Во целата историја, само двајца играчи од Премиер лига добиле „Златна топка“

Скромниот 28-годишен Шпанец Родри заслужено ја понесе престижната награда за најдобар фудбалер на светот за изминатата сезона 2023/2024.

Epa images

ПРВ ФУДБАЛЕР НА ПОЗИЦИЈА ПОСЛЕДЕН ИГРАЧ ОД СРЕДЕН РЕД СО ОВАА НАГРАДА

Верувале или не меѓу сите добитници на „Златна топка“, за првпат во историјата наградата му се додели на еден последен играч за врска од среден ред.

Наградата само еднаш ја добил голман, рускиот великан Лав Јашин во 1963-та. Три пати „Златна топка“ добиле одбранбени фудбалери: Франц Бекенбауер (1972, 1976), Матијас Замер (1996) и Фабио Канаваро (2006). Лотар Матеус ја освои ова награда но тој во кариерата играше на многу различни позиции и не беше прав заден везен фудбалер. Сите останати добитници се напаѓачи.

Родри притоа е првиот Шпанец добитник на „Златна топка“ уште од 1960-та година. На стартот на доделување на оваа вредна награда (ја даваат уште од 1956-та), три пати Шпанец ја добивал: два пати една од најголемите легенди на Реал Мадрид Алфредо ди Стефано во 1957 и 1959 а еднаш Луис Суарез Минамонтес во 1960-та. Од тогаш до денес имало многу шпански кандидати но ниеден никогаш не ја добил.

Ова е прв шпански фудбалер со „Златна топка“ после цели 64 години. Заслужено.

Родри стана и прв играч од Премиер лига што освоил „Златна топка“ после 16 години. Претходно Кристијано Роналдо во 2008-ма додека играше за Манчестер Јунајтед ја доби. 12 од следните 14 „Златни Топки“ до Родри ги освојуваа играчи на Реал Мадрид и Барселона. Во последните 56 години само двајца претставници на Премиер лига биле добитници: во 2001-ва Мајкл Овен од Ливерпул и сега Родри од Манчестер Сити.

Родри за првпат во клупските витрини на Ман. Сити ја носи оваа награда „Златна топка“.

*********************

Родри ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот, прв Шпанец после 64 години

29 октомври 2024 - 08:38