Поранешен вардарец му даде убав гол на Милан со трк од 70-80 метри

Во дождот од вкупно 40 голови на 9 меча, што е рекорд во едно коло од ЛШ, стрелаше и познато поранешно име од македонското првенство, кој со Вардар беше првак во 2017-та и играше во Лига Европа. Се работи за Тигран Барсегјан, кој синоќа на мечот Слован Братислава - Милан 2:3, стана втор ерменски фудбалер со гол во елитното натпреварување.

Барсегјан беше асистент за вториот гол на домаќините од Словачка, кој е исто така за одбележување, а го постигна Нино Марчели.

Ерменецот беше на Градски во периодот 2016 - 2018, а за Вардар има вкупно 72 настапи и 22 гола.

Да се потсетиме на два:

Неочекуван гол на Барсегјан и тотално збунет коментатор

Како Барсегјан му нарача космодиск на Шкртел

27 ноември 2024 - 12:02