Во средината на 80-тите, Милан Младеновиќ отишол на свирка со другарка му Ана во СКЦ. Ана била договорена со Маргита Стефановиќ. Неколку дена подоцна, Младеновиќ им рекол на пајташите, „Заборавете ме. Правам бенд со една риба која свири клавир.“
Милан го нарече бендот Катарина II (Катарина Друга), така и се потпишани на деби-албумот, каде со нив е култниот тапанар Ивица Вдовиќ - Вд.
Кратко потоа Маги ќе го прекрсти бендот во Екатарина Велика.
Преку книгата „O Сечања.О.Сечања“ на Лидија Николиќ, некои од дневниците на Маргита доспеаја јавно. Свиреле во Куманово. Клавијатурата ѝ ја ставиле на кула од пивски гајби. Не ги удостоиле ни со душеци за спиење. Можеби биле во план за потпала. Не се фали во дневникот баш од тоа како си поминале во Социјалистичка Република Македонија.
„Каде и да свиревме, општествениот крем ја дочекуваше како радосен пес, не нас, не бендот, туку Маги“ сведочи Фирчи.
Од 1994-та, почнувајќи од фронтменот на ЕКВ, ќе ѝ починат сите нејзини. Татко ѝ, мајка ѝ, нејзините две тетки, Милан Младеновиќ, Бојан Печар. На крај и целосно ќе ѝ се сневиди: поради тешката здравствена состојба го губи видот.
Во тој период, Лидија Николиќ, другарка од пелени и книжевник, ќе ѝ најде болнички наод што сведочи за насилство врз неа и други работи што не се за кажување.
Новинарката Јадранка Јанковиќ - Нешиќ, признава дека ѝ е криво што замижала на тоа. „Луѓето бегаат од лоши работи“. Вели и: „Има жени кои се најубави кога ќе се нашминкаат. Некои се најубави кога ќе родат дете. А Маргита беше најубава кога свири.“
„На нормални прашања, Маги одговора со тројно прашање. На изречена реченица одговара со нова песна. Сè што некому некогаш дала, како подарок, има направено сама.“
Светозар Цветковиќ - глумец и личен пријател.
Фирчи: Маго...
Маги: Е?
Ф: Како си, Маго?
М: Па, не сум.
Ф: Не си? Па, биди!
***********