Off Topic

После ова, ќе олабавите со Trip Advisor

Во Лондон постојат преку 18.000 ресторани. Дечко успева за само седум месеци да стигне до првото место на најкористениот водич за такви работи, Трип Авајзор. Тоа време не го користел за смислување на менито, избор на намирниците, подобрување на храната, услугата, ентериерот. Затоа што ништо од тоа немало! Просто, ресторанот не постоел. И колку повеќе одбивал резервации, толку повеќе се кревал рејтингот.

Државата е некому мајка, некому над-мајка

Мајка од Вирџинија седум години ќе се наоѓа на државниот регистерот за злоупотреба и занемарување деца затоа што го пуштила својот 5 годишен син - сам да прошета надвор. Добила и 6 месечна условна казна затвор. Живеат во кварт кој е заштитен со ограда и има чувар. Малиов посакал да собира гускини пердуви покрај локалното езерце, мајка му го пуштила бидејќи оделе таму заедно и го знае патот. Е, не може тоа така.

Гушнат поп, мирно село

Среде неделна миса, жена го обвинила пасторот дека сексуално ја злоупотребил кога имала 16 години. Свештеникот Џон Лоув го признал делото, рекол дека тоа било погрешно и се покајал. Што направија после тоа верниците од оваа конгрегација во Индијана? Се собраа околу него за да го гушнат во молитва и да му понудат прошка. Жената не беше гушната.

Претседателот кој трпи тежина

Сме виделе и слични вакви па да го видиме и него. Претседателот на Монголија дига 100 кила на бенч. Да потсетиме: Румен Радев се вртеше на шипка за тресење килими а Александар Вучиќ не можеше да си дозволи да му попушти на еден клинец па му залупа банана. Туку, ќе видиме ли видео како Силјановска прави 10 клот-фркет за неполна минута?

Летечкиот килим не е спорен

На Икс се појави видео со објаснување дека настанот се случува на небото над Иран каде човек на летечки килим срушил американски авион од типот Ф-15. За среќа, на Икс постојат „забелешки од заедницата“ кои знаат да фрлат драгоцена дополнителна светлина врз некое тврдење. 

Како се вика најобратно од далтонист?

Еден наш пријател кому не му верувавме дека е далтонист, му покажавме од оние онлајн тестови (кои се користат и за возачка) со шарен круг во кој е впишана бројка. Кога го прашавме што гледа, одговори: Капричиоза! Од друга страна, 11 годишно девојче од Германија, за секунди најде кај е грешката во круг полн со шарени точки. На едно место фалела плавата!

Трагедијата на бунтот против Твитер во два твита

Американската новинска мрежа Си-би-ес викендот го почна со триумфална објава дека официјално престанува со објавување на Твитер главно заради несогласување со промените по доаѓањето на Илон Маск. Викендот уште не беше завршен а Си-би-ес веќе беше официјално пишманет.

Од „барај ме утре, ќе завршиме работа“ не се живее

Британски работник по професија багерист, некое време е оставен без плата за завршена работа. Ама па не учел човекот школо за џабе.

Во Њујорк метар и пол снег

Најлоша е состојбата во западен Њујорк, каде во дел од невремето паѓале и до 7,5 сантиметри снег на час. Гувернерката на Њујорк побара активирање на Националната гарда и прогласи итна состојба заради отворање на критични федерални фондови за помош на сојузната држава.

Во Катар ќе има навивачи и ќе биде забавно, па макар и за пари

Изгледа дел од работниците од Бангладеш, Пакистан и Индија кои успеале да го преживеат градењето на стадионите за Катар 2022, за наградно добиле да глумат навивачи и да прават гужва („атмосфера“) низ Катар за време на Мундијалот.

Менгеле денес би живеел во Канада

Канада и Австралија беа најголемите разочарувања од западниот свет за време на пандемијата, во поглед на репресиите и укинувањето на слободите и правата. Како што е видено сто пати, кога еднаш ќе напукне заштитниот слој околу граѓанинот, тоталитарна држава не знае да сопре. Еве што човекот вика дека е следно:

Ултиматумот на Маск

Илон Маск, при крај со нервите околу Твитер, на сите вработени на компанијата деновиве им прати меил во кој ги наведе глобалните насоки на Твитер за идните години, плус еден линк. На линкот има две опции, сакам да продолжам во Твитер или не сакам. И имаат два дена да одлучат каде ќе кликнат.

Некој направил над 160.000 евра сметка кај „Салт бае“

Салт Бае објави слика на Инстаграм од сметка направена во неговиот ресторан во Абу Даби на островот Ал Мараја со коментар „quality never expensive“. Сумата платена за вечерата која завршила пред 22 часот е 615.065 дирхами или нешто над 161 илјада евра. Само ДДВ-то (5%) е 7671 евро.

Како изгледа денот на милијардер

Човекот од милијарда и кусур долари (Чамат Палиапитија) секој ден станува во 6 и 45, и своеволно, при чиста свест и разум, прво нешто што прави е да ги разбуди децата (ги има 4). Ама па за тоа и секој ден од 9 до 10 разговара на телефон со својот психолог. Помеѓу овие две работи си прави и кафе, сам, затоа што му се смачило машина да му ја заврши цела работа со стискање на копче.

САД ќе стигнат до 91,3 милијарди долари помош за Украина

Сумата од 91,3 милијарди долари е за 33% поголема од вкупната воена потрошувачка на Русија за годинава, и е за 2 пати поголема од просечната американска годишна потрошувачка за војната во Авганистан.

Новинари ова е Катар, Катар ова се новинари, запознајте се

Екипа на данската ТВ2 е во Катар по повод Мундијалот и снима на улица. Па и не снима нешто посебно туку во живо се вклучува во вестите на својата телевизија за да даде репортажа на неколку дена пред почетокот на Светското. Од никаде никнуваат тројца катарски службеници кои некако мислат дека ќе организираш Светско во фудбал без камери на улица и странски новинари.

Ши Џинпинг за малку да му каже „буљаш си“ на Трудо

Кинескиот и канадскиот претседател некогаш нешто разговарале и цел муабет протекол до медиумите, и тоа сигурно не од кинеска страна. На самитот во Бали, на разминување, Ши малку го застана Трудо да го пее.

„Тепачката“ која можеше да се очекува

Феминистки коски оставија во борбата за женската кауза а овие преку шорткат им се уфрлија во „таборот,“ сосе маљави гради. „Блиски среди од хејтерски вид“ меѓу група мирни феминистки и неколку разголени транџи кои им се дерат од ограда; дека ќе ги лупаат, дека се наци ѓубриња и дека никој не ги посакува. Запазете ја „онаа“ со зеленото капче.

Можело „Mad Max“ и за помалку пари

Последниот „Мед Макс“ (Road Fury) кошташе околу 180 милиони долари. Негде такви сцени се реконструираат за ич пари. Само што за тој филм Шарлиз Терон заработи 10 милиони долари. Овие овде ликови заработија право да им ги мачкаат гребаниците со ракија.

Бил Гејтс: Не сме знајале...

Неполни две години откако пандемијата го испретумба светов и ни ги избуричка животите, Бил Гејтс има да го каже следново: „Тогаш не сфаќавме дека (ковидот) има доста ниска стапка на смртност и дека е болест главно на старите, нешто како грип, само малку различно од тоа“. Да, а?

Ова боли колку е точно

Шики е инвеститор, во згради. Пред некое време купил земјиште и донел цела машинерија. Шики има дозвола за приземје плус 4 спрата плус поткровје, а планира на местото да крене околу 800 спрата. Во зградата му се останати уште еден или два спрата за продавање.

Маршот на 100.000 Полјаци за независност

Денот на независноста и враќањето на суверенитетот на Полска последниве години почна да се обележува со масовен марш низ Варшава. Годинава ги имаше 100.000 на улица со знамиња, со пароли, со бакљи, со сè.

Сончогледот на Пост Малоун собори рекорд

‘Sunflower’ на Пост Малоун и Све Ли стана највисоко сертифицираната песна на сите времиња, соопшти асоцијација на музичката индустрија RIAА. Песната која оригинално беше издадена како дел од саундракот на Спајдермен филмот „Into the Spider-Verse“ станала 17 пати платинеста! Башка две милијарди прегледи на Јутјуб. 

Љубовта знае да гуши

Човек го судат за убиство на неговата девојка. Обвинието го товари дека ја задавил. Но, тоа е само едната страна на приказната. Другата, неговата, е дека тој не ја задавил туку дека таа сама се угушила додека му приредувала орален секс. За да ја докажат својата верзија, одбраната бара тој на поротата да ѝ го покаже „главниот виновник“ од кој настрадала кутрата.

Си биле три инвестициски фондови и сè било нивно

Три фондови: Блекрок, Вангард и Стејтстрит контролираат имот во вредност над 15.000 милијарди долари. Во овие пари имаат удел во најголемите западни компании што произведуваат вакцини (и Фајзер и Модерна и Џонсон и Џонсон), во најголемите западни компании од воената индустрија (и Локхид-Мартин и Боинг и Нортроп), плус ги има во банки, плус ги има во медиуми, плус ги има во транспорт.

Ок, да научиме и што е триџендер

Суштеството дента излегло „од плакар“ за да обзнани дека се чувствува како триџендер. Елем, како триаголник, имал/а/о/е три идентитети: маж, жена и нон-бајнари. Што значи дека секојдневно се чувствува како 1) маж, 2) како жена и истовремено како 3) ниедно од тие две. Чекај бе несреќо, сите три идентитети се согласиле баш околу тој кармин?

И по Бојко, Кубрат?

Деновиве низ бугарскиот парламент, за интервју за БТВ, се прошета Кубрат Пулев, некогашниот бугарски боксер во супертешка категорија, а сега пензионер, и уште од сега почна да строи пратеници. Кубрат нема изразено некои политички амбиции, ама па немаше и Бојко кога беше обезбедување на премиерот.

Зошто треба да ставите огледало на фрижидерот

Студии покажуваат дека погледнување во очи, најдобро во свои, ја зголемува самоконтролата на човекот и свесноста за себе. На пример, покрај патека за точаци ставиле таков постер и незгодите се намалиле за 65%. Затоа ова со фрижидерот, пред да го отворите, да се погледнете во очи и да си кажете: Нели се најаде бе, свињо? 

Холанѓаните почнаа да ги решаваат овие што се лепат за раце

Холандска телевизија прави дебатна емисија околу нападите од активисти врз цивилизациски ремек дела и со цела пристојност во емисијата покануваат еден од „борците“ за екологија кој е дел од неодамнешните акции. Бидејќи човек што нема пристојност околу Моне или Ван Гог нема зошто да има пристојност околу некоја телевизиска емисија, истиот овој активист решава да им се залепи за маса на сред снимање. Го решија за една пауза за реклами.

Никако ова не изгледа глупо

Снимка од некакво сајберспорт првенство во ПУБГ на мобилен. Сигурно е популарно, сигурно има и пари во ова, ама ништо од тоа не помага.