Чкембарите сè уште не можат да се пофалат со аеродром, но имаат нова пејачка и музички автор која неодамна дебитираше со рипит потенцијал за врнежливи и други денови. Лакриумариум се вика песната, полна суптилности. Дозволете им на ATA и бандата да ве изненадат.
Проект АТА е предводен од Атанасија Гулевска, следена во чекор од Андреја Салпе (гитара и електроника), Марко Печенковиќ (гитара) и Огнен Златанов (виолина и звучни ефекти).