Off Topic

Марко Рубио против иранските ЛЕГО тролања

Иранците умешно користат нешто што ѝ е познато на западната публика за да се спрдаат со Американците и нивната војна. Очигледно ги допрела пораката па и Марко Рубио ги спомна нивните видевца со Лего теми. Овие му направија ново видео.

Убава идеја, за жал неупотреблива

Некои згради во Скопје имаа предвидено можност да фрлаш ѓубре од дома, преку метален канал во лоџија, кој го спроведуваше ѓубрето до подрум. Не траеше тоа долго. До првиот идиот кој ќе го затнеше каналот пробувајќи да избутка стара табуретка низ него. Така би завршило и ова, кога некој билмез од трети спрат ќе реши да ги завари шипките.

Шаман ги повикува духовите на Бугарите

Со помош на автентичен шаман, бугарски археолог  решил да ги повикува духовите на пра-Бугарите. Каде? Обаче, во Монголија, некаде кај центарот на пра-Бугарите на Аспарух. Духовите се покажале контактибилни но се пожалиле дека многу чекале. А шаманот, во средбата со нив знаел малку и да потклекне (уби ме прејак бугарски дух), по што во живот го враќаат со цигара со непознато полнење. 

Како Роџер Вотерс дозна за апартхејдот во Израел

Се возел по Западниот брег кон градот Јенин. Забележал дека барем имаат убави патишта. Соговорничката  му рекла: Да, ако си Евреј. Од прва не му се верувало дека во таа земја, во Израел, по некои патишта е забрането да се движиш ако си Палестинец. 

Хорор во име на науката

Еко-историчарите го имат прогласено американскиот хемичар Томас Мидгли Јуниор за човек кој ѝ нанел штета на Земјината атмосфера повеќе од кој било друг човек во историјата. А само се бавел со наука и решавал постоечки проблеми. Така измислува две работи: оловен бензин и фреон. 

Глумци бараат тинтрање

Режисерската легенда од 70-тите години, Вилијам Фридкин (Егзорцист, Француска врска..) раскажува како е да се работи со различни актери (Томи Ли Џонс, Бенисио дел Торо, Ник Нолти) и како некои од нив знаат да го тупат. Бенисио на пример, за да влезе во ликот, му било битно да му се каже што тој лик правел кога имал 12 години. 

Бразилски парламентарни избори се нешто сосема поинакво

Ким Катагури е кандидат за пратеник во бразилскиот парламент од Движењето слободен Бразил. Не знаеме каква програма и платформа има Катагури, ама знаеме каква изборна кампања има. Катагури е тој без периката.

Си-ен-ен веќе не може да наметне агенда ни на временска прогноза

Дон Лемон од Си-ен-ен во разговор со експерти за урагани пробува ураганот Иан да му го препише на глобалното затоплување. Првиот пат е учтиво одбиен, вториот пат е научно одбиен.

Хаваријата во Балтичкото море од блиску

Шведската морнарица објави прва снимка од блиску од ерупцијата на природен гас од Северен тек на површината, и видеото изгледа како Балтичкото море да почнало да зоврива. Инаку, дупките уште се активни и за сега нема никаков рок за санирање на гасоводите или прекинување на истекувањето.

Изложба „Мерцедеси на трупчиња“

Локација: салон на Мерцедес во Гронинген. Автор или група на автори: непознати. Техника: дигалка плус крцкалка или батериски одвртувач. Време на изведба: кратко.

Ова е од пред само една година

Во 2021 (лани) сосема нормално, природно, дури и поздравено беше тоа што градоначалникот на (релативно) најголемиот град на светот, Њујорк, седна пред камери и им нудеше на луѓе гратис помфрит и хамбургер како награда за вакцинирање.

Нов Октоберфест, нови херои

За да ви биде појасен подвигот на келнерките на Октоберфест што мкнат по десет криглишта од по литар и пол, треба да видите како мажишта се снаоѓаат со по една кригла со слична литража (или па пробајте сами).

Руско-грузиска граница деновиве

На границата меѓу двете земји има 20-километарска колона (во насока од Русија кон Грузија) каде се чека и по 40 до 50 часови, формирана во деновите откако Путин објави делумна мобилизација на руските резервисти. Башка тие што одат пешки, на точаци и слично.

Трка од која течат лиги

„Трчано прасе“ е стар фетиш на балканските месождери и свет грал на оние кои другари ги убедуваат да купат „жива мера“, од еден човек у село, лично го знаат....10 минутно запознавање со Пепер Санчез, Хоши, Џинџер, Пиги Смолс и Беар Троцки. После секоја трка- награда (од комензација), пред крај на колото - ладење во базен. Така се живее.

Имала мајка два сина и ги пратила на квиз

На првиот му се паѓа да каже животно со три букви (на англиски ги има dog, cat, pig, bat, rat, fly, bee, ape, ant...). Јок, проблем. Ок, може му се укочил мозокот од трема. Вториот брат добива шанса да го поправи впечатокот за нивната фамилија и да го одговори истото прашање.

Сè се рачуна

Вие и сите други не мора, ама Кинезите водат есап за сè и за секоја средба што ја имаат со Американците и кој кого натерал да се наклони макар и за неколку степени на неколку моменти.

Шулц го објави на Јутјуб најдобриот стендап за годинава

Ниту ги имаме гледано сите стендапи што излегоа до сега, ниту ќе ги изгледаме сите што ќе излезат до крај на годинава, ама насловот и понатаму држи, „Infamous“ е најдобриот стендап што се појави годинава, и сега го имате беспари на Јутјуб.

Вториот живот на комбајнот

Ако книги можат да се користат како подметачи за креденец, ако гајба може да се употреби како масиче за пива, посебна салама и вегета, зошто тогаш комбајнот, таа велелепна машинерија за благородни цели, не би можела да се користи за нешто сосема друго а исто толку благородно?

Бива ли да е толку глуп?

Лет на пакистанска авиокопанија. Еден од патниците очигледно има фрка со летање па легнал на под. Ај, тоа лесно го средија овие од екипажот. Но, почекајте да видите кон каков потег го води анксиозноста во втората фаза, додека авионот уште е во лет.

Пилешко, и полесно се дише

Најновиот кулинарски хит на ТикТок е пилешко. Пилешко во сос. Во сос од сируп против кашлање. Челенџот е од пред една година но допрва фати залет. Толку залет што и американската Агенција за храна и лекови мораше да издаде предупредување до ретардите. Каде е Господ? Господ одамна има направено пуканки и ни фаќа сеир.

Куче за жалење

До сега жалевме кучиња кои се напуштени или пак лошо третирани од сурови сопственици. Доаѓа време да се жалат и некои други кучешки судбини. „Моето куче е вегетаријанец по свој избор“, гордо ќе рече оваа лујка и ќе ни покаже како нејзиниот пес преферира марула, а не телешко. Да, да.

Имате гз да чуете како звучи Сатаната?

Контроверзниот Алистер Кроули беше окултист, поет, ја предводеше првата британска експедициија на врвот К2, беше лидер на секта, автор на прирачници за секс, посветен хероиноман, хомосексуалец и, во крајна нужда, бисексуалец. Тврдеше дека тој лично е Сатаната, се потпишуваше како „Ѕверот 666“. Постои една единствена аудио снимка од неговиот глас. Фуфка?

20 години аритмичен срцебол

Кога пред 20 години се одјави и Маргита Стефановиќ, последна од ЕКВ, го објавивме тоа на Он.нет со наслов „ЕКВ повторно заедно.“ Фанови се тригернаа па диѓаа веѓи (иако „Повторно заедно“ се викаше и албумот кој не го снимија поради заминување на Милан). Сепак, да се оддолжиме за таа мала пакост со (овер)доза љубов.

Младост, републиканска лудост

"Само затоа што се родил во некоја фамилија, да биде на чело на државата? Нели е тоа срамотилаци?“ бунтовно ќе праша Лиз Трас во 1994 година, страсно барајќи укинување на монархијата. Истата Лиз Трас која стана премиерка на Велика Британија, ракувајќи се со кралицата Елизабета, два дена пред старата да се одјави.

Имаме нов фолоуер

„The Follower“ е софтвер што пребарува и открива како сте ги правеле фотографиите за Инстаграм. Ги користи отворените околни камери и вештачка интелигенција за да ви покаже како сте изгледале додека сте се местеле за фотка. Нема да заврши добро ова. Сево ова.

Битола има албатрос

Чкембарите сè уште не можат да се пофалат со аеродром, но имаат нова пејачка и музички автор која неодамна дебитираше со рипит потенцијал за врнежливи и други денови. Лакриумариум се вика песната, полна суптилности. Дозволете им на ATA и бандата да ве изненадат.

Кратки пораки за спас на душата

Дали знаете што значи SMS? Ги праќате по цел ден. Short Message...и? Знам што значи. Тоа значи Save My Soul. Луѓето денес праќаат СМС-и како што ние праќавме С.О.С. Бидејќи се сами, а сакаат да бидат со некој.

Онлајн јуначење наспроти реалноста

Голем чалам дозволува тоа интернетот. Насери му се на некого, покажи му колку си јак и стисни сенд/ентер. Сосема друга приказна е кога очи в очи ќе се соочиш со оној кому си му се силел. Само што, штета, не доаѓа памет така. Во првата безбедна онлајн заседа, повторно ти се враќа оној „јакиот“.

Сопрано е кога има сè

Гандолфини го сними ова „Животот е краток“ парче годината кога почина. Веќе не прават вакви. Ни ликови ко Сопранови, ниту финти како ова. Помислете на овој момент: ова е реклама која слеп човек би го орасположила, а глув човек би го извадила од памет.

Дом е кајшто сè те потсеќа на тебе

Домовите се нашите свети места. Нема подобро отколку после напорен работен ден да си дојдеш онаму каде што ти е наместено по свој вкус. Примероци од една ФБ група која се занима со ругање домашни ентериери. А стварно има разни шабанарии.