Феликс вежбал во Хрватска

Човекот коj го одушеви човештвото со скок од 39 километри (освен човек од нашата редакција кој тврди дека попрво треба да се слави оделото и технологијата отколку неговиот потег кој е истоветен како да бутнеш вреќа компири), за историскиот скок има вежбано уште од мали нозе, кога се пентарел по коли, огради и каде ќе стигне па сè до посериозни поготовки, како кањони, небодери, рацете на Исус во Рио Де Женеиро... Најблиску до нас, во јама на Велебит, длабока 190 метри.

Истиот човек од редакцијата, т.е. Јурук:

- Да, скокнал, и му се отворил падобранот, и така едно сто пати.

Се нема разбирање.

16 октомври 2012 - 16:17