Испраќањето на Џијан Цемин

Човекот кој ја водеше Кина низ вратоломниот економски скок од 1989 до 2002, беше погребан пред највисокото раководство на државата со вонредно високи почести. Цемин почина на 30 ноември на 96-годишна возраст од леукемија и откажување на повеќе органи.

Телото на Цемин беше кремирано на гробиштата на Револуцијата во западен Пекинг резервирани за највисоките кинески Лидери. Во чест на Цемин цела Кина запре на 3 минути, работата на берзите беше прекината, се огласија сирените на ПВО, возачите застанаа и трубеа во место.

9 декември 2022 - 12:37