Внимание, царство давам за внимание

„Само се шалев!“- ќе каже оваа расплакана кокона која „случајно“купила кауч за сто илјади долари. Кој бре остава картичка за кауч од 100К? Наместо да ископа дупка и да се самозалие со цемент, таа решила да се снима, со барање: „Ако некој има милион долари, ќе може да донирате?“ На крај на видето има објаснување како тоа функционира.

Се разбира дека немате милион долари и се разбира дека, и да имате, нема да ѝ дадете. Но, уште ова да го знаете:

На Твитер можете да ја најдете како „queen quen“ и тоа ѝ е бизнис моделот. Да падавичари и привлекува внимание со секакви срања. Мислите дека е глупо? Да, и ние.

Само што девојката има 1,7 милиони следачи.

7 октомври 2022 - 14:09