влезе во финале.

Ноер ти си?

Голманот на Франција, Мајк Мењан одма се забележува дека е голман на Милан. За време на полуфиналето против Шпанија, во еден момент се претвори во Алесандро Неста.

Гледајте го на 12 години што им правел

Лудо е да го гледаш ова видео на Ламин Јамал и тој негов детски лик и да мислиш дека четири години подоцна, ќе биде стартер во полуфинале на ЕП, па уште и ќе го реши против една Франција.

Како нема да плачат неговите, па 16 години има

Ламин Јамал е дефинитивно посебна приказна, која се очекува да се развива како врвен фудбалски роман. Откако гледаме фудбал, не паметиме дека друго дете на 16 години има дадено вакво дрско голчиште вредно финале и тоа против двократен светски и европски првак, каде игра во моментов најјакиот играч во светот кој направи трансфер во Реал Мадрид. Кој знае каква е емоција е ова за родителите.

Ама зошто така Де Пол?

Светски првак е со Аргентина и освојувач на Копа Америка, плус игра во Ла Лига. Добро има ли земја или првенство во кое некој не го прави ова? Стотици имаме објавено на сајт.

Како изгледа средба со Меси во микс зона?

Обезбедување од Копа Америка, обезбедување од Аргентина, четворица полицајци и уште тој неговиот од Мајами фали. Плус да не мислеше дека со 5 новинари ќе пројде? Некои и не се ни новинари, се корнат од буткање за селфи.

Мартинез и страна кога ќе погреши пак ја брани

Емилиано Мартинез е задолжително парче од аргентинскиот мозаик кој како актуелен светски првак, во недела ќе ја брани титулата на Копа Америка. Ноќеска ја совладаа во полуфинале Канада со 2:0, а Мартинез си е Мартинез.

Меси - Алварез и Аргентина е во финале

Само три часа по радоста на Шпанија која се пласираше во финалето на ЕП и Светскиот првак ја мина полуфиналната пречка, а тоа значи дека ќе ја брати титулата во Копа Америка.