Главниот уредник на Франс Фудбал објасни зошто Винисиус не зел „Златна Топка“

Во морето дискусии, расправии и убедувања зошто Винисиус Жуниор требал или не требал да добие „Златна топка“ од Франс Фудбал и УЕФА, еден разумен коментар на уредникот на познатиот француски магазин стави крај на дебатата.

Винсен Гарсија е главен и одговорен уредник на магазинот Франс Фудбал којшто по првпат заедно со УЕФА ја доделуваше наградата „Златна топка“.

Тој отворено кажал дека од Реал Мадрид им барале информации за резултатите пред церемонијата да почне а откако не добиле никаков одговор тоа ги навело да помислат дека Винисиус сепак не е победник и затоа решиле целосно да ја бојкотираат целата манифестија.

Околу 55 членови на делегацијата на Реал Мадрид (фудбалери, тренери, функционери) не отпатувале воопшто за Париз во знак на протест зошто Винисиус не добил „Златна топка“.

„Веројатно е дека мојот молк ги наведе да помислат дека Винисиус нема да победи. Очигледно е дека тоа се случи бидејќи Белингем и Карвахал се исто меѓу првите пет. Тоа е чиста математика - на Винисиус неговите соиграчи му земаа бодови. Причина за ова е одличната сезона на Реал Мадрид поради што гласачите ги поделија своите гласови меѓу тројца или четворица играчи од тој клуб што на крајот му направи штета на Бразилецот а му донесе корист на Родри“, рекол главниот уредник на Франс Фудбал. Тој додал и дека ниеден друг клуб не бил информиран за резултатите пред официјалниот настан.

Родри ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот, прв Шпанец после 64 години

Во целата историја, само двајца играчи од Премиер лига добиле „Златна топка“

Касиљас со критички и издржан коментар за Златната топка

29 октомври 2024 - 10:27