Фабрицио Миколи на 179 натпревари за Палермо, за тимот од Сицилија постигна 81 гол и имаше 48 асистенции. Со висина од само 168 сантиметри тој беше права експлозивна мина за противничките одбрани.
Но како и во фудбалот, така и во животот има подеми и падови па така и Миколи не го заобиколила судбината. Во 2021-ва година тој беше осуден за изнуда и врски со мафијата. Денес поранешниот центарфор на италијанската репрезентација отворено зборува за своите грешки и промашувања и како успеал да го преброди тешкиот пад.
Сега веќе не носи дречлив шунт од накит, обетки, ланчиња и нараквици со дијаманти. Фризурата му е поскромна исто како и облеката, веќе не носи светлуцкави кошули и шарени џемпери. Неговиот стил веќе не изгледа на излог во бутик.
Во интервју за Кориере Дела Сера, Миколи раскажува за тоа низ што поминал додека бил во затвор зад решетки (го осудија на 3 години и 3 месеци а после 6 месеци добил условна слобода поради добро владеење).
Миколи, колку долго трае еден ден во затвор?
„Бесконечно“.
Ако погледнеш позади што гледаш?
„Една огромна грешка стоерна, сила да се реагира и да се соочам со најлошото достојно, сериозно и со високо крената глава. Гледам една горчлива епизода која конечно заврши. Денес тешко ми е да зборувам за тоа, би сакал да ја оставам дефинитивно зад мене. Слободен човек сум и тоа е чудесно чувство!“.
Кој е вашиот хоризонт?
„Фамилијата, желбата да се спојам пак со мојот фудбал. Има внатрешен мир кој конечно е можен по средбата со Марија Фалкон“.
Фабрицио Миколи е роден во Лече, денес има 48 години и се уште ја има симпатичната насмевка. Се сретнал неодамна и со Марија Фалконе, родена сестра на најпознатиот светски обвинител убиен од мафијата Џовани Фалконе. Миколи пред неколку години во објавен телефонски разговор го нарекол судијата Фалконе „тој глупак“ за што подоцна низ солзи јавно се извини.
Што ви кажа таа?
„Немаше потреба од премногу зборови, сретнав една прекрасна жена која што ме освои со насмевката. Бев емотивен и помалку срамежлив, но кога ја видов имав силна желба уште еднаш да и ги објаснам тие зборови, да и кажам колку се кајам. Тој настан ми наштети не само мене туку пред се на моите родители кои секогаш беа тука. Долго време чувствував грижа на совест во однос на нив. Срам буквално. Успеав да излезам благодарение на нив и на жена ми Флавијана и на нашите деца Диего и Свами. Нивната поддршка беше клучна. Тоа и го раскажав на докторка Фалконе, таа сочуствуваше со мојата болка. Засекогаш ќе и бидам благодарен!“.
Што правевте денес?
„Бев во мојот свет, со дечките од фудбалскаташкола Сан Донато во Лече. Растењето на тие таленти ме прави среќен. Некое дете веќе дадовме во екипи од Серија А. Работиме добро, им помагаме и на оние кои имаат семејни потешкотии. Ги следиме нашите мали фудбалери со одлични манири. Ми враќаат спомени како кога јас бев дете“.
Вчера и денес, што е сменето со децата кои сонуваат фудбалска топка?
„Поинакви се, помалку гладни, помала желба имаат да се докажат. Имаат се, често играат фудбал од забава а не зошто им е реална цел да ја следат. Секако потоа кој е талент се одвојува и почнува да верува во себе и да се посветува сто посто“.
Вие и тоа како имавте талент...
„Така е! Бев Марадона од Палермо, нели? Овој град е се за мене: дом, семејство, другари. Живот. Ме обожуваше и јас ги обожувам: навивачи, соиграчи, тренери, претседатели. Навистина бевме една фамилија“.
Но и град во кој ви се случија најлоши работи?
„Фудбалот и Палермо немаат ништо со мојот настан. Направив една огромна грешка“.
Каква?
„Им кажував се на сите. Бев многу наивен, многу изложен, но сето тоа е дел од мојот карактер кој се обидувам да го поправам. Згрешив, платив, побарав извинување и прошка и ставив точка кога ја запознав Марија Фалконе со која имаме и заеднички иницијативи за солидарност во Палермо. Вратата од мојот дом секогаш беше отворена.“
За кого?
„За сите кои чукаа зошто имаа потреба од помош. Плаќав сметки кој немаше пари, купував, пазарев за кој не успеваше да има чинија на маса. Само Бог знае колку хуманитарни вечери организирав за оние на кои им беше најпотребна, за да купам апарати за донација за педијатриска болница. Работи кои ми го исполнија животот, и ден-денес организирам аукции“.
И што ставате на аукција?
„Некои свои дресови, најважните, копачките од оној хет-трик на „Меаца“...
(на 1. февруари 20120-та година Интер и Палермо го одиграа еден од најлудите натпревари во историјата на Серија А. Заврши 4-4 на снежно бел терен во Милано. За домаќините четири гола даде Диего Милито а за гостите три гола Миколи и еден Мантовани).
Имате ли уште другари?
„Знаете, претходно имав илјадници. Денес ми останаа тројца но доволно. Како браќа ми се“.
Колку луѓе ви свртеа грб (додека бил осуден и во затвор)
„Многу! Но можеби тоа беше природно. Во фудбалот често имаш повеќе познаници отколку прави пријатели така што го очекував ова. Но морам исто да кажам дека скоро секојдневно ми ѕвонеа по 4-5 луѓе. Беа близу го почуствував тоа“.
Кои?
„Роберто Д'Аверса, Серсе Козми, Франческо Мориеро например. Со тие луѓе до ден-денес комуницирам, претежно и за работа. Посебни луѓе.
Обично поранешните фудбалери се пробуваат како тренер. Сте размислувале ли за тоа?
„Секако, јас стекнав тренерска лиценца и дури работев со Мориеро во Динамо Тирана. Но многу брзо сфатив дека не е мое. За да се биде тренер на пристојно ниво треба да си 24 часа посветен, да се откажеш од се останато. А јас не сум создаден за тоа. Памтите каков фудбалер бев?“
Потсетете нè...
„Понекогаш не тренирав, не трчав. Но сите ми простуваа зошто на терен давав голови и сите бевме среќни“.
Имате ли добар однос со соиграчите од тоа време?
„Многу ги сакав, сите нив. И тоа беше взаемно. Носев радост во соблекувалната. Еднаш во Палермо влегов во бутик Долче и Габана и купив гардероба за околу 20.000 евра. Ги донесов во базата и ги раздавав, кому кошула, кому каиш. Тоа беше шопинг за сите“.
Многу заработувавте?
„Да, доволно. Но и многу трошев. Многу глупости правев...
Например?
„Трошев на коли и саати, нив не ги сметам. Но и на облека и се мораше да биде мода“.
Го сочувавте тоа што го вложивте?
„Секако. Сега сум во областа на туризмот. Заедно со жена ми Флавијана водиме хотели. Понекогаш среќавам луѓе, правам чек-ин, ги земам од аеродром, носам достава. Се трудам колку можам инаку кој ќе ја слуша?!“
Каква жена е Флавијана?
„Сериозна, спокојна, едноставна... Би се оженил со неа уште илјада пати. Прекрасна жена. Без неа не би се справил. Таа секогаш ме поддржуваше. „Ќе видиш, ќе излеземе од ова посилни“, викаше. И така се случи. А и децата...
Но тие веќе не се деца...
„Сави и Диего - мојот живот. Да, имаат веќе по 16 и 18 години но за таткото секогаш ќе бидат малечките. Син ми го крстив во чест на Марадона. Тој исто игра фудбал, за младинците на Салернитана.
Ваш идол е Марадона. Сеуште го чувате неговиот прстен купен на аукција за 25.000 евра?
„Секако. Никој не смее да го тргне. Ако би можел би му го вратил. Тоа е мое најголемо сеќавање. Некогаш ќе му го подарам на син ми“.
Кој ви е најтежок момент во вашата кариера?
„Кога скинав лигаменти на мечот со Сампдорија. Не сакав да го напуштам теренот и дури шутирав пенал со повредено колено. Но после сам излегов. Тоа беше двојно тешко - и за мене и за Палермо. Сакав да дадам уште повеќе голови таа сезона да и ја однесам екипата во Лига на шампиони.
А најсреќен момент?
„Хет-трик на „Сан Сиро“ и дебито за репрезентацијата против Португалија (за Италија Миколи одигра 10 меча, 8 пријателски, даде 2 гола и имаше 2 асистенции).
Кој ве однесе до затвор?
„Тројцата најдобри другари за кои ви зборував. Тие беа со мене на пат натаму и ме сретнаа на слобода. Џовани Фазано, Пјерпаоло Менголи и Антонио Савоја.
Се плашевте?
„Тоа беше неверојатно тежок момент. Тоа е место каде никогаш не се замислуваш себеси и никому не му посакувам да се најде таму. Но јас бев спремен да го пројдам тој пат. Светот веќе ми се сруши во тој момент, така што тоа веќе беше следна фаза. Што порано почнеш побрзо ќе завршиш велат. Страдав секој ден но сретнав луѓе кои знаеја кој сум и дека не сум како нив, дека не сум некој за такво место. Ми помогнаа да се чувствувам подобро“.
Што ќе правите понатаму, Фабрицио?
„Фудбалот останува мојот живот. Сега се занимавам со фудбалска школа за деца а можно е да реализирам еден проект кој повторно ќе ме врати во професионалниот спорт.
Може да ни раскажете подробрно?
„Многу сум суеверен, дајте да почекаме. Ако не се случи, ќе продолжам да им носам храна на нашите клиенти во B&B. Едно можам само да кажам: имам уште многу сни пред мене“.