За мигранти само потонување е полошо од турска крајбрежна стража
Во делот на Егејското море околу кое се кошкаат Турција и Грција, избезумени бегалци во чамец, меѓу кои и 2-3 годишни деца, наидуваат на брод на турската крајбрежна стража сметајќи дека тоа им е спасот. За кратко време и по неколку стапа бегалците се разубедени дека сепак Грција им е спасот.
Видеото според грчките власти е доказ дека Турција ја диригира миграцијата кон Грција и Европа, наспроти обврските што ги има преземено и за кои и се плаќа од ЕУ.