Off Topic

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Пар рефлексии на познатиот хрватски спортски новинар и поткастер Марко Петрак (5Rak) од посетата на Скопје. 1) Ако сакате да се најадете одлично и евтино, дојдете во Скопје, и ресторантската и фаст фуд храната им се најдобри. 2) Во Скопје сè е живо и работи. 3) За Македонците: Срчани се и најмногу ги мразат Бугарите и Грците. 

Има ли вистина после УСАИД?

Вистиномер повторно храбро се фатија во костец со уште едно од најгорливите прашања на нашето секојдневие: на кој јазик биле напишани Илијада и Одисеја. Не го нашле тие тоа на дебата во МАНУ, конференција на историчари или лингвисти или школски учебник. На Фејсбук (?!) нашле некоја си објава дека биле напишани на македонски па решиле да нè спасат од заблудата (која немаше ни да ја знаеме да не беа тие). 

Чарли Мангер проба да ве спаси од сите финансиски гуруа

Да, да, до гуша во „пасивен приход“. За тие што не знаат, Мангер беше заменик претседател на Беркшир Хатавеј и најблизок соработник на Ворен Бафет по зборовите на Ворен Бафет. Човекот може да проба да ви помогне, другото е ваше.

Аман бе, Бајден, аман

За својот дебакл во првиот дуел со Трамп, Бајден објаснуваше дека сè е во ред со него, само имал „лоша вечер“. И таман да му поверува некој, еве го на самитот на НАТО каде успеа да смогне сила да состави пристојна реченица најавувајќи го украинскиот претседател, сè до самиот крај кога Зеленски го најави како „претседателот Путин“. Добро, не е само тоа. И Камала Харис сега ја вика „потпретседателот Трамп“.

„Магијата“ зад успехот на Амазон е чисто зло

Како компанија пресреќен си што Амазон те побарал баш тебе и што е заинтересиран да те купи тебе или твојот производ. По ова следуваат преговори на кои како што е ред компанијата се целосно се отвора пред Амазон до последни детали што за производство, што за технологии, пазари, ќар / зијан итд. Следниот чекор е Амазон никогаш повеќе да не те побара, а за една година да го видиш својот производ под Амазон логото.

Криптолокери

„Ден пред утре“ е прв албум на новиот хрватски бенд Криптолокери кој се доживува како „ретро панк рок метал“. 16 песни, секоја со свој видео запис. Цаката е во тоа што - бендот не постои. Целата музика е генерирана од вештачка интелигенција а претставник на човечкиот род во проектот е само извесен Томислав Михалиќ. Не сме одушевени, ама еве, чујте.

Жена во Кина нашла чекан и сега цело село во паника

Жената пред некои 20 години во нива го нашла чеканот и од тогаш го користи регуларно, за ковање шајки, кршење ореви, а се покажал и посебно добар и за толчење бибер. Неодамна за ова разбира локалната полиција, и полиција ко полиција ја остави жената без чекан.

Кога филмовите се снимаа, а не се генерираа

Во јануари 1999 почнува снимањето на филмот Гладијатор. Ова е од почетната сцена на филмот во која римските легии се судираат со германските племиња. Снимена е во Англија во местото Боурн вуд и тоа откако Ридли Скот дознава дека тамошното шумско стопанство решило да го отстрани тој дел од шумата, па тој вади дозвола наместо тоа да ја запали шумата за потребите на филмот.

Панајоту да ви каже колку ќе го плаќаат како пратеник во ЕУ

Фидијас Панајоту е кипарскиот јутјубер што беше избран за пратеник во Европскиот парламент. Пред некое време разбрал што ќе значи тоа за него во пари. Ќе значи брдо пари. Основната плата му е 8.000 евра.

Време на бегалци

Сенаторот Марко Рубио зборува за аномалија со која се соочува Флорида. Таму има луѓе кои дошле пред 40, 50 години, цел живот работеле и денес од државата добиваат 800, 900 или илјада долари. Таквите на улица се среќаваат со млади работоспособни „бегалци“ за кои државата одвојува по 1.500 долари месечно. Вториве знаат и по 15 пати годишно да се вратат во Куба од која демек избегале.

Климатска фарса

Америка: Мора веднаш да ги запреме климатските промени! Кина: Добро, ние ќе правиме евтини електрични автомобили. Америка: Не ми беше тоа муабетот, за климата ми беше. Кина: Да де, колку повеќе се возат електрични коли, толку помалку ќе се користат фосилни горива. Америка: Сега ќе ти стегнам санкции!

Дом или канцеларија? Да!

Во пандемијата многумина осетија како работењето од дома може да биде благослов или клетва. Но, дизајнот на оваа куќа плус канцеларија на Том Кундиг е со цака: куќата и канцеларијата се споени, но втората е поставена на шини па можеш да се одвоиш (колку што ти е долго имањето). Треба да се предвиди и електрична ограда меѓу двата дела, иначе бадијала си отишол 15 метри понатаму.

Стихови стари 415 години

„Сонет 66“ е еден од 154-те сонети кои ги има напишано англискиот поет и драматург Вилијам Шекспир. Напишан е во 1609 година што значи дека овие стихови имаат зреено 415 години. И знаете што? Зрнце прашина нема на нив. Ги интерпретира белградскиот актер Воја Брајовиќ, а.к.а. Тихи од Отпишаните.

Приказната за еден поглед на море

Нантакет е остров во близина на источниот брег на САД, нешто поисточно од Мартас винјард, и е директно изложен на ударот на Атлантскиот океан, посебно брегот кој изминативе години не запира со ерозија. Куќава што ја гледате е купена за 2 милиони долари, пред некој ден беше продадена за нешто помалку од 200.000.

Црното злато на Украина

"Германски земјоделци би загинале на ваква земја“, вика човек на Баер на едно украинско земјиште кое го поседува компанијата, објаснувајќи го супериорниот квалитет на таа земја која е плодна најмалку 80 сантиметри во длабочина. Додуша, германски земјоделци и гинеа за такво земјиште, само што тогаш беа во униформи и беа 40-тите години од минатиот век. Сега гинат други.

Како „хак ту“ ѝ го преврте животот на Хали

Хали Велч е млада, ведра и шармантна девојка од една американска недојдија од 700 жители во Тенеси, чиј одговор на прашањето „Кој потег нема утка кај мажи?“ го создаде највиралното меме последниве години (ако не го знаете, изгледа сурфате на абакус) а нејзиниот живот го сврте наглавачки. Денес таа го има заштитено „брендот“, се продаваат маици и капи со „хак ту“, има менаџер за социјални медиуми, ја дружат фаци.... А симпа, приземна девојка.

Џо, не можеше појасно да го кажеш

Иако е под силен вкрстен притисок да ја батали идејата за втора номинација, откако се видел со фамилијата (Хантер Бајден, ви текнува?) се уверил дека нема никаква причина за откажување па реши јавно да даде до знаење: „Останувам во трката! Сум го победил Трамп и пак ќе го победам Трамп во - 2020 година!“ Што не е јасно?

Запознајте го градоначалникот нa Брајтон, Англија

Брајтон важи за „геј престолнина“ на Англија во која се одржува најмасовната Парада на гордоста во земјата на која знаат да дојдат и до 500.000 луѓе, а секој десетти жител на градот од 300.000 жители е ЛГБТ лице. Но, луѓето не ги интересира само секс туку и политика. За прв човек на Брајтон е избран Мохамед Асадузаман, роден во Бангладеш. Тоа што повеќе ќе ви личи на ајатолах отколку на градоначалник, тоа до вас е.

Каде се излегува од овде?

„За пет до десет години нема да знаеме што е реално а што е создадено со вештачка интелигенција“, предупредува основачот на Твитер, Џек Дорси. „Ќе имате чувство дека сте во симулација,“ вели Дорси а советот му е оној истиот оној здраворазумски совет којшто човештвото досега масовно го има игнорирано и порано: „Не верувајте туку проверувајте“. Тоа е нешто што секој сам мора да го научи.
 

Како Трамп преговараше со Талибанците

За време на својот мандат Доналд Трамп седнува на маса со лидерите на Талибанците и им кажува дека сака да се повлече од Авганистан, и тоа да биде без едно паднато влакно на еден единствен Американец што таму, а сето ова има намера да го постигне со една слика . Случката ја раскажува конгресменот Весли Хант.

Колку за трошоци да се покријат

Алекс Родригез е еден од најдобрите играчи на бејзбол кој истера над 20 сезони во МЛБ лигата. За ова време тој наталожи богатство кое се проценува на околу 350 милиони долари. Овие 350 милиони не му тежат за да оддели 3 часа во еден ден и сериски да потпишува околу 1.000 паричиња најразлични сувенири кои потоа треба да се продадат во негово име.

Приказна на денот: „Затоа си сама“

Во Њујок имало „Шопинг мол за сопрузи“, кајшто жена може да отиде и да си купи маж. Шест спрата, се тргнува од најдолу, секој кат може да се посети само еднаш и нема пишман, нема враќање назад на подолниот спрат. Тргнала една жена по набавка... 

Учителка на денот

За да ги мотивира своите ученици да одат во школо и да им долови дека сепак ќе има корист од тоа, учителка се подава по вештачка интелигенција и прави монтажи од нив во нивните идни професии. Алал вера.

Тестовите се досадни, додека не ги направиш забавни

Ако овој писмен тест е навистина (само) по англиски, кец не му гине. Ама ако се оценува луцидност, досетливост, смисла за хумор, тролање и шегачење, тогаш е чиста петка.  Еве нека биде и четворка, заради ругање на наставникот дека е свиња. Ама, главно петка.

Украина за почетници

Прсти шинавме пишувајќи за Украина и тамошната војна. Анализи, погледи, есеи, мислења, скенирање на воените аспекти, економски, аспекти, демографските проекции.... А сè суштинско за ситуацијата во која се наоѓа таа несреќна земја и народ можело да се каже и објасни со едно глупичко видео и банална аналогија.

Џо - остар како жилет - Бајден

Фасцинантно е како сите го бранеа од сомнежите дека е навлезен во неповратна когнитивна есен и тоа со неверојатно ист речник и формулации. Ова верзија на Бајден е најдобрата верзија на Бајден.... умот на Бајден е остар како жилет... за еден ден да излезе во дебата во живо и на сите одеднаш да им текне: Па нема ваљда за него да треба да гласаме? Шест мачни минути за гледање.