Освен Куба, Јапонија и Италија, сите други од топ 20-те држави со најголем очекуван пад на население во светот се од Источна Европа (не затоа што Западна е нешто многу повеќе плодна, туку затоа што увезе бегалци). Вака, така и ние сме во Источна Европа.
Лоша вест е дека според процената на Обединетите нации Македонија во периодот 2020 - 2050 ќе има пад на популацијата од 10,9 проценти. Добра вест е што ова е најдобар резултат во споредба со остатокот од Источна Европа.