Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Smells Like Rick Astley

Бааги надреална сцена: Фу Фајтерс и Рик Естли, заедно ја изведуваат „онаа неговата“. Грол и пајташите еднаш виделе дека и него го има на лајнап, во соблекувална ја навежбале песната и му рекле, ја научивме да ја свириме, сакаш со нас? „Фак, јес!“, рекол дечкото. 

19 фотографии од светот што пука по рабовите

Во 2022-ра имаше што да се фотографира, ама не може да се каже дека беше многу фотогенична. 

45-от претседател на САД

Сериозно цела Америка го знаеше човеков и пак го избра да им биде претседател, па дури можеби и ќе го репризира на уште четири години во 2024. Клипот е од 2004, од времето кога СНЛ уште го сакаше Доналд Трамп.

Женска солидарност, два примера

Колку и да знаат да бидат накострешени едни против други (види: Онлајн феминизмот како ексклузивен Клуб на злобни девојки), жени знаат и мрежно да играат кога им треба помош. А во некои ситуации често им треба помош, на пример, околу паркирање. 

Среќен пат на маорски

Малиот оди да продолжи со школување во друга држава, а овие му се браќа, братучеди и останати роднини. Дошле да го испратат и да му посакаат среќен пат како што го личи, со хака.

Сине, па ти се бодеш

Алиса има доверба во Крис па ќе му дозволи да ѝ зачука 30 дози (!) диво произведена хијалуронска киселина во газовето. Крис нема грам школо за тоа, самоук е, сака да експериментира а геслото му е: и да умреме од нешто попат, знаеме дека сме дале сè од себе за да изгледаме најдобро. Е, такви се тоа дебили. 

Изумите изродени од научна-фантастика

Големите еуреки често доаѓаат ненадејно, но тие решенија бараат добра информираност околу сложениот проблем. За некои иноватори, во информирање спаѓало и читањето научна фантастика. Додека чекаме некој да пронајде начин да се телепортираме, ѕирнете ги овие неколку случаи, каде приказните испаднале пророштва што подоцна и се оствариле. 

Мохамед, викни ја онаа нашата

Музиката нема да го спаси светов ама па ни олеснува да го поднесуваме. Чујте ја и погледнете оваа мешана лепота: бахреинскиот музичар Мохамед ал Бахри и неговата дружина „Распеани чаршафи со карирани капачиња од тегла“ (шала, Арапи, шала), ја изведуваат "No Woman, no Cry" од Боб Марли. Цут.

Како паѓаше ефикасноста на вакцините

Крипто-валутите се мала шала во однос на тоа како стрмоглаво паѓаше ефикасноста на вакцините. Минута ипол собрани медиумски наслови на таа тема. Се почна многу јако, со 100% ефикасност. Како тоа заврши, ќе видите и сами.

Лондон како Гостивар

Британскиот политичар Најџел Фараж сподели видео од Лондон сношти. Сцени на какви ние овде сме навикнале да гледаме чат-пат. Пошто Англичаните не се навикнати, Фараж прокоментира: „Господ нека ни е на помош“.

Кец или двојка?

Разговор со стар шкотски бербер кој нуди само две фризури: фризура број 1 и фризура број 2. Има тој и „Елвис Костело фризура“ само што признава дека никогаш не видел како изгледа Елвис Костело. На оние сомничавите им вика: „Само ти седи, има да те направам ко Френк Синатра“.

Маврово - Дебар - Велешта

„Сакам да умрам мирно и во сон како дедо ми, а не врескајќи како патниците во неговиот автобус“- Вил Роџерс

Украина на генератори

Без разлика дали си во Киев и Одеса или во некое зафрлено украинско селце позади седум планини и езера, деновиве генератори за струја се едни од главните јунаци на украинскиот пркос како кон Русија, така и кон студот.

Рововите околу Бахмут

Градот кој до 2016 го носеше името Артемовск, е еден од градовите на Украина кои војнава неколку пати ги сменија газдите. Моментално се под украинска власт, што подразбира дека и украинска војска е заглавена во рововите околу градот. Не на нивно големо задоволство. Снимките од рововите што доаѓаат од таму се како од сценографија за филм од Прва светска војна.

Показна вежба за шофери на автобус

Неколку градови во Мексико ги седнаа возачите на градски автобус на фиксни велосипеди на паркинг и ги оставија да вртат додека покрај нив поминуваа други колеги со автобус, чисто да видат како е.

Принц по раѓање, крал во душа

50 годишниот Емануеле Филиберто (Emanuele Filiberto Umberto Reza Ciro René Maria di Savoia) е познат и како Емануеле од Савоја, принцот на Венеција, единствениот машки наследник на последниот италијански крал Умберто Втори. А сега за вториот дел од насловот: Емануеле во Лос Анџелес држи фуд-трак со свежи тестенини. 

Очи гледаат, мозок не верува

Ова е едно од оние видеа во кои нема да ви биде јасно кој е кој (инаку се работи за феноменално смислен настап од натпреварот Got Talent), на крајот тоа ќе се покаже па после пак одново ќе го пуштите видеото, сега знаејќи кој е кој. Финтата е што пак нема да бидете најсигурни во тоа. 

Пресметка на глобални пивопии

На 1,3 милијарди луѓе и некако е разбирливо што Кина годишно пие над 360.000 хектолитри пиво, тоа што вади од памет е што Чешка има просек од 181,9 литри пиво годишно по глава на жител. Бројките се за топ 25 пивопии во светот. Ние не сме меѓу нив ни во групна, ни во поединечна конкуренција.

Царица на интервјуата

Она што денес го прави Зак Галифјанакис во „Between Two Ferns“, во 70-тите и 80-тите го правеше Лета Пауер Дрејк, и тоа нескриптирано. Знаеше јако да ги подзине фаците. Кога ќе го праша Курт Расел: „Жив ли е тоа татко ти?“ или кога ќе флертува со Тели Савалас или кога на Елиот Гулд ќе му плесне: „Ти ваљда себе не се сметаш за добар глумец?“ 

Спиритуалното животно на Македонецот

Во оние спиритуалистички мамбо- џамбо, секој човек има некое свое спиритуално животно кое го води и штити или пак чии карактеристики и самиот ги поседува. Па има куп квизови на кои ќе дознаеш дали си храбар лав, слободарски орел или пак итра лисица. Ама тоа индивидуално. Ние го најдовме колективното во нас.  

Ако на твојот душман не му се брза

Арон Краскал во последно време главно коментира забавни видеца кои фанови му ги праќаат. Но има и една интересна рубрика, за интернет туторијали кои не функционираат во реалноста. Еве едно, за тоа како да се спаси возач ако тој зад него фати да го гуши со јаже. 

Браво, Семи

Семи е 10 годишно момче кое жена проба да го замае и веројатно киднапира. Ама, тој го прави најпаметното што може да го направи дете во таа ситуација. Влегува во првата продавница и на продавачката ѝ вика да глуми дека му е мајка. Чисто да ja знаат оваа лекција и други (родители и деца).

Нешто околу дремење на мобилен пред спиење

Денес го научивме зборот „про-депресивен“ во смисла „зјапањето во мобилен во периодот од 23 до 04 часот наутро е про-депресивно“. И не само мобилен, туку важи за секој екран - таблет, монитор, телевизор...

Кога Карен ќе рече што ќе рече

Карен стана генеричко име за оние разгалени жентурачи кои мислат дека светот се врти околу нив па све нешто звоцаат („Да не не ти го изладија Розето доволно, дарлинг“) ги праша еднаш таквите Бил Бур. Но, оваа Карен, Карен Атаја, е уредничка во Вашингтон пост и бие битки против Маск и белите супрематисти на Трамп. Како кои бели супрематисти?