Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Европа сега од Грета да си бара струја

Индискиот милионер Чамат Палиапитија смета дека за европската енергетска криза треба да се зборува искрено, па прашува е: Јасно ви е дека цел континент дозволи 16-годишно дете да им ја одреди енергетската политика?

Има ли човек што страдал за Србија како Вучиќ?

Нема една болка низ која минува земјата а да не остави рана на душата на овој човек. Човек кој гордо ја носи функцијата претседател на Србија, само за да ја сокрие вистината дека е маченик на својата родна земја. Еве на пример за ветерниците.

Виктор Орбан за енергијата

Ова видео нема да го видите пречесто не затоа што во него се тресат глупости. Напротив, логиката таму е многу разбирлива. Проблем е кој тоа го кажува, што автоматски повлекува неугодност дека ботовите и бројлерите ќе те прогласат за нешто (Орбанист, Путинист, Груевист, вотевер). Ама на таквите, бар од оваа веб адреса, не еднаш им било кажано: фак офф. Сите други, да слушнеме што има да каже Маџарот.

Вистината за „бањалучкиот мастурбатор“

Сте чуле ли некогаш за бањалучкиот мастурбатор, мистериозниот лик кој своевремено господареше по Бања лука, жестоко мастурбирајќи по канцеларии на бројни фирми, навидум без повод? Ништо не е онака како што изгледа на прва.

Ако Алекс Џонс е проблем, што е со Буш?

Лајавиот Алекс Џонс го одраа со речиси милијарда долари кои ќе треба да ги плати (а ги нема) како отштета за неговите будалења и конспирации. Фино е секој да одговара за своите зборови. Само, колку треба да платат Буш, Кондолиза, Пауел и Чејни за она дека Садам има оружје за масовно уништување? 

Родови муабети

Џон Стјуарт ја отвори втората сезона од своето шоу на Епл (Мет Волш го зајаде дека многумина не знаеле дека постои и прва сезоона) со прашањето кое го покрена Волш со филмчето „Што е жена“. Ќе беше поубаво да го викнел во емисија па да ги вкрстат аргументите, ама бидејќи не го викнал, одиме вака, со реплика на реплика.

Порака од фронтот

Еден од странските доброволци во Украина во еден од цивилните станови што деновиве беа закачени од руска ракета. Не се жали ништо, напротив, повеќе му е за вас и да ви даде една поинаква перспектива на работите.

Како се калеше насловната

Еден од човечките ликови со кои светските медиуми решија да го идентификуваат понеделничкото ракетирање на Киев и остатокот од Украина, беше една постара госпоѓа повредена и крвосана од ракетирањето и обвиена во завој.

Можно ли е вонземјани веќе да живеат меѓу нас и да се ретардирани?

Ништо од оваа појава не е ни маска, ниту пак привремено, сè е автентично доживотно на него.

За Трамп митинзите станаа социјална мрежа

Можеби човекот не може да ѝ припари ни на една социјална мрежа на интернет (освен таа што сам си ја отвори), ама затоа може на свои митинзи да си го прави меракот и да ѝ пушта клипови на публиката.

За мигранти само потонување е полошо од турска крајбрежна стража

Во делот на Егејското море околу кое се кошкаат Турција и Грција, избезумени бегалци во чамец, меѓу кои и 2-3 годишни деца, наидуваат на брод на турската крајбрежна стража сметајќи дека тоа им е спасот. За кратко време и по неколку стапа бегалците се разубедени дека сепак Грција им е спасот.

Еволуција на педагошка прогресивност

Прогресивна настава од 2000-та: не ги тепај и не им викај на децата; прогресивна настава од 2022: - доживотно трауматизирај ги децата.

Конгресот има да биде совршен во милиметар

На 16-ти октомври ќе се одржи 20-от Национален конгрес на кинеската комунистичка партија и на него ќе има 2.296 делегати кои меѓудругото се очекува да го продолжат владеењето на Ши. Конгресот се одржува на секои 5 години.

Багерист филигранџија

Да не знаеш што повеќе да те напне, колку прецизно работи багеристов како хирург да го оперира тоа асфалтот, или тоа што во цело видео се појавуват вкупно тројца луѓе, наместо стандардните 10 работници плус 5 надзор што кај нас ги има и за менување сијалица, и сето тоа завршено за неколку дена а не вообичаените 15 до 20 работни денови. Па ко малку да нè нервира, на крај уште и зема зачисти.

Внимание, царство давам за внимание

„Само се шалев!“- ќе каже оваа расплакана кокона која „случајно“купила кауч за сто илјади долари. Кој бре остава картичка за кауч од 100К? Наместо да ископа дупка и да се самозалие со цемент, таа решила да се снима, со барање: „Ако некој има милион долари, ќе може да донирате?“ На крај на видето има објаснување како тоа функционира.

Црната дупка на човечката лакомост

Изморен и ненаспан канцелариски работник, работејќи доцна во ноќта на фотокопирање документи, несакајќи создава црна дупка. Можностите се чинат бескрајни. Ќе успее ли да извлече максимум од неговото чедо? За жал, да.

„I Have a Dream“-от на Кондолиза Рајс

Да слушнете изјава на државниот секретар на САД и секретар за национална одбрана од ерата на Буш, Кондолиза Рајс, од 2014 година. Тек да видите од кога некому му биле јасни работите, колку значи да се има стратегија, па да се работи на тоа, па да ги имаш вистинските играчи на терен, па некои шест години подоцна да дојде време да прозвучиш „визионерски“.

Комунална хигиена Портланд

Дечко што работи на чистење на улиците на Портланд покажува едно од складиштата каде што се наоѓаат канти преполни со издробени остатоци од шприцеви што ги собрале низ градот.

На пресот на ОПЕК летаа шамари за Ројтерс

На прес-конференцијата во Виена новинарот на Ројтерс имаше прашање за саудискиот министер за енергетика, Абдулазиз бин Салман ал Сауд. Истиот министер кој во два претходни наврати разговара со Ројтерс, а Ројтерс не пренесува ништо како што тој кажал. Министерот реши дека нема што и трет пат да разговара со претставник на агенцијата.

Мрамор, труп и телешко

Не знаеме дали дечкото е измамен или е само глуп. Тој веројатно очекувал да му дадат парче јунешко/телешко  кое во наша месара се вика „шарено“ а на запад има статус на фетиш па го викаат „мермерно“. Завршил со месо во марамица. Сепак мора да е глуп, пошто ја фрли.

Две различни подготовки за живот

Работата е стигната до таму што од прва секунда знаете кое видео од која држава е.

BBC, секаде кадешто е најжешко

Репортерскиот ветеран Џереми Бауен праќа извештај од борбените линии на Украина. Залегнат е, под жесток оган, ризикувајќи го својот живот, за објективно да ги информира своите гледачи што таму се случува. Во позадина има една домаќинка со зембиљ која ја упропастува драматиката на ситуацијата. Јаз'к.

Инвеститорскиот ролеркостер на една интернет ѕвезда

Дејв Портној е интернет „фаца“, јутјубер, блогер, инфлуенсер... можеби го знаете како основач на Barstool Sports. Во 2019 година решава да почне да тргува на берза. Како и со секоја друга дрога, патешествието му почнува јако (еј, па ја сум бољи од Ворен Бафет, еј, па најјак сум, еј, па ова било лесно!). Завршува на ист начин, како и со секоја друга дрога.

Кина го плаши народот од комар

Пораката на кампањата против коцкање што се тера во Кина не е баш апла дека коцкањето е лошо, туку повеќе е „не знаеш какви сè преварнти ги има по тоа масите“, а видеата за нејзе се главно од местење карти.