Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Што можеш да купиш во Торонто за 1,95 милиони долари?

Ај што куќава е тесна и долга ко вагон, ај што сè е мало, ај што е прескапа, ама биваше ли за речиси 2 милиони долари да добиеш ВЦ шоља во спална?

Домородното население на Лос Анџелес прв пат виде пожарна

До следниот пат веројатно ќе научат и дека треба да се тргнат од патот кога поминува пожарна, без разлика колку мислат дека е нивна улицата и дека прават нешто важно.

Холандските земјоделци уловија нови провокатори од полиција

Освен истрајноста, една од работите во која се прилично успешни холандските земјоделци во своите протести е во толпата снајперски прецизно да препознаат кој е инфилтриран полицаец во цивилка со кој знае каква агенда (од кодошење до ескалирање немири). За сега провокаторите се вадат во последна минута благодарејќи на полициски комбиња.

Макрон: Истoк да не с'ска на војна

Макрон прозва неколку земји од источнoто крило на ЕУ (се препознаа Полска, Чешка и балтичките држави) како највоинствени елементи чие однесување носи ризик за проширување на конфликтот со Русија. „Брисел нема да дозволи тие да ја одредуваат политиката на Европската Унија кон Русија“, порачува францускиот претседател.

Ритамот мора да продолжи

Фу Фајтерс на Вембли одржаа трибјут концерт за својот починат тапанар, Тејлор Хокинс, кој во март беше пронајден мртов во хотелска соба во Богота, Колумбија. Чест му оддадоа членови на Квин, Раш, AC/DC, беа таму и Дејв Шапел, Крис Рок... Сепак, убедливо најјак момент е кога зад бубњевите седна синот на Тејлор, 16 годишниот Шејн. Ежење.

Гласно, погласно, Моторхед

„Постои ненормално гласно и постои гласно кое те носи во болница. Ние секогаш бевме на линија меѓу тие две нивоа“, вика бубњарот од легендарното трио на покоен Леми, банда која сакаше да свири на 120 децибели, баш онаму каде што звукот почнува да боли.

Во Лондон почнаа да се разбираат со чекани

Едни лондончани на скутери, други со Бугати. Овие од Бугатито имаат секаква дополнителна опрема, овие со скутерите имаат чекан.

Каде тераш, Калифорнијо?

24 август 2022: Калифорнија најавува забрана за производство на автомобили на бензин.
30 август 2022: Калифорнија побара од луѓето во Калифорнија да избегнуваат полнење на електричните автомобили поради недостиг на струја.

Полска во ред за јаглен

Богданка е еден од рудниците за јаглен во Полска. Ова стандардно целосно незанимливо место од пред 5 дена е под целосна опсада на Полјаци кои со денови чекаат пред порта за да товарат јаглен за зимава. Пред некој ден на колоната и беше инсталиран и тоалет.

Како Холивуд ги гледа Арапите

Најбраво за досетливоста на оваа компилација од кадри кои редовно ги користи Холивуд кога сака да снима нешто со или за Арапи. Феноменален колаж од западни стереотипи за цел еден свет. Секој момент е маестрално убоден. Посебен кудос за девојката која доловува камила која џвака.

Газда, е овој келнер да го чуваш

Дечкото заслужува по кратка постапка да биден примен во келнерската Куќа на славните. Да ти е мерак да му нарачуваш само за да го гледаш како носи.

Каде сте Македончиња?

Освен Куба, Јапонија и Италија, сите други од  топ 20-те држави со најголем очекуван пад на население во светот се од Источна Европа (не затоа што Западна е нешто многу повеќе плодна, туку затоа што увезе бегалци). Вака, така и ние сме во Источна Европа.

Нешто за анкетите и резултатите

Старо анкетарско правило е дека анкетите не лажат, само исходот од нив зависи од тоа во кој правец ќе ги тераш. И не ова нешто ново, еве проблематиката нека ви ја објаснат од „Yes Minister“ од 1980-та.

Уганда дебатира, не се заебава

Вистинско освежување на идејата за тв дебата, кај нас утепана од фактот дека на домашните телевизии се верглаат исти шпилови гости. Овде тема е хомосексуалноста, присутна е една пристојна ЛГБТ активистка контра еден живчан кој има донесено пола пиљара за да ги илустрира своите тези. Првото прашање на водителот е: Зошто си геј?

Украинците тестираат запленет руски оклоп

Во некоја од битките украински единици стигаат до руски панцир (обложена метална плоча) и новите руски шлемови. Доколку е автентично видеото, панцирот ги штити Русите од промаја и речиси ништо повеќе од тоа, а шлемот веројатно само ги поти.

Богатата кариера на Бајден како расист

Ај сега е стар човек па може да го вадат дека му се испуштило, ама комплицијава е долгогодишна и излегува дека речиси и нема период од кариерата на Бајден кога не му се испуштило.

Катастрофата на пакистанските поплави

Од средината на јуни во поплавите во Пакистан загинаа над 1.000 луѓе (од кои над 110 викендов) а водата однесе неброен добиток, куќи, патишта, па и цели села.

До сега необјавено врвно тролање од Трамп

Човекот е толку трол и не може да се воздржи што е спремен да ризикува почеток на нуклеарна војна само за да каже фора што му дошла на памет.

Блажени се Американците...

Анкета на наједноставни прашања на кои млади, ама доволно возрасни луѓе, го покажуваат сиот раскош на своето незнаење. Офкорс дека игнорантни будали има насекаде. Aма некои живеат во љута сиромаштија и секаква оскудица, а други се шетаат по извиканиот Менхетен, празни како шасии. Најјако е што дечкото им ги потврдува одговорите. Пошто е доцна тоа да се оправа.

Белгија пред само 64 години имаше „Зоолошка со луѓе“

Атомиумот е препознатлив симбол на Белгија, направен во 1958 година за тогашниот Експо а денес остава впечаток за визионерската верба во прогресот и науката на оваа богата европска земја. Она што денес не се гледа е дека во тоа време, зад Атомиумот имало заграден простор во кој посетителите можеле да им фрлаат кикирики на црни деца зад оградата.

Веб алатки

Пет веб алатки кои можеби не ги знаете а можат многу да ви помогнат. Некои се толку корисни што ќе имате чувство дека правите нешто нелегално, бидејќи сè што е корисно, во последно време станува нелегално (или скапо). А не правите ништо нелегално. Ваљда.

Мет Дејмон за тоа зошто веќе не се прават филмови какви што ти сакаш

Кратката верзија е - пари. Долгата верзија од Мет Дејмон е сметководствено расчленување на главните расходи и приходи на секој филм, и како исчезнувањето на ДВД-то ја осакати ставката приходи.

Дали сме зборувале за кучиња вегани?

Се работи за едиствената раса на кучиња која е во директно сродство со најуникатата раса на мачки - мачки вегани. Главната карактеристика што ги обединува двете раси е дека не постојат. Нешто што за кратко ќе го открие заблудената сопственичка на ова прегладнето куче.

Подли Руси, им ставаат алкохол во вотката

Наваро Николас Сторми, маринец- специјалец, на должност офицер за безбедност во американската  амбасада во Москва, задолжен за обезбедување на периметарот на амбасадата, во пет сабајле се враќа направен гипс. Нозете ал-денте, жироскопот пореметен а Русиве го снимиле од секоја можна камера што постои на улица.