Ужасот на Гвардиола и Манчестер Сити сведен во статистика

Англискиот првак во последно време е непрепознатлив со резултатите. Навивачите се разочарани, истовремено оние кои го товарат на ливче, пцујат во кладилница. Посебно синоќа.

Манчестер Сити е дефинитивно во голема криза и не знае за победа точно еден месец или поточно од 26 октомври кога славеше дома против Саутемптон во Премиер лига 1:0.

Од тогаш имаат 5 порази по ред и реми вчера вечер со Феенорд и тоа после водство од 3:0 на 15 минути до крај. Да се чуди човек.

Зборуваме за најмоќиот Сити во историјата со човекот кој им донесе 18 трофеи во 8 години, како и тројна круна. 

Еден од најдобрите тренери во светот е во проблеми од кои мора да најде начин да излезе.

Лошата низа им донесе невидена статистика за која веројатно не ни сонувале.

Месец ноември им е за заборав. Фактите гласат вака:

- Прва екипа која не успеала да победи во Лига на шампиони после водство од 3:0 до 75 минута.

- За прв пат во 942 меча тренерска кариера, Пеп Гвардиола губи после водство од 3:0.

- Прв пораз во тренерската кариера за Пеп Гвардиола од 4:0.

- Пеп за прв пат загуби 4 натпревари по ред во Премиер лигата и прв пат загуби 5 по ред во сите натпреварувања.

- Прв месец без победа на Манчестер Сити откако Пеп Гвардиола е тренер.

- Прв месец без победа за Пеп после 2015-та година.

- Прв месец во кој шпанскиот стратег има повеќе од еден натпревар без победа во кариерата.

- Повеќе постигнати голови овој месец (15 на 5 меча), отколку во претходните 3 месеци (13 на 15 меча) во сите натпреварувања.

- Повеќе загубени натпревари (4 од 5), отколку во претходните 3 месеци (1 од 13).

- Манчестер Сити прими 2 или повеќе голови на 6 меча по ред во сите натпреварувања за прв пат после мај 1963-та. Таа сезона испадаа од прва лига.

27 ноември 2024 - 14:58