Offside

Минесота Тимбервулвс повторно се обиде со груба и пргава игра уште еднаш да го скроти Денвер Нагетс, но Никола Јокиќ овојпат не дозволи пак да го изгуби својот терен. На домашен паркет Нагетс славеа 125:113.

Што ја чека сега Македонија следно на Светското првенство?

По одличниот натпревар со Унгарија за чиј исход (27-27) и натаму ќе се жали, македонските ракометари ги чека нов, уште потежок испит.

Дејан Кулушевски за татко му и баба му

Со пет гола и четири асистенции и со сјајни настапи на 21 натпревар за Тотенхем, шведскиот репрезентативец Дејан Кулушевски е еден од подобрите играчи на лондонскиот клуб. Тој во една колумна за светски познатиот The Players Tribune раскажал за своето детство кога одел во школо и на тренинзи.

Забивањето на сезоната е дело на Џејсон Татум

Актуелниот шампион на НБА, Бостон Селтикс загуби од Торонто со 110:97. Но барем може да се пофалат со најјакиот потег на мечот кој го направи Татум. Го искрши обрачот.

Дриблингот на сезоната еден на еден падна на лондонското дерби

Арсенал го доби Тотенхем 2:1 во 21.коло од Премиер лигата. Внимавајте добро што му направи Леандро Тросар на Педро Поро. Вакво исчашување не е видено со години. Се виткаше јадниот на земја, па дури и лекарска интервенција дојде на помош.

Голот на Милан Лазаревски во одбојкарски стил

Мотивираната Македонија го торпедираше големиот фаворит од сите страни. Непрекинато стрелаше Филип Кузмановски, но интересен гол, со малку среќа даде пикерот Лазаревски.

Делии го протеруваа амбасадорот на САД

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, по присуство на натпревар на Партизан во Евролига, синоќа дошол да го гледа и мечот Црвена Звезда - Фенербахче. Навивачите на белградскиот клуб непрекинато го навредуваа, некои од нив се приближиле и до свечената ложа и барале од него да ја напушти Арената. На старт на втората четвртина член на групата Делије мавташе со голем барјак на кој е исцртана картата на Косово во состав на Србија токму пред амбасадорот Хил. На полувреме станал и си отишол.

Лазаревски: Овој меч е за Јовиќ, тој не чуваше од горе

Пикерот на Вардар откри дека и ракометарите биле погодени од лошата вест за Александар Јовиќ и големиот бод против фаворитот Унгарија му го посветуваат на него.

Грешката поради која испуштивме огромна победа

Македонската ракометна репрезентација потсети на најславните денови кога биеше битки против светските ракометни сили. Синоќа против Унгарија младата селекција на селекторот Лазаров одважно и на моменти дрско му се исправи на ривалот. Водевме во поголемиот тек на натпреварот, на крај дури ни се укажа и голема шанса за историска победа но поради едно грешно додавање судиите ни ја одзедоа топката и во брза контра Унгарците израмнија 27-27.

Натпреварот на кариерата на Филип Кузмановски - 10 гола на капитенот на Македонија

Долго Македонија чекаше од големиот број таленти да се издвои лидер кој ќе ја превземе одговорноста по генерацијата на Кире Лазаров. Се пробуваа многу играчи но никој не го исполни тоа што се очекуваше. Конечно Македонија во ракометарот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски има капитен на теренот. Кузмановски синоќа со 10 гола беше најефикасен играч и најдобар поединец на натпреварот Македонија - Унгарија 27-27.

Храбрата Македонија до голем бод, Унгарија се спаси на крај

Во првото коло од групната фаза на Светското првенство 2025 македонските ракометари одиграа одличен натпревар и до последни секунди имаа победа во рака. Унгарија се спаси во самиот финиш. На крај 27-27 (14-14).

Никому нема да му биде лесно против Македонија

Момците што се селектирани ќе „гинат“, и за себе но и за државата, оваа Македонија е сериозно уиграна, има одлична транзиција. Одбраната е клучен сегмент, дополнета со суперискусниот Митревски на голот, дополнет со двоецот од Алкалоид, Кизиќ и Галевски. Клучен затоа што од нејзината успешност ќе зависи колку и во која мера ќе имаме шанса да ја користиме транзицијата, како главно оружје.

Навивачите на Дортмунд им држеа лекција на играчите

За оние кои не можат да се изначудат како „само на Балканот има хулигани“ кои им држат слово на играчите, еве еден пример од германската Бундеслига.

Италијанска ракометна атракција на Мундијалот

Италија и ракомет, магаре и музика. Но ете ги, Италијанците се вратија на големата светска сцена, на која до сега беа само еднаш, а тоа е Светското 1997 со Лино Червар како селектор. Второто учество го отворија со победа против Тунис од 32:25. Прв стрелец во тимот им беше Лео Пратнер со 9 гола, кој на крајот од првиот дел ја забавуваше публиката, и тоа на асистенција на голманот.

Како и да ја вртиме, тенисот е сепак убав спорт

Запознајте ја Рејчел Штулман, поранешна тенисерка која остана во овој спорт во друга улога. Работи како консултант, дописник и подкастер, која прави анализи по натпреварите и интервјуа со тениските ѕвезди. Во моментов е службено на Австралија опен. За неа велат дека е авторитет и тешко се одбива за интервју.

Ретко видено во фудбалот: асистенција и гол од прв контакт

Во 21. коло од англиската Премиер лига, најголемото изненадување на сезоната Нотингем Форест за малку ќе направеше чудо и ќе го урнеше лидерот Ливерпул. Нотингем е втор со 41 бод, само шест зад црвените. Синоќа во меѓусебната пресметка ветеранот Крис Вуд го отвори резултатот во 8' минута а Диого Жота израмни во 66-та минута на асистенција на левиот бек Цимикас. И двајцата влегоа во игра десетина секунди пред голот.

Никола Јокиќ постави нов рекорд, го надмина легендарниот Лери Бирд

Џамал Мареј блесна во триумфот на Денвер Нагетс против Далас Маверикс на гости во Тексас 118:99, втор против истиот ривал во само два дена. Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл и постави нов рекорд.

Невозможната одбрана на Карнезеки со Јувентус

Верувале или не Јувентус синоќа го одигра 13-от нерешен натпревар на 20 средби во Серија А сезонава. Ремизираа 1-1 против Аталанта на гости каде прво имаа водство со голот на стоперот Пјер Калулу, но Ретеги израмни за домашните во 78-ма минута. Голманот на Аталанта Марко Карнезеки уште еднаш покажа рефлекси како пантер. Извади нешто што во 99% од случаевите е гол.

Капитенот на Челси, капитенски ги спаси од пораз со голчиште во 95-та минута

На нерешените резултати од Премиер лигата синоќа, се приклучува и Челси, кој водеше против Борнмут со голот на Палмер, па губеше и на крај се спаси. Работата ја заврши Рис Џејмс во 95-та минута за конечни 2:2.

Ромарио има план за Бразил на Светско 2026

Бразилците мака мачат во квалификациите и пласманот на Светско 2026 кое се игра во САД, Канада и Мексико уште не им е обезбеден, ама Ромарио има план како да настапат таму.

Убавина од слободен удар на Грималдо за 11-та победа на Баер по ред

Актуелниот првак на Германија гази сè пред себе и после големата победа над Борусија Дортмунд на гости изминатиов викенд, го реши дома Мајнц со 1:0. Сув лист на Алекс Грималдо, онаму каде што се немоќни голманите, во агол. Од 31 август не знаат за пораз во Бундеслигата. Имаат 11 победи по ред на сите натпреварувања.

Голманот кој на третолигаш му го донесе Сити со чуда

Додека Тотенхем мака мачеше со голманите, едно нивно дете пратено на позајмица во Лејтон Ориент прави чуда во ФА Купот.

Чуден начин на демонстрирање фрустрации на Гвардиола

Манчестер Сити се освести и врза три победи по ред, две во Премиер и една во ФА Купот. Ама пак заебаа работа. Со двата гола на Фоден во вториот дел, имаа предност на гостувањето против Брентфорд од 0:2 и не победија. Примија голови во 82-ра и 92-ра минута. Пеп во исто време го караше, го гушкаше, го бацуваше, па пак го караше голманот Ортега.

Тео и Леао со лоб удари за 5 минути ја свртеа во Комо

Комо поведе во 60-та минута, но гостите не дозволија изненадување и со два убави погодока во рок од 5 минути, направија пресврт за конечни 1:2. Стрелци на головите, двете главни имиња во тимот Тео Хернандез и Рафаел Леао. Бекот стана прв стрелец во историјата на Милан меѓу дефанзивците. Росонерите од 9-та, скокнаа на 7-ма позиција.

Што знае Џа Морант што е пола терен

Мемфис Гризлис изгуби 120-118 од Хјустон Рокетс но лидерот на „гризлите“ Џа Морант уште еднаш покажа зошто го сметаат за највешт дриблер после Дерик Роуз во НБА. Постигна 29 поени од кои и една луда тројка од пола терен на крајот од третиот период.