„Министер, сопственик на клуб, сопственик на тв права, член на Извршен комитет на УЕФА, директор на Европска клупска асоцијација, сè во едно?“, пишува на една парола додека под неа на друга стоеше:
„Фудбалот тоа сум јас? Од**би плутократо Ал-Хелаифи“. Покрај паролите стоеше и неговиот прецртан лик.
Очигледно навивачите на Баерн сакаат да застанат во заштита на фудбалот и им смета што газдата на ПСЖ е толку моќен во светот на фудбалот.
Како притоа да забораваат што нивниот Баерн прави во германскиот фудбал изминативе децении кога со страшно голема надмоќ и огромен буџет го купува секој добар играч кој ќе се појави во Бундеслигата и со тоа ги ослабнува противничките клубови па полесно доаѓа до титулите.
Има бројни примери за тоа колку пати Баерн Минхен ги зел најдобрите фудбалери на нивните главни конкуренти за титулата, пред сè од Борусија Дортмунд (Левандовски, Матс Хумелс, Роберт Ковач, Марио Геце, Рафаел Гуериеро, Торстен Фрингс и многу други), па никому ништо.
А убаво би било да се види и листата на членови на разни комитети во УЕФА и ФИФА на луѓе блиски до Баерн Минхен во минатото и сега.