Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Пилешко, и полесно се дише

Најновиот кулинарски хит на ТикТок е пилешко. Пилешко во сос. Во сос од сируп против кашлање. Челенџот е од пред една година но допрва фати залет. Толку залет што и американската Агенција за храна и лекови мораше да издаде предупредување до ретардите. Каде е Господ? Господ одамна има направено пуканки и ни фаќа сеир.

Куче за жалење

До сега жалевме кучиња кои се напуштени или пак лошо третирани од сурови сопственици. Доаѓа време да се жалат и некои други кучешки судбини. „Моето куче е вегетаријанец по свој избор“, гордо ќе рече оваа лујка и ќе ни покаже како нејзиниот пес преферира марула, а не телешко. Да, да.

Имате гз да чуете како звучи Сатаната?

Контроверзниот Алистер Кроули беше окултист, поет, ја предводеше првата британска експедициија на врвот К2, беше лидер на секта, автор на прирачници за секс, посветен хероиноман, хомосексуалец и, во крајна нужда, бисексуалец. Тврдеше дека тој лично е Сатаната, се потпишуваше како „Ѕверот 666“. Постои една единствена аудио снимка од неговиот глас. Фуфка?

20 години аритмичен срцебол

Кога пред 20 години се одјави и Маргита Стефановиќ, последна од ЕКВ, го објавивме тоа на Он.нет со наслов „ЕКВ повторно заедно.“ Фанови се тригернаа па диѓаа веѓи (иако „Повторно заедно“ се викаше и албумот кој не го снимија поради заминување на Милан). Сепак, да се оддолжиме за таа мала пакост со (овер)доза љубов.

Младост, републиканска лудост

"Само затоа што се родил во некоја фамилија, да биде на чело на државата? Нели е тоа срамотилаци?“ бунтовно ќе праша Лиз Трас во 1994 година, страсно барајќи укинување на монархијата. Истата Лиз Трас која стана премиерка на Велика Британија, ракувајќи се со кралицата Елизабета, два дена пред старата да се одјави.

Имаме нов фолоуер

„The Follower“ е софтвер што пребарува и открива како сте ги правеле фотографиите за Инстаграм. Ги користи отворените околни камери и вештачка интелигенција за да ви покаже како сте изгледале додека сте се местеле за фотка. Нема да заврши добро ова. Сево ова.

Битола има албатрос

Чкембарите сè уште не можат да се пофалат со аеродром, но имаат нова пејачка и музички автор која неодамна дебитираше со рипит потенцијал за врнежливи и други денови. Лакриумариум се вика песната, полна суптилности. Дозволете им на ATA и бандата да ве изненадат.

Кратки пораки за спас на душата

Дали знаете што значи SMS? Ги праќате по цел ден. Short Message...и? Знам што значи. Тоа значи Save My Soul. Луѓето денес праќаат СМС-и како што ние праќавме С.О.С. Бидејќи се сами, а сакаат да бидат со некој.

Онлајн јуначење наспроти реалноста

Голем чалам дозволува тоа интернетот. Насери му се на некого, покажи му колку си јак и стисни сенд/ентер. Сосема друга приказна е кога очи в очи ќе се соочиш со оној кому си му се силел. Само што, штета, не доаѓа памет така. Во првата безбедна онлајн заседа, повторно ти се враќа оној „јакиот“.

Сопрано е кога има сè

Гандолфини го сними ова „Животот е краток“ парче годината кога почина. Веќе не прават вакви. Ни ликови ко Сопранови, ниту финти како ова. Помислете на овој момент: ова е реклама која слеп човек би го орасположила, а глув човек би го извадила од памет.

Дом е кајшто сè те потсеќа на тебе

Домовите се нашите свети места. Нема подобро отколку после напорен работен ден да си дојдеш онаму каде што ти е наместено по свој вкус. Примероци од една ФБ група која се занима со ругање домашни ентериери. А стварно има разни шабанарии.

Берлин, увид во метаверзум

„Метаверзум“ денес е баш шема за која се зборува па на долго и широко се мозга како ли ќе изгледаат тие проклети метаверзуми во кои ќе живееме во иднината. Вака ќе биде, така ќе биде. А доволно е накаде да се отворат очи и да се види околу себе. Берлин, денес.  

Вака се доцни на час

Дечкото доцни 30 минути на час. Професорот веќе се распишал на табла коа доаѓа фраерот кој бива прашан, што тоа ние решаваме овде на таблата?

Три пут сан умра

Ова или е најбаксузниот човек на светот, или тоа камионетчето има стари и нерасчистени долгови со него. После ова, не се оди во болница, се оди на бајачка.

Корејски Рејџ

Пошто Зак ја еба тоа ногата па ги откажаа концертите на кои се остревме есенва да им одиме, ова во моментов е најлутата замена за Рејџ Агеинст Д Машин. Една од нивните химни во изведба на хорот и симфонискиот оркестар на Армијата на Северна Кореја. Рокајте браќа!

Пирс Морган јадеше плескавица пред веганка

„Ако толку ги сакате животните, зошто сте упорно рамнодушни за фактот дека милиони пчели биваат уништувани само за да можете вие да ги имате своите авокада и млека од бадеми?“, ја праша Пирс Морган својата гостинка веган, пред сочно да загризе во својот Биг Мек. „Вие сте лицемери а јас ќе јадам што сакам.“

Бил Бур и абортираната торта која уште не е тортa

Последниот стенд-ап специјал на Бил Бур (Во живо од Ред Рокс) го имате на Нетфликс и одличен е и греота е да не го видите. Овде само со една поента со која го финишираше настапот, толку луцидна и брилијантна што не можеш да не се одушевиш дури и ако имаш поинаков став за темата.

Џон Клиз за кралицата

Пајтоновецот е стар заебант и богохулник, но иако не е Сер, е господин човек во највеликодушната смисла на тој збор. Еве како тој се прости од кралицата Елизабета, сеќавајќи се што сакал да ја праша на нивната единствена средба. Човечки, без патетика, поштено.

Купечки воздух

Американскиот рапер 2 Chainz во серија на Вајс зборува со некои од најотворени преваранти на светот, во случајов со директор на компанија која продава воздух во боца. 15, 32 па и 10.000 долари за шише. Ако ја потпише Ту Чеинз, може да оди и до 20.000. А ќе има и за него.

Тајните на среќниот брак

На темата разговараат супер интересни ликови од интелектуалната „не-левица“. „Може ли кругот да тргне од оваа страна, да не мора да зборувам после Џордан Питерсон?“, праша Мет Волш. 25 одлични јутјуб минути.

Извини

Две реклами. На иста поента, пошто едната е пародија на другата. Оригиналот е на Мерцедес, ама потоа некој решил да покаже како тоа изгледа во Дачиа.

Во црна жена утеха нема

Мартина е бела жена. Шибнала три инекции за поцрнување на кожата и сега се смета за црнкиња. „Знаеш ли дека расата не е само бојата на кожата, туку и традиција, историја, искуство...?“ снеможен ја прашува Филип Скофилд од This Morning. „Да де, ама и носот ќе го правам,“ вика враголанката која претходно очигледно има интервенирано на други делови на телото.

Закерберг изгледа како да може да те истепа

На гостувањето кај Роган, Закерберг спомна дека тренира различни ММА вештини и како посебно му се бендисало бразилско џиу-џицу. Сега на интернет се појави видео од неговите тренинзи, и изгледа како на Закерберг да му инсталирале апдејт за тепање.

Џурасик Романија

Романија е членка на ЕУ цели 15 години. БДП-то им е 248 милијарди долари. Просечна плата им е околу 2.000 евра. Имаат 17 високорангирани универзитети. Имаат дадено петмина нобеловци. На телевизија го гледаат ова.