Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Разликата меѓу американскиот и британскиот хумор

Британските херои на комедијата се луѓе кои сакаат животот да биде подобар и на кои животот им се има посрано од страшна височина и чие чувство за достоинство е постојано компромитирано од разочарувањата што им ги приредува светот, објаснува Стивен Фрај.

"Ај не можете"

Вака започна: гејевите (колку глуп збор) снимија спотче во кое на стрејтерите им се "заканија" дека со оглед на тоа што не им се дозволуваат геј бракови, можеби ќе почнат да се венчаат со нивните девојки. Стрејтерите изгледа не ги фати паника од оваа идеја, па возвратија со контра спотче во кое ги охрабруваат да ја остварат заканата. Топката е кај хомосексуалците.

Кога се сомневаш, шминкај

Русинки во нормална состојба и потоа во состојба пред излегување, свадба, матурска или што и да е кога треба да изгледаат добро.

Аудио гуру

Подобар тајминг на сцена не сте виделе уште од моментот кога се залапаа Мадона и Бритни Спирс. Извежбано до крај, забавно до бескрај.

Битка за останување свесен

Откако на живо имаме изгледано десетици и десетици возрасни луѓе со исто вакво однесување, бебушов доаѓа како интермецо. Ем, на него му се простува.

Исправи се Џаспер

На црниот Џаспер пар медицински институти примениле нова, уникатна терапија за регенерирање клетки од р'бетниот столб кој му бил повреден. И просто убаво е да се гледа како малиот се опоравува.

Изедете ги доказите

Доколку зад своето уништување калории не сакате да оставате траги во вид на извалкани садови, еве неколку добри идеи за сервирање храна.

Терапија за "Центарци"

Мала но благопријатна рехабилитациона терапија за сите оние кои под дејство на храбрите медиумски сознанија на своите плеќи почувствуваа огромен товар од одговорноста што живеат во центарот на светот.

Капетан Пасент

Фини овакви видеа, во кои ти е јасно како ќе заврши работата. Имаш брод кој тргнува под еден мост и апла се гледа дека нема шанси да се протне под него. А тој упорен.

Татко и сопруг на годината

"Не можам да замислам како би ми изгледал животот без деца? Не можам? Па јас само и тоа го правам, фантазирам како би ми изгледал животот без нив!" За да се превенира секоја претерана романтика, овој клип треба да се пушта пред секоја родителска средба. Делот со опијатите да им се пушта само на најхрабрите. Луи е махер над махерите!

"Fucking" моменти

Десет моменти во историјата кога "fucking" бил уникатно соодветен израз. Листата е фотографирана во средно училиште во САД, обесена од професорот по историја. 5-ка за него.

Гурбет и тарантула

Емили се занимава со модниот свет и пишува за нас а Карло Бос оди на работа "кога ќе му се дигне", но, не пројдоа така лесно баш сите нашинци кои се најдоа на работа во Италија. Ви го претставуваме Даниел Јовановски од село Блатец Виничко, познат како Кепачо.

Народњаците го возвраќаат ударот

Две плавуши, Даниела Т. и Емилија Л., решаваат да ја прекинат долгогодишната тиранија на поп и рок и панк и техно музиката. "Од денеска па натаму фолкот е во мода!" - заповеднo проповедаат преслатките Дани & Ема во една од најангажираните песни што досега сте ги чуле. Баклава, шпагети, таблети? Џони Штулиќ со факинг труба!

Не е само Букбокс за книги

Нормално, ексклузивно со извичник.Од денеска во продажба е нова книга на Министерството за здравство. Достапна во сите здравствени установи.

Африка за Норвешка

"Да донесеме малку топлина, малку светлина и малку насмевки во Норвешка". Под ова мото се одвива една благородна африканска иницијатива за збирање радијатори за напатената скандинавска земја. Имаат и песна со сите нишани, цареви! Штета што кај нас идејата нема да земем замав, бидејќи дал, не дал радијатор, ќе си плаќаш на оние хохштаплери.

The Protagonist - Hyperreal

Песната и спотот се дело на бендот, а mastering на аудиото изработил познатиот sound engineer Симон Хејворт (Ennio Morricone, George Harrison, Depeche Мode...)

Пресметката кај катната гаража

Ситуација како од легендарен вестерн двобој. Од една страна, таа... со автомобил наоѓа гаража. Од друга страна гаражата, со пакосно поставена угорница (која после некое време нормално станува удолница). Напнатоста постепено кулминира. Пали!

Одговорот на Ајнштајн

На 17-ти ноември 1952 година, по смрта на првиот претседател, тогашниот израелски премиер Бен Гурион решава да му понуди работа на Алберт Ајнштајн. Не дека работата не била на топло или била некој напор голем, но Ајнштајн сепак ја одбива понудата. Да биде претседател на државата.

Најбитното интервју во ТВ историјата

Gawker забалежува дека годината (1984.) кога ова видео парче не ги доби сите можни ТВ награди е година од која сите ТВ награди станаа неважни и беспредметни.

Неколку мисли за пишувањето на интернет

Комплетниот креативен процес за пишување на интернет. Се ова што го пишува стварно е така. Сите прво се се прелажуваат дека е лесно и дека секој го може, за после некое време да пцујат што некогаш воопшто фатиле тастура. Па има инспирација, има криза, има успех, па има коментари, па има разочарување. Сè има.

Чија е земјата

Приказната за Израел и Палестина, и за сите што мислат дека нешто е вечно или дека нешто може да се реши еднаш засекогаш. Почнува одамна...

Документарна битка за туристи

Линкот за ова аметерско филмче го испраќа еден читател Албанец, со добра поента. Филмчето забавно, за двајца Холанѓани кои решаваат да одат на одмор во Албанија и налетуваат на селото Лазарат, цело насадено со ганџа. Ах, да, поентата: "Мислам дека ќе ги убеди луѓето дека не вреди да одат на одмор во Грција" :)

Јутјуб дует од паралелниот универзум

Како ви звучи идејата да ги слушнете LCD Soundsystem и Miles Davis? Пазете, ни монтажа ни ништо. Само пуштање на две нивни песни истовремено. И си легнуваат перфектно, како босилек на патлиџан.