Offside

Релацијата Комити - Миленко е нефункционална со месеци, односно откако Неделковски е директор на клубот. Војната обично ја водат преку Фејсбук, а навивачите дополнително и со протести од трибини. Неодамна ги објавивме скандирањата на Комити против Миленко. Да го видиме сега неговиот одговор.

Сергеј ја заби во гол уште во 2 минута од дебито во Саудиска Арабија

Точно 70 секунди му беа потребни на Сергеј Милинковиќ Савиќ за деби гол уште на првиот настап во новата средина каде ќе заработува по 20 милиони евра во наредните три сезони. Ал Хилал славеше против Ал Кувајт со 4:2, а Србиот блесна гол и страшен пас во шеснаесетник. На листата на стрелци се запиша и Рубен Невеш.

Како Никола Јокиќ преку ноќ стана Никола Јок?

Новиот НБА шампион го откажа настапот за репрезентаци на Светското првенство кое старутва за еден месец. „А ти народе станувај во 4 сабајле да го гледаш и навиваш“, гласи еден од коментарите.

Се знае ли овде кој кого сака да тепа и зошто?

Арсенал загуби 2:0 од Манчестер Јунајтед на пријателски дуел во САД. На трибини воопшто не беше пријателска атмосферата меѓу навивачите на Арсенал кои се тепаа меѓу себе. На никој не му е јасно зошто е оваа шабанска лакрдија и кој од чија е? Какви глупаци и тој што пробува да двои е крив.

Кинеска лакрдија поради црвен картон

Имате жолт картон за помошникот, па црвен картон за тренерот, шамар од тренерот за судијата и на крај колабирање на тренерот кое ќе го забележите на вториот клип. Нестварниот развој на настаните се случува во кинеската втора лига.

Бомбастичен деби гол на Лука Ромеро за Милан, асистенција и пол на Модриќ

Реал и Милан приредија шоу во Калифорнија на пријателски дуел. Кралевите имаа негатива на полувреме од 0:2, ама се вратија во вториот дел и со головите на Валверде 57` и 59` и Винисиус 84` дојдоа до победа. За одбележување е левицата на новиот играч на Милан, Лука Ромеро кој го купија од Лацио, како и страшната асистенција на ненамидливиот Модриќ, клучна за триумф.

Чесите ја кренаа завесата со еврогол, кандидат за гол број 1 на сезоната

Млада Босеслав го совлада Јаблонец со 3:1 во првото коло од чешкиот шампионат, а мечот донесе сериозен кандидат за гол на сезоната. Погледнете ја бомбата на Доминик Костка. Како од катапулт.

Најдоброто од Меси на дебито за Мајами

Американците беа сведоци на деби настап на Лео Меси за уживање, особено во финишот од средбата кога распали од слободен и му донесе победа на Интер Мајами против Круз Азул. МЛС скоцка видео само со најинтересните моменти од неговиот прв меч во САД.

Нов атрактивен гол на Адеми во Кина

Пекинг Гуан го совлада Циндао Хаиниу со 2:0 во кинескиот шампионат. Првиот гол го постигна Аријан Адеми кој како фурија влета во шеснаесетник и доста мајсторски и умешно ја реши ситуацијата пред голот на гостите. Два гола и две асистенции за македонскиот репрезентативец во Кина.

Не можеа да се догушкаат Леброн и Меси

Леброн Џејмс, Серена Вилијамс и Ким Кардашијан беа дел од ѕвездите кои го следеа од трибини дебито на Меси во САД, кој блесна со голчиште во 94 минута и го реши мечот. Топла, ептен топла средба имаа двете спортски легенди.

Спектакуларно деби на Меси во САД со гол од слободен удар во 94 минута

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, приреди шоу во Мајами само што го облече новиот дрес. Да сакаше некој да смисли, немаше да му текне појако сценарио на дебито.

Циркузијада од пенал во Конференциска лига

Мислевме дека ова го има само во сала на мали голови, ама се случи и во професионален фудбал и тоа на европско меѓународно натпреварување.

Барем за Вардар се обединија

ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Левица, ЛДП, ДОМ, Гром и Зелен Хуман Град гласаа ЗА и без ниту еден глас против, за Вардар да добие финансиска промош од Град Скопје. Градоначалничката ќе решава колкава ќе биде сумата.

Ди Марија си поигра со Роналдо

Бенфика убедливо со 4:1 го совлада Ал Наср во подготвителните натпревари пред новата сезона. Очите беа вперени кон двете најголеми ѕвезди. Помладиот ветеран, Ди Марија (35), најде чаре на атрактивен начин да се ослободи од постариот кој има 38. Плус даде и гол.

Како изгледаат европските предизвици за Алкалоид и Вардар сезонава?

Двата македонски претставници во ракометната Европска лига ги дознаа противници во групната фаза, за која Вардарци сè уште се немаат изборено.

Не сега шефе, остај ме уште 5 минути

Само неколку дена откако Ал Наср беше декласиран од Селта Виго со 5:0, загубија убедливо и од Бенфика со 4:1. Резултатот го отвори Анхел Ди Марија, а на Роналдо како да не му се излегуваше од игра и при негатива од 3:1, па се испазари со тренерот за дополнителни 5 минути.

Драма во домот на Донарума, избегале претепани со жена му во 3 по полноќ

Голманот на ПСЖ и селекцијата на Италија претрпел терор дома среде ноќ откако му влегле насилни крадци. Повредени со жена му завршиле во болница.

Американските новинари и нивните фудбалски познавања

Арсенал одигра фантастичен пријателски натпревар против Ол стар тимот на МЛС лигата и го совлада со 0:5. Следуваше вклучување во живо со еден од играчите. И тој во студио и таа на терен го промаши. Фоларин Балогун го најавија како Бакајо Сака.

Аматерска голманска реакција во ЛШ

Само што ви ја раскажавме сензацијата на шампионот на Фарски острови над шампионот на Унгарија и налетавме на еден од головите од тој меч во рамките на првото квалификациско коло за ЛШ. Ференцварош е дома елиминиран и посрамотен од Клаксвикар со 0:3, кој им гостуваше со голман кој две години е во пензија. Ова трчкање како во парк, зачинето со срамен кикс го прави голманот на домаќините.

Сензационален настап на пензиониран голман во ЛШ кој претходно се рекреирал во петта лига како дефанзивец

Македонскиот првак Струга Трим Љум е елиминиран од литванскиот претставник Жалгирис во првото квалификациско коло за ЛШ. Него тие не ни се тема, туку прваците на Фарски Острови кои со импровизиран чувар на голот направија чудо над чудата.

Првата ВАР одлука соопштена на микрофон

Домаќинот Нов Зеланд направи сензација на стартот на Светското фудбалско првенство за жени откако ја совлада Норвешка со 1:0. Во финишот добија и пенал за 2:0, но го промашија. Судијката Јошими Јамашита за прв пат во историјата на фудбалот ја кажа ВАР одлуката да може да ја чуе цел стадион.

Мајсторијата на Габриел Жезус снимена од главниот судија

Фудбалерите на Арсенал си поиграа со ѕвездите на МЛС и ги совладаа со 5:0. Спектаклот продолжи на социјалните мрежи каде голчиштето на Бразилецот може да се види, снимен со камера која е закачена на дресот на судијата.

Две ѕвезди од Премиер лигата стануваат соиграчи на Алиоски и Велковски

Се шири европската колонија во Саудиска Арабија со звучни фудбалски имиња од најсилните лиги. Последните двајца се од Манчестер Сити и Ливерпул.

Лоб на Жезус ала Меси, страшен пас на Одегард и деби гол на Хаверц

Засилените Топџии тргнаа убедливо уште на подготовките пред новата сезона која ја стартуваат за три недели. 5:0 ги декласираа ѕвездите на МЛС со убавина од потези и голови.