Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Четири школи на користење тастатура

Вашата навика за користење на тастатурата се менува во зависност од тоа во кој стадиум од животот сте и што во моментот преовладува во вашиот дневен распоред.

Невеста на денот

Или девојката има нешто озбилно против бракот во кој влегува или дечково не е свесен со каков намќор се врзува. Им посакуваме да бидат заедно во добро или лошо, сè додека насмевката не ги раздвои

Феликс вежбал во Хрватска

Човекот коj го одушеви човештвото со скок од 39 километри (освен човек од нашата редакција кој тврди дека попрво треба да се слави оделото и технологијата отколку неговиот потег кој е истоветен како да бутнеш вреќа компири), за историскиот скок има вежбано уште од мали нозе, кога се пентарел по коли, огради и каде ќе стигне па сè до посериозни поготовки, како кањони, небодери, рацете на Исус во Рио Де Женеиро... Најблиску до нас, во јама на Велебит, длабока 190 метри.

Кога таа стварно е гуска

Гуските се познати по тоа што се доследно моногамни животни и знаат доживотно да се врзат за еден партнер. Проблем е кога партнерот доаѓа на скутер и кога намерно чита весник додека оваа не заспие. Одлично раскажана приказна!

Градот исчашен пак ќе никне

Добро е што уметникот Роберт Рикхоф не е вклучен во некое наше урбано планирање инаку допрва ќе се чудевме. Серија негови фотографии на тема: "Кај што не им е место".

Топ Листа Баумгартнериста

Австриецот Феликс Баумгартнер не скокаше само за себе и за свој ќеиф. Неговиот подвиг е остварување на еден повеќедецениски завет на Ѓуро, кој, под маска на босанското гостопримство, своите деца упорно ги спремаше еден ден да станат Феликси. Да се потсетиме на овие самопрегорни тренинзи.

Зошто Симпсонови се жолти?

Намерно. Штом нивниот креатор Мат Гронинг ги добил првите нацрти, знаел дека тоа е тоа.

Басологија

Читател на Гардијан направи една супер селекција на песни со одлични бас линии. Од Вили Диксон до Том Браун. Греота да не ја извртите барем еднаш оваа плеј листа.

Кој е за во када?

Кадата беше еден од последните азили во модерниот свет каде човек може да се осами и одмори и од себе и од другите. Сè додека на некој од оние вечно незадоволните од својата физичка кондиција не му текнало внатре да монтира велосипед. Нема веќе квасење и играње со пајчиња. Има да се седи и да се вергла.

PEBKAC

5 причини зошто дечкото што ви го поправа компјутерот ве мрази. Сите до една се точни, единствено тоа делот со сендвичот можете да го замените со Кока-кола и пица, ова е златна комбинација за да се разберете со секој компјутерџија. (насловот е на латиница)

Предлог на денот

Што е толку тешко секој возач да го проба ова некогаш, што?

Факт на денот

Знаете ли дека крал на Грција се станува и со 0.00002 проценти гласови?

Засукајте ракави и помагајте

Гледањето порно никогаш порано не ви дало вакво чувство на добродетелство. Потребно е само да зјапате доволно упорно во видео клипови со цицки и светот да стане едно попријатно место за живеење. Имено, порно сајтот PornHub ја спроведува следната хуманитарна иницијатива:

Стани Томе да заиграш

Каков лик е овој Том Џонс, па тоа е чудесија. Баталете го љубењето девојки (еј, сестри!) од прв ред. Само чекајте кога неговото тело ќе почне да го вади ѓаволот од себе.

Погрешно читање од уста

Одлично ги прават овие аудио монтажи, кога на ликовите им се насадуваат тотално погрешни реплики а делува најрелно во свет. Ѕирнете ја дебатата Обама - Ромни. Плус, Hunger Games.

Стрес тест

Јапонски професор по психологија изумил брз оптички тест за мерење стрес. На опуштени и спокојни луѓе, круговите им се совршено мирни. Доколку се вртат, тоа е сигнал дека сте уморни и напнати. Нам не само што ни се вртат, туку и чат- пат ни зборуваат.

The Rolling Stones - Doom And Gloom

После цели 7 години, Стоунси извадија нов сингл. Кога тие ќе отворат песна со риф на Кит Ричардс, знаеш дека понатаму ама баш ништо не може да тргне на лошо.

Не бе, ти имаш проблем

На хаштагот FirstWorldProblems што самокритично, што за сеир на друг, се објавуваат глупи проблеми што доаѓаат од размазеноста на западниот свет (од типот: незнам кое е правилното далечинско или како можеше да ми стави кечап, кога и реков да не става). Еве како тоа изгледа од другата страна, од луѓето кои ги немаат овие проблеми.

Не Гугл мапи

Задача: имаш мапи за да покажеш нешто што нема врска со мапи. На крај, тоа вака изгледа:

Зошто толку Руси имаат камери во колите?

1. Не им е за да објавуваат клипови на ЈуТјуб. 2. Причината е што во Русија се драстично поголеми казните ако удриш пешак, отколку ако удриш автомобил. Ова го знаат и добар дел измамници, кои немаат никаков проблем да се фрлат пред кола само за да добијат отштета. Плус имаат фора и како да си наплатат скршен мобилен или лаптоп.

Излегување од соништата за млади родители

Одиш на ручек во ресторан со жена ти и двете бебиња, и на комплетно изненадување цело време додека сте таму децава се мирни. Е добро сега, заспале на маса со главата во шпагети, ама битно мирни се.

Професорите го возвраќаат ударот

Професор од Хрватска, кому му здосадило по форуми да чита како родителите постојано се незадоволни од работата на наставниците, седнал и им го пишал следниов одговор: