Во реномираниот театар Шатле во Париз се собра кремот на светскиот фудбал. Во последните неколку недели на големо се шпекулираше кој ќе ја добие наградата за најдобар играч на светот. Долго време прв фаворит беше Бразилецот Винисиус од Реал Мадрид a веднаш до него беше и Шпанецот Родри.
Трофејниот и фантастичен фудбалер на Манчестер Сити е освојувач на англиската Премиер лига и европски шампион. Зад Родри, во изборот завршија Винисиус Жуниор, Белингем и Карвахал.
Реал Мадрид ја бојкотираше церемонијата во знак на протест што Винисиус не ја добил „Златната топка“ и 55 членови на делегацијата на „кралскиот клуб“ не отпатувале воопшто за Париз.
Тој предминатата сезона ја освои и Лига на шампиони и тоа беше стрелец на победничкиот гол во финалето со Интер но не е актуелен првак затоа што Реал Мадрид ја освои титулата во ЛШ минатата сезона.
Франс Фудбал за првпат ја врачува наградата врз основа на резултати, учиноци и успеси за цела сезона а не за календарска година.
Родри одигра неверојатна сезона 2023/2024. Заслужено ја освои наградата „Златна топка“:
- Му помогна на Сити како лидер да ја освои Премиер лига. Одигра 34 натпревари, пропушти само 4 од кои 1 беше поради црвен картон кога се спречка со противнички играч. Во Премиер лига имаше 8 гола и 9 асистенции.
- Освои Суперкуп на УЕФА и Светско клупско првенство. На тоа Светско клупско одигра два меча а Сити лесно ги совлада двата противници. Во Суперкупот на УЕФА Родри имаше асистенција до стрелецот на голот Кол Палмер кој тогаш во август 2023 играше за Сити.
- Освои Европско првенство со Шпанија каде беше главен и клучен играч на Шпанците и доби награда за најдобар играч на Европското. Ја обедини и зацврсти новата генерација шпански репрезентативци кои летаа на крилјата на Ламин Јамал и Нико Вилијамс.
RODRI IS THE 2024 MEN'S BALLON D'OR! #ballondor @ManCity @ChampionsLeague pic.twitter.com/heWvSQsOxn
— Ballon d'Or (@ballondor) October 28, 2024
- Држеше единствена серија без пораз додека беше на теренот. Сити со него во тимот од кога го купил до моментот на тешката повреда сега одиграл 260 натпревари, а победил на 74% од нив. Без Родри одиграле 45 меча а процентот на победи е 64%.
КОИ ДРУГИ ПОБЕДНИЦИ ОСВОИЈА НАГРАДИ?
Ламин Јамал ја доби наградата за најдобар млад фудбалер, Реал Мадрид за најдобра машка екипа, Карло Анчелоти за најдобар тренер на светот, Ема Хејз за најдобар женски тренер, Емилијано Мартинез за најдобар голман на светот по втор пат, Аитана Бонмати за најдобра женска фудбалерка и Родри за најдобар машки фудбалер.
Во целата историја, само двајца играчи од Премиер лига добиле „Златна топка“
Главниот уредник на Франс Фудбал објасни зошто Винисиус не зел „Златна Топка“